Тони Зен во салата Борис Трајковски - 18.03.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе ви е колку и да мрчите човекот и тоа како знае да направи журка. А ова вечерва беше дефинитивно журка и пол.
 
1.Рокот бил умрен?

:pos: Не е рокот умрен,''умрени''се оние кои не го слушаат и оние кои не знаат што е добра музика.И едно запамти:-Рокот никогаш не може да умре!

2.Мене не ме претставуваше туку се претставуваше сам себе.Исто како што и Лестер,Боки 13 и Кики Ралева се претставуваа самите.

3.Чисто сумњам дека си...

4.Барем ќе заштедиш некој денар.
Секоја чест за одговоров... Браво!!!
 
Џабе ви е колку и да мрчите човекот и тоа како знае да направи журка. А ова вечерва беше дефинитивно журка и пол.
И еден другар го имаше истото мислење кога единствен информатор за музика му беше MTV Adria.
 
Го замислувам Суперзен кај што влага во салата облечен во сини хеланки...
Пред сала му е паркиран Зен-мобилот со плински уред од ПЛИМОНТ на 36 месечни рати...
Во салата пијани пички се дерат...
Позади тазе пар се лигави со новосмуваната цура на супер-концертот од суперзен
Толку е супер што ти иди да си заминиш....
Ги жалиш парите што си ги дал и броиш колку пијачки би испил во лектира за тие пари...
Музиката ти е досадна...
Се правиш дека ти е интересно...
Другарти влегол во ритам и те известува дека не е веќе хипик туку од утре станува рапер..
Завршува концертот....суперзен го спасува денот како и обично...

Вчера пред да одам, го читам постов и те пцујам онака у себе, викам што збори бе овој/оваа, Тони Зен има да направи журкааааааа и има да се вратиме сите пресречни.

Кога заврши концертот, само твојот пост ми беше у глава. Братче - ова е реален опис на вечерта. Зборувам за делот на концертот.
А кога сум со добро друштво, можам да си направам журка и на Аца Лукас. Така што - журка не изостана. Ама не ја направи Тони Зен.
 
Испотени мишки урлаат у гужва..
 
Деца....многу деца....татковци ги качиле децата на ушка,деца рапуваа околу мене,деца имаше по гелендерите низ цела сала....јас таму фигурирав како татко бе,просекот беше 13-14-15 години...Ама добро барем не ја платив картата ми дадоа во последен момент само да го пофалам озвучувањето незнам зашто ама мене многу моќно ми звучеше.
 
Чоџуклари фестивали.
A и некој Зен имало хахаххахахх се кладам дека ни еден што го слуша овој што им го кажува тоа што сакаат да го чујат на децава знае што значи Зен.
 
Добро, Зен сто пати во интервјуа го образложуваше својот начин на живот и верувањата, така што од прилика би му дошло според нашиот менталитет - дека е секташ :).
 
Џабе ви е колку и да мрчите човекот и тоа како знае да направи журка. А ова вечерва беше дефинитивно журка и пол.

И јас првпат кога бев на концерт пред едно 8 години,тогаш мислев дека беше журка и пол.Исто и ти сега...али ај со време ќе научиш што е добра журка и што е добра музика.
 
И јас првпат кога бев на концерт пред едно 8 години,тогаш мислев дека беше журка и пол.Исто и ти сега...али ај со време ќе научиш што е добра журка и што е добра музика.

Не можеш да кажиш за друг некој што е журка и пол, а што не. Можеби за некого е журка и пол во кафана да се направи летва и да помине топ, а за некого нешто друго. Секој има свој вкус. Да се зборува за вкусови е деликатно прашање, затоа ако не ти се допаѓа некој туѓ вкус подобро ќе биде да не коментираш. Ова не важи само за тебе и за останатите. Некои го слушаат Тони Зен, беа вчера на концерт, поминаа топ - нивна работа. Tи не го слушаш бато, беше на друго место, си поминал топ - твоја работа.:smir:
Еве ќе почнам од мене...Има многу теми за бендови, артисти и итн на форумов кои мене не ми се допаѓаат, ама не мрчам по темите и принудно не го наметнувам својот став, тоа и го барам од вас ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom