10. Steelseries World Of Warcraft
3200dpi | 15 програмабилни копчиња | 10 копчиња за профили | Лево-раки и Десно-раки
Овој маус специјализиран за WoW изгледа многу добро. Има ласерски сензор од 3200dpi, но она што го прави специјален е тоа што има дури 15 програмабилни копчиња. Можете да креирате до 10 профили (1 по карактер) и секој со уникатно осветлување на лед диодата. Многуте комбинации го прават овој маус идеален за MMORPG играчите но не и за играчите на FPS игрите. Овој маус сигурно не е најдобар но вреди да се земе во предвид доколку сакате да користите многу копчиња.
9. Razer Lachesis
4000dpi ласерски сензор | 9 програмабилни копчиња | 5 копчиња за профили | Нагодување на осетливост | Лево-раки и Десно-раки
Razer Lachesis сеуште важи за еден од маусите со највисок dpi рејтинг моментно, со хај тек ласерски сензор од 4000dpi. Тој исто така има 9 програмабилни копчиња и 5 профили кои можат да бидат меморирани во внатрешната меморија и менувани во текот на користењето. На ова би го додале и одличното прилагодување на дизајнот и за левораките играчи, како и одличниот светлечки ефект. Прашањето е дали навистина ви треба толку висок dpi?
8. Logitech G5
2000dpi ласерски сензор | 7 копчиња | Нагодување на тежина | Нагодување на осетливост | Десно-раки
G5 е веќе стар дизајн, но до неодамна тој беше сметан за најдобар од страна на многу гејмери. Тој е комфорен и добро направен, а фиоката за додавање тежина може да поднесе до 36 грамови дополнителна тежина зависно од потребите на гејмерите. Цената не е премногу голема, па доколку имате поплиток џеб овој маус може да е вистинскиот избор за Вас
6. Logitech G7
2000dpi | 8 програмабилни копчиња | Wireless | Нагодување на осетливост | Десно-раки
Безжичен маус со 2000dpi кој на излегувањето претставуваше вистински хит. Logitech G7 е првиот маус кој докажа дека безжичната технологија е доволно развиена за да направи маус без значително доцнење при играњето. Перформансите на овој маус неодамна беа надминати од Microsoft Sidewinder X8 и Razer Mamba. Наместо полнач, овој маус е напојуван од стандардни Li-ion батерии.
6. Microsoft Sidewinder
2000dpi ласерски сензор | 9 копчиња (5 програмабилни) | Нагодување на осетливост | Нагодување на тежина | Десно-раки
Првиот од серијата Microsoft Sidewinder е сеуште најдобар (не сметајќи на безжичниот X8). Има мноштво можности, вклучувајќи нагодување на тежината, dpi копчиња со LCD дисплеј и макро снимање во текот на играњето. Пакувањето вклучува и различни лизгачи зависно од типот на играчот, кои одат заедно со теговите за нагодување на тежината. Ова е добар продукт за парите. Но сепак, ќе ви треба време да ги навикнете оние странични копчиња.
5. Roccat Kone
3200dpi ласерски сензор | 10 копчиња (8 програмабилни) | 5 копчиња за профили | Нагодување на тежина | Нагодувачки бои за LED диодите | Десно-раки
Ова е стилизиран маус со LED диоди кои ја менуваат бојата. Roccat Kone е полн со можности вклучувајќи одличен 3200dpi сензор, фиока за нагодување на тежината, програмабилни копчиња и одличен софтвер. Секој од петте LED диоди може да има различна боја, со еден збор одлично прилагодлив маус. Со оглед на големината, не е наменет за играчи со мала рака, но пред се комфорен во секој аспект. Ова е без сомнежи, еден од најдобрите гејминг мауси во моментов.
4. Cyber Snipa Stinger
3200dpi | 9 копчиња (6 програмабилни) | 3 копчиња за профили | Нагодување на тежина | Десно-раки
Cyber Snipa Stinger е одличен избор доколку сакате осетливост од 3200dpi за ниска цена. Цената е можеби ниска, но тоа не значи дека овој производ нема многу опции. Шестте програмабилни копчиња и трите копчиња за профили дозволуваат креирање на 18 макроа кои можат да бидат меморирани во маусот. Во него има простор да се додадат 7 тегови овозможувајќи да се додаде дополнителна тежина од 140g, а индикатор за моментната осетливост на маусот е скрол копчето кое свети различно зависно од нагодената сензитивност.
3. Logitech MX518
1800dpi оптички сензор | 8 програмабилни копчиња | Нагодување на осетливост | Десно-раки
Стариот но добар дизајн, сеуште ја држи својата популарност. Logitech MX518 поседува 8 копчиња, дозволувајќи контролата на тастатурата да биде префрлена на маусот. Овој модел е цврсто направен, многу издржлив и претставува одличен залак за цената. Можеби ја нема технологијата на сензорот од новите мауси, но сепак е доволен за повеќето од гејмерите на кои не им значи премногу осетливоста. Стар, но проверен и отпорен на агресивно играње.
2. Razer Deathadder
1800dpi инфраред сензор | 5 програмабилни копчиња | 5 копчиња за профили | Нагодување на осетливост | Десно-раки
Полека се доближуваме до врвот. На едно скалило до врвот доаѓаме до добро познатиот Razer Deathadder. Слично на MX518, овој маус претставува универзален производ за сите типови на играчи. Победувајќи ја конкуренцијата овој маус располага со одличен 1800dpi инфраред сензор, 5 програмабилни копчиња и екстремно ергономичен облик. Закривениот заден дел на маусот го прави поудобен од конкуренцијата. ОДЛИЧЕН ДИЗАЈН.
1. Microsoft Intellimouse Explorer 3.0