Топ 10 gaming мауси

  • Креатор на темата Креатор на темата ControleR
  • Време на започнување Време на започнување
У главном неќу лесен маус. Кога ќе налетам на некој таков ми иде да го рокнам од ѕид.
 
Разер никогаш не направиле квалитет за сериозно да се доближат до логитек мада се добри.Сепак подобар маус од Г5 нема кратко и јасно
мада и другите од Г серијата се добри.Оваа листа би ја нарекол во
најмала рака врска немање :pos2: дизајн> квалитет? не би рекол!

Ај сега не заебавај и ти...
Кога се работи за гејминг маус...
Имаш две опции ... или разер или лоџитек...овие вториве се поекспонирани, разер е далекууууу помала фирма....и според мене немаат промашен производ....
 
Види никој не рече дека се лоша фирма али не можат со логитек :nenene:
колку и да прават добар дизајн и слично кога ке го фатиш маусот
ти станува све јасно :wink:
 
^Па и не би рекол....
Ако мене ме прашуваш лоџитек е преисфорсирана кај нас бидејки нема друг избор...
Ги имам пробано скоро сите од лоџитек, а имам и razer deathadder дома...
Разлики спектакуларни нема...
 
2. Razer Deathadder

1800dpi инфраред сензор | 5 програмабилни копчиња | 5 копчиња за профили | Нагодување на осетливост | Десно-раки

Полека се доближуваме до врвот. На едно скалило до врвот доаѓаме до добро познатиот Razer Deathadder. Слично на MX518, овој маус претставува универзален производ за сите типови на играчи. Победувајќи ја конкуренцијата овој маус располага со одличен 1800dpi инфраред сензор, 5 програмабилни копчиња и екстремно ергономичен облик. Закривениот заден дел на маусот го прави поудобен од конкуренцијата. ОДЛИЧЕН ДИЗАЈН.

Шо викате за овај? Добар е за игри?
Некако овај ми е најубав, а и мислам би требало да ми лежит за на рака...

Едит: И колку пари е (од прилика де :D)?
 
Направив исправка на листата по мое лично барање и по постот на Аце_елемент. Инаку MX Revolution е за нигде, не лежи добро у рака и рикнува за 3-4 месеци.
 
Направив исправка на листата по мое лично барање и по постот на Аце_елемент. Инаку MX Revolution е за нигде, не лежи добро у рака и рикнува за 3-4 месеци.

Ајде бе ќе се заебаваме сега, Интели на прво место.

Сум имал, сум користел - дури и мх510ката е 15 пати поквалитетна.
За каков топ збориме овде - топ за МК пазар?

Топ за луѓето без пари?
 
Logitech G9, сега го користам и Одличен е!
 
Реков и ке речам пак Logitech G5 крај на програмата и дизајн
и прецизност,за лежење не ни зборам :helou:
 
Ајде бе ќе се заебаваме сега, Интели на прво место.

Сум имал, сум користел - дури и мх510ката е 15 пати поквалитетна.
За каков топ збориме овде - топ за МК пазар?

Топ за луѓето без пари?


Јас MX510 го заменив со intelli 3, не дупи сеа, глуфчето е стварно квалитет.
 
Направив исправка на листата по мое лично барање и по постот на Аце_елемент. Инаку MX Revolution е за нигде, не лежи добро у рака и рикнува за 3-4 месеци.

Не знам каква рака имаш друже, поприродно рака не ми легнала на ништо друго (со исклучок на одредени делови од женското тело).
Али ај батли тоа, објасни ми како го користам година дена, чим рикнува за 3-4 месеци?
 
Мислам дека Logitech има опција за ако не ти лежат убаво стандарните маски, да ти направат нова, по твои спецификации. Мислам дека ова важи за G5,G9 и G9x (секако со дообра доплата )
 
Шо викате за овај? Добар е за игри?
Некако овај ми е најубав, а и мислам би требало да ми лежит за на рака...

Едит: И колку пари е (од прилика де :D)?

маусот ти е супер само малце ти е скап 3600 денари во инсомниа имаш
 
глупости, кај може интели 3.0 да биде пред мх518 ?
не може ни да се споредуват а камоли пред него да е
интели 1.1 ми лежи подобро на раката отколку 3.0
али мх518 со сигурност е најдобар за користење
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom