Ми се свиѓа статијата со наслов „Порно малце“
А сега сериозно...
Мислам дека од ситуацијава може сите да извлечат поука:
1)
Администраторите на сајтот
- Да мислат повеќе на безбедноста. Доколку тие самите не се експерти, да платат за дополнително безбедносно тестирање на својата интернет страница. Постојат голем број на етички хакери во Македонија со кои може да склучат договор за тестирање на безбедноста. Пример: Zerosecurity и Ѓоко Крстиќ. Мислам дека некој ги спомна погоре.
2)
Хакерите
- Да се одлучат дали се со бел или црн шешир. Односно, дали се етички или неетички хакери. Објавување на податоци за администраторско логирање, без разлика дали е правно исправно или не, дефинитивно не е етички чин. Значи, тука е единствената грешка на момците кои го направиле ова. Можеле да ја објават новоста (или темата на форумот), но без лозинките. Потоа да ги контактирале сопствениците.
3)
Копиљаците што ги злоупотребиле лозинките и објавиле порнографски содржини
- Овие можат најмногу да го пијат. Не си играјте со глупости и не се китете со туѓи перја. Ако сте заинтересирани за хакирање, посетете го курсот за CEH (Certified Ethical Hacker) и започнете сопствен бизнис. Ем ќе бидете фраери, ем ќе имате некаква користи од упадот во системи.
Да се разбереме, тестирањето на безбедноста најдобро е да се прави со взаемен договор и однапред утврдени активности. Ако се случи како што се случи во овој случај, може да настане штета. А тоа е лошо и не го сакаат ниту сопствениците, ниту пак момците кои сакаат да се носат со титула „етички хакер“.