Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Во неколку разговори со правни лица добив одговор дека колективното живеење во стамбени згради повлекува одредени права и обврски. Тука станува збор за користење и плаќање на лифт, за чистачка за ходниците /скалите, за светло/сијалици во ходниците. Тука е и користењето на заедничката подстаница. Поединци може да одбиваат да плаќаат за споменативе работи со изговор дека не ги сакаат тие услуги но законски не се ослободуваат. И поради ова а и поради јасно напишаното (објавено во Сл.Весник) дека исклучените мораат да го плаќаат фиксниот дел ниту еден адвокат несака да застапува исклучен повикувајќи се на Уставот и Законот за облигационо односи. Ако тие одбиваат како јас со истиот аргумент да се појавам на суд?
Не знам кој се тие правни лица кој ти се консултирал не знам но јас нема да им плаќам на измамниците и крадците од Топлификација.
Вистина е дека живеам во зграда во која има повеќе станови. Во зградата има лифт има чистачка има заеднички инсталаци и јас сум делумно сопственик на сите тие инсталации. Плаќам за нивно одржување.
Но ако зградата има лифт, за кој плаќам одржување не значи дека мора да се возам со лифтот. Така е исто и со инсталацијата за затоплување. Таа постои... делумно е моја сопственост.... но не зачи дека јас морам задожително да ја користам. Посебно не сакам да користам услуги од арамиите од Топлификација. Ти зборуваш за некаква „ ангажирана моќност “. А што е тоа? Што е тоа што јас користам за да им платам?
 
Денес им ги вратив сметкиве на лоповиве од топлификација со приговор во кој пишав:
- температурата во мојот стан за време на грејната сезона е повисока за цели 2 степени од температурата на околните станови што значи дека јас ве грејам вас а не вие мене.
- не користам никаква услуга од вас ниту пак имам склучено било каков договор.
- цевките може кога сакате да дојдете и да си ги пренесете надвор.
- престанете да ми праќате нови сметки за услуги што ниту ги користам ниту сакам да ги користам!
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 22:05 ---
Предлагам сите да напишат ваков или сличен приговор и да им ги вратат сметките. Приговорот може да биде напишан рачно или искуцан тоа не менува ништо.
Шансите да се избориме за слобода од крадциве со тапија се поголеми доколку има што поголем број на приговори.
Приговарајте и борете се за своите права инаку ќе не молзат цел живот!
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 22:34 ---
Може да се испринтаат вакви приговори и да се залепат на надворешните врати на зградите како урнек за отпор против апашите!
Јас ќе залепам на мојата и околните загради, предлагам тоа и вие, кој колку може, во што поголем број да го направите затоа што ова што они го прават веќе не се трпи!
 
Денес, на страницата на Уставниот суд е објавено решението за не поведување постапка за правилата со кои е предвидено да им плаќаме на арамиите од Топлификација
Кој сака може да го погледа - за „ поминување на цевки “ е напишано на страна 19 и 90
Обавезно погледнете го Издвоеното мислење на Преседателот на Уставниот суд кое се наоѓа по 25 страна
Адресата на Уставниот суд е http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf
На левата страна одберете Одлуки и решенија и на пребарувачот од десната страна одчукајте 125/2012 ( тоа е број на решението)
 
Еве една латинска правна изрека со која сакам повторно да Ве подсетам да не им плаќате на измамниците од Топлификација. Ако сега им платите веројатно тешко ќе ги повратите парите.
Изреката гласи:
Подобро не плаќај, одколку платеното назад да го бараш.
Melius est non solvere, quam solutum repetere. (Pomponius).

Sextus Pomponius е правник од вториот век
 
Дневник јави дека Стамен Филипов поднел жалба до Уставниот суд. Насловот на написот е „ Уставните судии на поправен за парното “
http://dnevnik.mk/?ItemID=E7CE59339EBDDB4BBF310E6782FA0E4A

Веќе Ве известив дека и јас подготвувам жалба, затоа Ве молам да не им плаќате на измамниците и крадците од Топлификација. Јас мислам дека Уставните судии ќе „ паднат „ на поправниот
 
Да имаше правна држава во Македонија немаше да носи судот еднаш укинува и не мора да плаќаме,а потоа мора да плаќаме. Исто имаше одлука на Уставен дека плави картони за лечење мора да имаат сите неможе да се делат луѓето кој колку примања има тоа стои во УСТАВОТ . Меѓутоа направија иста работа како со парното една одлука двапати ја носеа различно.

Кога немаме институции немаме право да бараме идентитет, бидејќи ние сами го газиме 1ви, бидејќи идентитетот и државотворноста се огледа во институциите. Македонецот нема правна сигурност во својата држава. Повеќе има права додека е на одмор кај душманите во Грција,Србија,Бугарија... отколку дома кога престојува.
 
Топлификација А.Д. се занимава со други бизниси. За затоплување на Скопје се грижи компанијата Балкан Енерџи Груп !


Скопска Топлификација ќе ја крои гасификацијата на Македонија

24/06/2013 // Пред 2 часа // ИНФРАСТРУКТУРА // Коментирај
Gas-Flames-530x272.jpg

Владата детално ги прецизираше условите, кои компании можат да конкурираат на тендерот. Од понудувачите меѓу другото бараше да имаат најмалку 5 изработени студии за гасификација со слична содржина и обем во последните пет години, како и минимален вкупен годишен приход од речиси 5 милиони евра за последните три години, за секоја година поединечно.
Топлификација Инжинеринг ДООЕЛ Скопје во конзорциум со фирмите Градежен Институт од Македонија и Еврогаз од Бугарија ќе ја осмислуваат националната дистрибутивна гасоводна мрежа. Овој конзорциум победи на последниот тендер на Министерството за транспорт и врски за избор на фирма која ќе изготви Физибилити студија за развој на дистрибутивната гасовдна мрежа во земјава.
Со понудените околу 922.000 евра (56.695.000 денари) Топлификација Инжинеринг, Градежниот Институт и бугарски Еврогаз ќе треба да му испорачаат на Министерството за транспорт и врски студија, која ќе ги покаже условите за временска реализација на дистрибутивните гасоводи за определени региони или општини во Македонија, како и дефинирани приоритетни региони и општини за најбрза реализација на гасификацијата. Оваа физибилити студија треба да и послужи на Владата за да најде модел за идни финансирања на доградба на диструбитивниот систем (издавање под концесија, јавно привано партрество или други начини).
“Во тек е рокот за жалба на одлуката за избор на најповолна понуда. Согласно условите од тендерската документација, најповолниот понудувач ќе има обврска Физибилити студијата да ја изработи во рок од 8 месеци од денот на потпишување на договорот“, велат за Фактор од Министерството за транспорт и врски.
Што ќе содржи студијата за гасификација на Македонија?!
Конзорциумот на чело со компанијата за проектирање, инженеринг, трговија и транспорт – Топлификација Инжинеринг победи во конкуренција на 4 други фирми, откако на претходниот тендер за изработка на Физибилити студијата за развој на дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава неколкуте добиени понуди Министерството ги оцени како неприфатливи.
“Задача на Проектната програма е да се предвидат колку е можно подетално сите натамошни чекори за проектирање, инвестирање и изведба на дистрибутивните гасоводи. Потребна е анализа на регионалните услови за развој на дистрибутивната мрежа на гасоводниот систем од економски и технички аспект, анализа и предлог за начин на развој и доизградба на дистрибутивните мрежи на гасоводниот систем имајќи ги предвид законските, институционалните и политички услови во државата, како и да се испитаат можностите за поврзување на дистрибутивните гасоводи кон магистралните гасоводни правци кои се изведени, ќе се изведуваат или се проектирани кај нас, за согледив период од 20-30 години“, пишува во тендерската документација за проектот.
Владата детално ги прецизираше условите кои компании можат да конкурираат на тендерот. Од понудувачите бараше да имаат најмалку 5 изработени студии за гасификација со слична содржина и обем во последните 5 години (од кои најмалку 2 треба да се со меѓународно искуство), во последните 5 години да има искуство во проектирање на гасни инсталации (нископритисни гасоводи и гасни инсталации во индустрија), најмалку 10 проекти за што како доказ треба да достави потврди од нарачател за квалитетно извршени услуги. Исто така, од потенцијалниот изработувач на оваа студија Владата бараше и доказ дека во фирмата работат најмалку 10 вработени од кои најмалку 4 машински инженери со овластувања А за проектирање од област “машинство“, 4 архитекти со овластувања А за проектирање од област “градежништво“, еден дипломиран геодетски инжинер со овластување А за проектирање од област геодезија и еден инжинер со овластување А за противпожарна заштита. Како услов за учество беше и фирмата понудувач да има минимален вкупен годишен приход од речиси 5 милиони евра (300.000.000 денари) за последните 3 години, за секоја година поединечно.
 
На интернет страницата на Топлификација
http://www.toplif.com.mk/Tekstovi/info20130604.pdf
објави информација за акционерите на Македонската Берза

Од оваа информација ги издвојувам следниве факти:

1. Шесте погоре споменати фирми: Топлификација АД, Производство на топлина ДООЕЛ, Дистрибуција на
топлина ДООЕЛ, Снабдување Центар ДООЕЛ, Снабдување Запад ДООЕЛ и Снабдување Исток ДООЕЛ во
моментот имаат вкупно 18 вработени. Од тоа 7 се со договор на одредено време.
2.Трите фирми кои имаа лиценци за снабдување со топлинска енергија: Снабдување Исток ДООЕЛ,
Снабдување Запад ДООЕЛ и Снабдување Центар ДООЕЛ продолжија да работат на наплата на повеќе од
12 милиони евра побарувања од корисниците фактурирани од 01.01.2010 година до 31.12.2012 година
кога овие фирми имаа лиценци за вршење на регулираната дејност снабдување со топлинска енергија.
............
Сите се сеќавате на приказната за Али - Баба и 40 - те разбојници
Овие се 18 и имаат да си наплатуваат 12 милиони евра или по глава 12 милиони поделено со 18 = 666 илјади евра секој од нив. Ако ги избркаат седумте работници кои се вработени на одредено време секој си има по еден милион евра.
Ама тоа не е се....
Имаат уште 12 милиони евра постари долгови за наплата
Има уште
Ја тужат Македонија и барат 15 милиони евра оштета бидејќи не им биле одобрени уште повисоки цени
Има уште,
На овие долгови ќе барат камати
Има уште
БЕГ секоја година треба да им исплати по еден милион евра
Има уште, ама доста е и оволку
Со еден збор се обезбедиле за илјада години.
 
Има уште . ТЕ - ТО вреди од 200 до 300 милиони евра а Топлификација АД е сопственик со 20%.
Инаку тие вработени што ги напиша си работат за плата , а сопственици на овие камати , проценти , наплати , кирии се 2700 акционери од Топлификација А.Д. Твојата тема е започната со зборовите " на интернет страницата на скопска Топлификација го најдов ова , она ...." , а истите зборови се и во последниот пост. Значи напредок никаков . Се вртиш во круг . Или те вртат ? Само завист , навреди , простаклук , квантитет , а квалитет и резултати нигде . Фирмите од Топлификација ќе си постојат додека не ги наплатат долговите а фирмата го топлеше Скопје уште од 1965 година . И самата свесна за високите сметки на потрошувачите сама се откажа од бизнисот бидејќи со мазут толку беше есапот и се занимава со нови бизниси како што е гасификација . Сега позади Балкан Енерџи Груп стојат Мијалков и Камчев а фирмата исто како и ТЕ -ТО , Кардикор е сопственост на Синтез од Леонид Лебедев. Истите вас што ве искористија да се исклучувате и да пишувате против Топлификација АД сега ве тераат да се уклучувате за да се спаси системот . А како ? Па ќе почнат со присилна наплата од трансакциски сметки . А дали и самите веруваат во системот кога ги исклучуваат школите , градинките итн . итн? Не . Гасификација е иднина во градот и државата .Новите згради во Аеродром ( турските кули ) веќе ги прават со котли на гас . Но државата во енергетиката има инвестиции во износ од нула денари. Ако има нешто да се украде , испере добро ако не ветувај само пред избори . Има и дела , ама делата носат профити , како возење со жичара за 100 денари , новите автобуси на ЈСП од 35 денари , ќирија од триумфална порта од 10 000 евра месчно, шанкови во Охрид со закуп од 10 000 евра , зони за паркирање низ цел град итн итн .
Има некој направен автопат ? Некоја термоцентрала на јаглен ете нека биде ? Нели во Мариово и во Крушево имало неисцрпни наоѓалишта на јаглен ? А тие од Битола до Кичево носат секој ден по 2000 тони јаглен за да работи и ТЕЦ Осломеј . Договорот за Јужен Тек го потпишаа изминатата недела ? Не . Никој не ги ферма . Ете толку се влијателни во светот и во политиката и во енергетиката .Уште ќе треба и Србија да ја молат да се смилува ако сака еден крак да пушти. Гасификационата карта на Европа си ја видел ? Секаде системи само кај нас празно . Жими една линија од Крива Паланка до Скопје .Катар , Субрата Рој , да не ги спомнувам , има некој што инвестирал нешто во Македонија ? Никој ! Седум години им ги тинтраат, ги шетаат низ Македонија и никој ништо не инвестирал .Освен оној Гришко, папучи за балет и толку . Мадерсон груп се сотраа од сликање и тој денар не вложи , така си стои плацот. Џонсон Контрол Гуштеров ги донесе колку се сеќавам ама тие се сотраа од фалење . За 7 години власт . Тие се делата од зголемено плаќање даноци , од високи сметки за струја , од арач за зони за паркирање , од издавање на спортски сали , од едно евро квадрат и од други измислени давачки . Помаштовити за да ни ги соберат парите немало до сега. И светската криза ја истераа така .
А со Топлификација полека и ти ќе си ја смениш темата . Ќе легнеш на брашното .Инаку правилата се исти за сите оператори па така и за Топлификација за 2,5 месеци. Од Октомври почнува новата грејна сезона . Новиот оператор вети подолго затоплување , пониски сметки , изградба на ТЕ ТО 2 ,Чебрен и Галиште и уште многу приказни за мали деца . Балкан Енерџи Груп ќе опашува на голо . Еве сега имаат време да се организираат , да се позиционираат .Сите поплаки за вреловоди , калориметри , дефекти , сега кај нив треба да се обраќаме .За намалувањето од 5 % на струјата и одложувањето на либерализацијата на електрична енергија да не пишуваме .Жално . Со ваква поволна хидрологија како оваа година , со вака ефтина струја во регионот дури и до 35 еур за мегават час ние плаќаме 130 евра . И уште со намалување од 5 % треба да сме благодарни . А со Топлификација тоа е вистината . Ве искористија да пишувате да се силите , исклучувате , навредувате , ги пуштија и Латас , Јанко , Миленко , Ивонче да јадат ..... и сега тие се газди. Можеби некој се чувствува искористен што ќе мора да плаќа како исклучен ? Жално ама вистина . Ко ќе стегне зимоска - 15 степени Целзиусови ќе се слушаме на интернет кој по гаќи , кој под јорган, кој ќе нема време да пишува постови пошто ќе дреме во подрум да ложи парно и да чека новости на страната на Топлификација !
 

Што ни е нас гајле за сите овие срања што ги изнапиша? Сметките нас за греење ни беа големи, греењето беше лошо и се откажавме од него.
Сега сакаат да ни наплаќаат за нешто што некористиме да не рекетираат.
Тоа нема да им го дозволиме.
Нема да им плаќаме на рекетарите!
 
Што ми е мене гајле па за твојте ебени сметки што не ги плаќаш ?
Наместо да ги собереш сите искористени потрошувачи па да ги организираш во одбрана од Балкан Енерџи Груп -рекетарите , ти се претставуваш со вас . Кој сте тоа вас , ентузијаст за мрчење по форуми ? Наместо на твоите деца да им оставиш стан со подмирени трошоци , ти си бил јак што не си плаќал сметки . Јак штик .Се исклучил од парно а плаќал струја во зима 10 000 ? Сите во оваа држава платиле порано или подоцна , вака или онака а ти дупло . На такви како тебе што не знаат ни кај да се обратат ќе ти го конфискуваат и станот . И уште благодарен ќе им бидеш.
Уосталом ходај мали , само лагано .
 
Што ми е мене гајле па за твојте ебени сметки што не ги плаќаш ?
Наместо да ги собереш сите искористени потрошувачи па да ги организираш во одбрана од Балкан Енерџи Груп -рекетарите , ти се претставуваш со вас . Кој сте тоа вас , ентузијаст за мрчење по форуми ? Наместо на твоите деца да им оставиш стан со подмирени трошоци , ти си бил јак што не си плаќал сметки . Јак штик .Се исклучил од парно а плаќал струја во зима 10 000 ? Сите во оваа држава платиле порано или подоцна , вака или онака а ти дупло . На такви како тебе што не знаат ни кај да се обратат ќе ти го конфискуваат и станот . И уште благодарен ќе им бидеш.
Уосталом ходај мали , само лагано .

Вие сте лопови, вака може мали деца да лажете и да плашите, од нас пари не добивате ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom