Тони Зен во салата Борис Трајковски - 18.03.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Опуштено љубави
спушти се ниско....
.....

Обавезно ќе одам на Тони Зен...Ма ги обожавам песните.........ќе рапувам сигурно....
мора малку потинејџерски да се понашам:party2:
 
Со тоа што ја представи Македонија на најдобар начин на Срвајвор треба да му се направи (како што кажува тој) Респект на 18.03.2010. Нешто што барем му го должиме:)
 
Ојте, незнајте како јако ќе си помините. Ко беше во Парк (Охрид), атмосфера напрај ептен јака, а не сум некој фан на Тонка. Сакам да кажам, најако си поминав, а тоа е најважно на крајот на денот, нели?
 
Со тоа што ја представи Македонија на најдобар начин на Срвајвор треба да му се направи (како што кажува тој) Респект на 18.03.2010. Нешто што барем му го должиме:)
Couldn't agree more...
 
Во продажба билетите за Тони Зен

Од оваа сабота (5. февруари) Симплисити продукција ќе ги пушти во продажба влезниците за спектакуларниот концерт на Тони Зен, кој ќе се случи на 18-ти март (петок) во Спортскиот центар Борис Трајковски.

Влезниците ќе можете да ги набавите на сите продажни места на www.kupikartizase.com, а нивната цена прогресивно ќе се зголемува.

Така, првите десет дена од продажбата, влезниците за концертот ќе бидат по специјална цена од 200 денари, а потоа од 15. февруари до 5. март - 300 денари.

Последните две недели, до самиот концерт на 18-ти март, влезниците ќе можете да ги набавите за 400 денари.
 
Билети купени......I`m there :)
 
Денеска во конгресниот центар на СЦ „Борис Трајковски“ се одржа прес-конференција на која беа откриени повеќе детали околу претстојниот концерт на хип-хоп артистот Тони Зен.



„Она што ќе се случува на 18-ти март ќе го паметат сите оние кои ќе купат карта за концертот на Тони Зен, насловен Суперзен. Знаеме дека нема да Ве остави рамнодушен ниту Тони , ниту пак ќе останете рамнодушни на сите гости кои ќе присуствуваат таму.



Од Белград, специјално за концертот, ќе допатуваат уште четворица преживеани: Гоца Тржањ, Катарина Вукелиќ, Марко Булат и Јелена Мркиќ .



На сцената ќе се појават и Слаткар, Токсикологија, dj Чваре, Скип Скитира и хип-хоперите од Србија Struka& Lud со кои Тони го има хитот „Точи“ “ – изјавија претставниците од матичната куќа на Тони кои се организатори на концертот- Симплисити продукција.



Во негов стил, најавено е „долетување“ на сцената на Суперзен создавајќи атмосфера за уживање. Многу музички изненадувања, пиротехника, визуелни ефекти, и лед скрин на целата сцена од сто метри квадратни се само дел од нештата кои беа откриени на прес-конференцијата.



„Жичаниот состав и дувачката секција кои се ангажирани за концертот ќе придонесат за уште поубав звук и комплетно уживање“- велат од Симплисити.



Концертот ќе добие и свое ДВД издание кое ќе биде промовирано заедно со документарецот за Тони Зен кој веќе почна да го снима режисерот Дарко Антоновски.
 
ke se ide.. toni jaka faca e, baska i komsija mi e :)
respect
 
Ограничен број на влезници за концертот на Тони Зен

Поради огромниот интерес за претстојниот концерт на Тони Зен кој ќе се одржи во петок (18.3) во арената на спортскиот центар Борис Трајковски, организаторот на концертот Симплисити продукција пушти во продажба последен бран на влезници - уште само 1500.

Цената на истите е 400 денари, а оние кои сакаат да присуствуваат на спектаклот наречен Суперзен 1000 од нив можат да ги набават на продажните места на kupikartizase.com – Југотон, Моби-Арт/ Веро 2 и ТНТ маркет/ Рамстор.

Останатите 500 влезници ќе се продаваат во СЦ Борис Трајковски.

Од Симплисити продукција најавија дека она што ќе се случува на 18-ти март ќе го паметат сите оние кои ќе купат карта за концертот насловен Суперзен. Од Белград, специјално за концертот, ќе допатуваат уште четворица преживеани: Гоца Тржан, Катарина Вукелиќ, Марко Булат и Јелена Мркиќ. На сцената ќе се појават и Слаткаристика, Токсикологија, DJ Чваре, Скит Скитара и хип-хоперите од Србија Struka & Lud со кои Тони го има хитот Точи.

Спектаклот Суперзен ќе започне во 21 часот.
 
Одлична работа концерт и све тоа али малце досадни станаа Слаткари и Зеновци..Не е интересно секоја година концерт..Убав провод..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom