Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Продолжение на # 926 на страна 62
За да се објасни зошто Јавната власт ја толерира и штити Топлификација, иако е очигледо дека се извршени кривични дела, најдов две можни објаснувања. Тие се дека: (а) Јавната власт не знае што се крие зад случајот Топлификација и (б) добро знае што представува Топлификација, но не превзема мерки бидејќи тоа ќе има големи негативни последици за Македонија.
Сега ќе ги образложам овие две можни објаснувања.
(а) Едно од можните објаснувања е незнаењето на нашите политичари.
Нашите политичари многу пати покажале дека немаат поим што стварно се случува. Ќе објаснам со пример:
Во предизборната кампања за време на минатите локални избори речиси сите кандидадити за градоначалници ветуваа „ брза “ гасификација во своите општини. Некои дури и изградиле локални гасоводи, а како не постои главна гасоводна мрежа низ Македонија, планираат со цистерни да носат гас од Бугарија. И сите тврдеа дека гасот е ефтино гориво, ама ете поради лошото (не)работење на конкурентскиот кандидат на граѓаните им е ускртен гасот, а тие штом ќе станат градоначалници ќе го поправат тоа.
И тоа го тврдеа, како кај нас се вели, со „ сиот памет “
На такви не вреди да им објаснуваш дека метанот не може да се втечни и дека економски не е исплативо компримираниот метан да се транспортира со цистерни, ниту пак компримираниот метан представува ефтино гориво, се работи за племенито и скапо гориво.
Локалните избори завршија и престана овој галиматијас со гасот. Но остана впечатокот дека нашиве политичари немаат поим за што се работи. Едноставно еден ќе спомне гас и сите како јато гуски ќе почнат да гракаат, гас, гас, гас....
Можно е и во случајат на Топлификација слично да се однесуваат. Слушнале дека струјата добиена од гас ќе биде ефтина, слушнале дека ќе има когенеративно искористување на гасот, слушнале за Карноовиот циклус.... И врз на ова веруваат во лагите на Топлификација:
Топлификација со години ја пласира следнава лага: „ Помина врмето на ефината енергија, сега енергијата е скапа “. Тоа е лага... Никогаш порано енергијата не била поефтина од колку што е денес. Никогаш порано, Човечкиот род не би опремен со помоќни дупчалки кои можат да дучат и на суво и под море, илјадници метри длабоко во земјата, барајќи нафта или гас и поминувајќи низ најтврдите карпи како низ сирење. Никогаш порано не постоеле по моќни рото-багери или комбајни за јаглен кои копаат по десетици тони јаглен во една секунда. Никогаш порано немало поголеми бродови, поголеми нафтоводи и гасоводи за да тоа гориво се пренесе до купувачите и тн.
Конкретно за случајов на исклучените, Топлификација пласира друга лага. Таа вели: денес струјата е многу скапа и ја нема. Зимно време се троши многу повеќе струја од колку што се троши во лето. Во зима е неопходно да се растерети електо системот и затоа граѓаните мора да се присилат да го користат парното на Топлификација. И еве, Топлификација го изградила ТЕ – ТО кое когенеративно го искористува гасот и на тој начин ќе се добие ефтина струја и ефтино затоплување и сите ќе бидат среќни и весели ако Топлификација продолжи да ги затоплува.
Ама и кај ова тврдењеТоплификација пласира повеќе невистини.
Топлификација затоплува помалку од 0,5%, од бројот на сите станови во Македонија и ништо нема да се смени ако Топлификација престане да затоплува. Зимно време е поголема потрошувачката на струја во сите земји, а тоа се должи не само на потребите за затоплување туку и за осветлување, зголемено производство, работењето на школите и тн.
Следна лага е дека струјата од увоз е посебно скапа. Струја лесно може да се увезе по цена од 50 US$/MWh, често и по пониска цена. Истовремено прикриваат дека гасот, кој е исто од увоз, има повисока цена сметано по еден MWh. Гасот во моментов чини 495 US$ за илјада нормални метри кубни, но минатата зима во еден период чинеше 580 US$. Еден метар кубен гас има 10 КWh енергија. Значи цената на енергијата од увозниот гас е од 49,5 до 58 US$/MWh, односно енергијата од гасот е повисока од енергијата од увозната струја.
И тврдењето дека ТЕ – ТО е вистинска когенеративна централа е лага. Вистинска когенеративна централа која има моќност од 200 MW струја има моќност од барем 400 MW за затоплување. Со 400 MW, можат да се затоплуваат барем 120 до 150 илјади станови. Толку станови нема во цело Скопје . А топлината од котларниците не може да се пренесува на поголеми далечини од неколку километри, што значи од ТЕ – ТО можат да се затоплуваат најмногу десетина илјади станови во населбите Аеродром, Ново Лисиче, Центар и Автокоманда, кој се блиску до ТЕ - ТО
Лага е дека ТЕ – ТО ќе произведува ефтина струја. Струјата од ТЕ - ТО ќе чини од 120 до 150 US$/MWh. Покажавме дека од ТЕ – ТО можат да се затоплуваат само десетрина илјади станови кој се наоѓаат во бизина на ТЕ – ТО. А тоа значи дека когенерација практично не постои, односно ТЕ – ТО е обична кондензациона електрана и трошковите на гасот ќе влезат во цената на струјата. А по таа цена струјата произведена во ТЕ – ТО нема да најде купувач.
Што е најстрашно, никој не пресметал колку ќе чини еден час работа на ТЕ – ТО. ТЕ – ТО нема технички можности да го менува капацитетот, ниту да прави прекини во работата. Во периодите кога работи тој ќе троши исто количество гас секој час. За еден час работа ТЕ – ТО троши 57 илјади нормални метри гас а тоа, со сегашните цени, месечно ќе чини:
495 дол. * 57 илјади м3 * 24 часа * 30 дена = 20 314 800 US$/за еден месец работа на ТЕ – ТО
За 6 месеци работење на ТЕ - ТО, само за гас ќе треба да се платат 120 милиони US$. А дали некој прашал од каде Скопјани ќе најдат толку долари секој месец. Ако Скопје има 600 илјади жители, секој од нас треба да плати месечно по 33 US$ за да се соберат ови 20 милиони долари месечно за гасот што ТЕ – ТО ќе го троши ( секој од нас треба толку да плати – секој, од бебињата во породилно, до старците на геријатриска нега )
Да ја разгледаме сега варијантат (б) – Јавната власт добро знае што представува Топлификација и ТЕ - ТО, но не превзема мерки бидејќи тоа ќе има големи негативни последици за Македонија.
Покажавме дека во дејствувањето на Топлификација е сторено барем едно кривично дело, за које постојат очигледни докази – остварување на несразмерна имотна корист опишано во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Но тоа не е единствено кривично дело кое го сторија „ визионерите “ од Топлификација, има и други дела за кои би можеле да се гонат, но доволно е и ова едно. Но Јавната власт не ги гони и не само тоа, го исполнува секое барање на Топлификација. Одлуката исклучените да и плаќаат на Топлификација ја донесе Регулаторната комисија, но на барање на Топлификација. И Јавната власт се согласи тоа да го направи и покрај тоа што Уставниот суд во 2009 година донесе одлука исклучените да не плаќаат. Еве сега Уставниот суд молчи десет месеци. А како што веќе кажав во јуни 2012 се слушнаа гласини дека пред Уставниот суд „ поминала “ одлуката исклучените да плаќаат, односно дека работава е „ наредена.“ И веројатно сега Уставниот суд чека да почне сезоната на годишни одмори, па да ја потврди одлуката на Регулаторна.
И сега се прашуваме, зошто Јавната власт ја штити Топлификација и ги остварува сите нејзини желби?
Еве го моето видување на ова:
Воопшто не е проблем да се започне кривична постапка против „ визионерите “ од Топлификација. Постојат очигледни докази и секој суд ќе ги осуди за сторените кривични дела. Таа судска пресуда ќе содржи и одредба Топлификација да ја надомести противправно остварената имотна корист, која е остварена со вршењето на кривичното дело. А тоа значи дека ќе се конфискува имотот на Топлификација.
Имот на Топлификација е дел од ТЕ – ТО. ТЕ – ТО е промашена мегаломанска инвестиција која нема било какви изгледи некогаш да работи, а има долгови од 120 милиони евра главница. Дел од тие пари се позајмени од наши банки од страна на Топлификација ( околу 20 милиони евра). Поголемиот дел ( околу 100 милиони евра) од кредитот се пари кои рускиот партнер во изградбата на ТЕ – ТО, го земал од германска банка, но гаранција за тој кредит дала наша банка. Што значи ако ТЕ – ТО пропадне, Рускиот партнер нема да сака да ги врати парите на Германците и овие пари ќе треба да ги врати Македонија.
Од друга страна и корисниците на услугите затоплување на Топлификација ќе бараат надомест на штетата предизвикана со вршењето на кривични дела. Топлификација од нив остварила противправна имотна корист и тие имаат право да бараат надомест на штетата.
Трета оштетена страна се акционерите на Топлификација. Топлификација има 450 илјади акции кои се сопственост на 2700 акционери. Секоја од тие акции денес чини околу 1500 денари, но акционерите своевремено ги купуваа по многу повисока цена. И многу е веројатно дека, во случај на конфискација на имотот на Топлификација и тие да бараат оштета.
Можеме да процениме, дека во случај на конфискација на имотот на Топлификација вкупните обврски на Македонија ќе изнесуваат околу 150 милиони евра.
Според мое мислење ова е причината зошто Јавната власт ја толерира Топлификација.
Вие можете сами да процените која од варијантите (а) или (б) е поверојатна како објаснување на постапките на Јавната власт.
Oва беше последно продолжение.....
 
Редот за чекање за набавка на турбини за производство на електрична енергија беше 7 години од Алстом . Што значи ако сакаш да градиш гасна централа не единствен услов пари да имаш треба и време да имаш. Отука било кој тешко ке се отаже од овој проект.

Дополнително ТПЛФ ТЕТО го финансираше со продажба на сопствените акции од Комерцијална банка.

Дополнително интересно е како Србија откупи од ТЕТО струја по 150е мг кога беше пикот на кризата минатата година. Државата интервенираше со забрана за извоз , противправно ги тераше дома струјата да ја продаваат колку што памтам. Тешко дека во МК би се продавала оваа струја.
Топлификација џавка само да се продаде подобро. Не верувам дека со проекти од 2 милиарди долари, Синтезиз ке се зеза со ТПЛФ и акционерите за 50-60 мил. евра од кои 22е само нивни долг, тоа е веќе завршена работа, него што ке правиме после кога од нив и парно и струја ке треба да молиме. Тешко странски инвеститор крив да испадне, колку што ЕВН ја притиснаа толку и овие.
 
Следната среда, на 22. 05. 2013 Уставниот суд ќе ги разгледа Правилата според кои се забранува понатамошно исклучување, а исклучените се присилуваат да им плаќаат на крвопиите од Топлификација.
http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf
Еве како гласи точката 3 од дневниот ред:
3. Правила за снабдување со топлинска енергија (”Службен весник на Република Македонија” број 97/2012) во целина, и посебно: член 9 ставовите 2 и 4, член 13, член 18, член 53, член 54, член 55 став 1 и член 66.
Реферат У.бр.125/2012
Ние долго го очекуваме мислењето на Уставниот суд за овие Правила. Ќе видиме што Судот ќе одлучи.
 
Имаше повеќе учесници кои тврдеа дека Миленко, Јанко, Ивона и други ја напаѓале Топлификација. Деновиве се случи такво нешто и еве како тоа изгледа
Во саботата Вечер објави дека извршители и катастар влегле во Топланата Исток
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C2CA4A9FF01A1F4A9E710733BB67EED5
А на страната на Топлификација е објавена деманти, во кој стои дека ќе ги тужат новинарите Еве погледајте
http://toplif.com.mk/Tekstovi/sitel20130517.pdf
Мене ми е ова дури и смешно
Топлификација ги опљачка Скопјани.
И наместо, да ги изведат пред лицето на правдата, во Топлификација праќаат катастар
Па Топлификација уште ќе ги тужи новинарите што извесиле за доаѓањето на катастарот, наводно им се намалувал угледот.
 
Стискаме палци да ги укинат глупите и апашки одредби во законот.

На било што друго да се грееш е поефтино отколку на парно.
 
Како што веќе напишав, утре Уставниот суд ќе ги разгледува Правилата според кои исклучените треба да им плаќаат на крвопиите од Топлификација.
За ова јави и Дневник:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0F708315E877444DAC1C943F8C5CDF20
Морам да Ви признам дека сум нервозен во очекување што Судот ќе одлучи
За нас се битни членовите 53 и 66 од правилата. Според членот 53 тие што сакат во иднина да се исклучат треба да добијат согласност од сите комшии и да плаќаат . А според членот 66, порано исклучените се присилуваат да повторно се приклучат или ист да плаќаат.
Утре Уставниот суд треба да реши дали ќе поведе постапка или ќе ги отфли иницијативите. Што ќе реши ќе знаеме утре попладне.
Сега за мојата нервоза.
Ако Судот ги прифати иницијативите и поведе постапка тоа ќе биде крај на нашите маки. Ова тема е отворена март 2012, кога се разбра што крвопиите од Топлификација палнираат и од тогаш сите се бориме со сите можни средства. Учествувавме во Протестите АМАН и правевме други работи.
Но ако Судот не поведе постапка...
Сигурно многумина ќе се одкажат и ќе им плаќаат на измамниците и крадците од Топлификација
Но јас сигурно нема да се предадам. Ќе чекам што ќе одлучат Стразбур и Женева, Ќе се борам пред редовните судови, ќе напишам нови иницијативи до Уставен, ако најдам истомисленици повторно ќе протестирам и тн
Никогаш нема да се предадам. Бидејќи ако се предадам ќе престанам да бидам човек. Ниту еден човек нема да се согласи свесно да им плаќа на измамници и крадци. Јас на овие страници многу пати напишав и дадов докази дека мерењето на Топлификација е измама и грабеж и затоа ќе се борам до крај: Се разбира дека ќе Ве повикам заедно да се бориме до Победата
Еве како Черчил на 4 јуни 1940 повикал на отпор до победа:
we shall fight on the beaches, we shall fight on the landing grounds, we shall fight in the fields and in the streets, we shall fight in the hills; we shall never surrender
 
Како што веќе напишав, утре Уставниот суд ќе ги разгледува Правилата според кои исклучените треба да им плаќаат на крвопиите од Топлификација.Морам да Ви признам дека сум нервозен во очекување што Судот ќе одлучи
За нас се битни членовите 53 и 66 од правилата. Според членот 53 тие што сакат во иднина да се исклучат треба да добијат согласност од сите комшии и да плаќаат . А според членот 66, порано исклучените се присилуваат да повторно се приклучат или ист да плаќаат.
Утре Уставниот суд треба да реши дали ќе поведе постапка или ќе ги отфли иницијативите. Што ќе реши ќе знаеме утре попладне.
Сега за мојата нервоза.
Ако Судот ги прифати иницијативите и поведе постапка тоа ќе биде крај на нашите маки. Ова тема е отворена март 2012, кога се разбра што крвопиите од Топлификација панираат и од тогаш сите се бориме со сите можни средства. Учествувавме во Протестите АМАН и правевме други работи.

Илирииии, брате Смрт!

Само да додадам: ова не е почеток, ова не е ни крај. ова е крај на почетокот!
 
Ова ме потсети на книшката на Иван Цанкар „Слугата Јернеј и Неговото Право“ си ја читал на времето? Лектира беше...
 
Илирииии, брате Смрт!

Само да додадам: ова не е почеток, ова не е ни крај. ова е крај на почетокот!
Дали на овој цитат на Черчил мислеше?:
Now this is not the end. It is not even the beginning of the end. But it is, perhaps, the end of the beginning.
Ова ме потсети на книшката на Иван Цанкар „Слугата Јернеј и Неговото Право“ си ја читал на времето? Лектира беше...

Секако дека сум го читал Иван Цанкар? Но мислам дека сега не е во лектирите за основно школо.
Темата на расказот Слугата Јернеј и неговото право е нешто сосема друго, така да конкретно не ми е инспирација. Конкретно за случајов повеќе ме инспирираат други книги.
Сепак драго ми е што ти си го прочитал расказот од Цанкар
 
Дали на овој цитат на Черчил мислеше?:
Now this is not the end. It is not even the beginning of the end. But it is, perhaps, the end of the beginning.

р
каков Черчил бе, ја сакав да напишам Топлификациски манифест, па да ги повикаме сите браќа Турци, Арнаути и Еѓупци на општонародно востание.
 
Само сто кажаа на канал 5 дека мајмуниве од уставен не ја подржале иницијативата демек сепак поминувале цефки и одавале топлина :tapp:( а кај тие што не поминуваат цефки нема везе и тие заедно) и требало да плакаат, се поодвратна ми станува земјава за живеење, земја каде што имаш "независно судство"
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=7757
 
И во Утрински е известено за одлуката на уставен ( намерно со мала буква )
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C25021B0E812A1439495C21BA22D089F
Погледнете сосема на дното на страницата има коментар на читател кој гласи:
Mark, 22.05.2013 16:14:42
Jasno bese deka Ustaven ke presudi vaka sega koga greenjeto na Skopje go prezede temnata grupacija Balkan Energy Group - navodno *Ruska* ama so ucestvo na ovdesni (naj)mokjni *Rusi*! Sega *eden glaven urednik* na *edna nacionalna televizija* nema da lae kako besen pes deka *gragjanite se ograbeni* kako sto toa go pravese protiv Toplifikacija! Site znaat zosto i ZA KOGO go pravese i seuste go pravi toa - ama ova moze da izleze svinjarija uste pogolema i od TAT!
 
Брате Смрт, системот не изневери. Време е да се одметнеме во гора, а таман еве и пролет дојде, адекватно доба за ајдутлак.
 
.....сеуште имаме крв за цицање....штом никој не се буни....
......крајно време е да ги послушаме педериве од југ и да го смениме името на државата во Трпанистан, а секој нејзин жител одма да се прекрсти во Трпе или Трајко (Трпана или Трајанка)...мислам дека по летаргичен народ не постои

Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.

Денови ли се – денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –

ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom