Точка.com.mk - „хакната“

  • Креатор на темата Креатор на темата Crypter
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Цело време докажуваш како дечките од емагаре се искомплексирани личности кои не требало да ги објавуваат лозинките јавно и незнам што, па јас ако сум нашол нешто мое право е што јас ќе правам со истото понатака, сега ја сум крив што експертите од форсираниот портал точка не се доволно интелегенти да си го заштитат својот ____ сајт ? ти се молам.

Никаде не сум употребил навредливи зборови кон никого во дискусијава, а кој како ја разбира и толкува, тоа е негов проблем...
а за останатиот дел од постот...тоа се зависи од личноста и моралот ...
 
Нормално е да не се објавуваат доказите.
Така да и да има Точка докази, не очекувајте да ги објават.
 
Хакер сум да речеме, влегувам на Точка ги дознавам пасвордите но со прокси каде што јас сум му компија на Никола а преку проксито ај пи покажува дека сум од Мексико се регистрирам на емагаре каде што при регистрација направено е така што ај пи то да не се регистрира и да дојде полиција кај некој од емагаре неможе да даде ај пи и да сака и да нејќе едноставно ај пи нема. Отварам тема пишувам се тоа влагаат некој деца на точка кој случајно го прочитале тоа и тие ги регистрираат ајпи адресите кај точка. Така да во овој случај само тие ќе го јадат а не вистинските. :))
 
Еј, смирете хормоните!!!

Ако незнаете да дискутирате кажете да ја затворам темава!!!
 
Ми се свиѓа статијата со наслов „Порно малце“ :)

А сега сериозно...

Мислам дека од ситуацијава може сите да извлечат поука:

1) Администраторите на сајтот
- Да мислат повеќе на безбедноста. Доколку тие самите не се експерти, да платат за дополнително безбедносно тестирање на својата интернет страница. Постојат голем број на етички хакери во Македонија со кои може да склучат договор за тестирање на безбедноста. Пример: Zerosecurity и Ѓоко Крстиќ. Мислам дека некој ги спомна погоре.

2) Хакерите
- Да се одлучат дали се со бел или црн шешир. Односно, дали се етички или неетички хакери. Објавување на податоци за администраторско логирање, без разлика дали е правно исправно или не, дефинитивно не е етички чин. Значи, тука е единствената грешка на момците кои го направиле ова. Можеле да ја објават новоста (или темата на форумот), но без лозинките. Потоа да ги контактирале сопствениците.

3) Копиљаците што ги злоупотребиле лозинките и објавиле порнографски содржини
- Овие можат најмногу да го пијат. Не си играјте со глупости и не се китете со туѓи перја. Ако сте заинтересирани за хакирање, посетете го курсот за CEH (Certified Ethical Hacker) и започнете сопствен бизнис. Ем ќе бидете фраери, ем ќе имате некаква користи од упадот во системи.

Да се разбереме, тестирањето на безбедноста најдобро е да се прави со взаемен договор и однапред утврдени активности. Ако се случи како што се случи во овој случај, може да настане штета. А тоа е лошо и не го сакаат ниту сопствениците, ниту пак момците кои сакаат да се носат со титула „етички хакер“.
 
Јас му се чудам на дечките зошто ги објавуваат сите тие информацци, избриши ја цела страна и објави го бекапот на емагаре, можеби е кривично дело ама ке ги научиш на една мноогу добра лекција.Јас така би постапил, некако премногу добро за да биде вистинито ми е ова со известувањето за пропустите.
Да му кажувам некој како да ја заштити страната и тоа бесплатно?Не би го правел тоа, барем не во случај со таков арогантен сопственик.
 
Јас му се чудам на дечките зошто ги објавуваат сите тие информацци, избриши ја цела страна и објави го бекапот на емагаре, можеби е кривично дело ама ке ги научиш на една мноогу добра лекција.Јас така би постапил, некако премногу добро за да биде вистинито ми е ова со известувањето за пропустите.
Да му кажувам некој како да ја заштити страната и тоа бесплатно?Не би го правел тоа, барем не во случај со таков арогантен сопственик.

Ти не би бил арогантен кога некој ќе ти чепка по нешто твое кое си го тешко си го створил?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak
троллолололо така му доаѓа ова 10 страни испишани за никој да не свати.
КОЈ ТИ ВЛЕГОЛ У САЈТ ЗНАЕШ ? ТОЧКА ЗНААТ? Знаат да дека им влегле деца ај нека докажат дека магарињата им влегле. Капирате што ви кажувам од почетокот ?

Се гледа дека интернетот го користиш конструктивно, јака финта, ептен јака... Ти реплицирав конкретно на твоите мислења што ги забележав и на кои што сакав да реплицирам. Треба да си луд да мислиш дека ќе следам детално тема која што за 3 саати наполни 10 страни. Види мислењата кои што ти ги реплицирав, како тоа кога се знаело дека се магарињата, ти конкретно кажа на кој начин функционирале (со обраќањето на маил, телефон бла бла) и сега наеднаш не се знае дали се они. Види прво содржината за која ти реплицирам, ако не знаеш да се изразиш твој проблем. Ако сакаат и ако им се замара можат да дознаат точно кој го направил тоа, без разлика дали се крие позади прокси или не.
 
Но зошто го правите виновен тој што ги поставил сликите. Вие сте виновни што сте ги споделиле логините со сите и што сте му овозможиле нему да прави што сака затоа ако ве тужи сопственикот тој ќе биде во право а не вие.
 
Ајде и јас да пишам ред-два-триесет на темава.

нека го го хакнат магарињата сајтот t-home.mk па после во маил нека им објаснат дека хакирањето било добронамерно
ако хакирањето било со намера да им укажат на безбедностите пропусти на тоцка.цом.мк тогаш би требало и да им дадат совети како да ги поправат пропустите
овака мене ми изгледа само на фалење ова

На времето кога gazibaba.gov.mk беше хостирана на T-Home се случи дифејс од некојси таму ирански хакери (колегата го чува скриншотот). Им се јави по телефон во техничка поддршка и им се закани на дежурните оператори дека веднаш ќе го прекине договорот за интернет врска и хостинг. По 10 минути беше тргнат дифејсот и на колегата му се јави некој од инжењерите од телеком кој ги исполни сите барања кои ги имаше колегата до него за да се подобри безбедноста на сајтот.

Епа вендорот не побарал more details.

Вендорот се правел „на Тошо“.

Значи Никола го знам нешто помалку од година дена. Самобендисан, арогантен, највечи фраер у маало, сеа ќе ја испратам манекенкана до дома со аутото (бааги скупо) на тато итн, итн.

Треба да е благодарен на децава, ал јбг шупак е.

И ми дужи хонорар што му покривав еден настан. За ова додуша сам сум крив што се нафатив да работам за него пред да потпишам црно на бело.
 
Ја па ви се чудам вас, дискутирате на Кајгана за Точка и некој си друг форум -_- Место да отворевте тема поврзано со Хакирањето и Законите, вие им правите реклама.

Да бев администратор на Кајгана, веднаш ќе ја делетирав темата. Зошто пак тогаш овие 2 сајта не дискутираат за Кајгана?

Фала, чао, пријатно.
 
1) Администраторите на сајтот
- Да мислат повеќе на безбедноста. Доколку тие самите не се експерти, да платат за дополнително безбедносно тестирање на својата интернет страница. Постојат голем број на етички хакери во Македонија со кои може да склучат договор за тестирање на безбедноста. Пример: Zerosecurity и Ѓоко Крстиќ. Мислам дека некој ги спомна погоре.

2) Хакерите
- Да се одлучат дали се со бел или црн шешир. Односно, дали се етички или неетички хакери. Објавување на податоци за администраторско логирање, без разлика дали е правно исправно или не, дефинитивно не е етички чин. Значи, тука е единствената грешка на момците кои го направиле ова. Можеле да ја објават новоста (или темата на форумот), но без лозинките. Потоа да ги контактирале сопствениците.

Абе што да се прави , кога некој ќе те "игнорира" мора одма да му вратиш ( со објавување на лични податоци ) ... да биле етички немале да се најдат во оваа ситуација !!!

Како што и напоменав горе доколку сакаат да научат за тоа како се однесува етички хакер Zero Science Lab е пример од кој можат да научат .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom