Денеска во конгресниот центар на СЦ „Борис Трајковски“ се одржа прес-конференција на која беа откриени повеќе детали околу претстојниот концерт на хип-хоп артистот Тони Зен.
„Она што ќе се случува на 18-ти март ќе го паметат сите оние кои ќе купат карта за концертот на Тони Зен, насловен Суперзен. Знаеме дека нема да Ве остави рамнодушен ниту Тони , ниту пак ќе останете рамнодушни на сите гости кои ќе присуствуваат таму.
Од Белград, специјално за концертот, ќе допатуваат уште четворица преживеани: Гоца Тржањ, Катарина Вукелиќ, Марко Булат и Јелена Мркиќ .
На сцената ќе се појават и Слаткар, Токсикологија, dj Чваре, Скип Скитира и хип-хоперите од Србија Struka& Lud со кои Тони го има хитот „Точи“ “ – изјавија претставниците од матичната куќа на Тони кои се организатори на концертот- Симплисити продукција.
Во негов стил, најавено е „долетување“ на сцената на Суперзен создавајќи атмосфера за уживање. Многу музички изненадувања, пиротехника, визуелни ефекти, и лед скрин на целата сцена од сто метри квадратни се само дел од нештата кои беа откриени на прес-конференцијата.
„Жичаниот состав и дувачката секција кои се ангажирани за концертот ќе придонесат за уште поубав звук и комплетно уживање“- велат од Симплисити.
Концертот ќе добие и свое ДВД издание кое ќе биде промовирано заедно со документарецот за Тони Зен кој веќе почна да го снима режисерот Дарко Антоновски.