Искрено не гледам што има врска ова што си го пишал со мојот пост.
Ниту јас, ниту жена ти, ниту било која нормална жена што има две чисти и инвестирано во себе како личност нема да земе 15 години постар острелијанец што бара жена пошто пото колку да се одомаќини со било која.
Ти имав пишано дека ги разбирам зошто земаат, и едниот и другиот пол, поголема е шансата дека ќе најде некој со кој ќе има разбирање од таму, отколку со овие тука. Огромен процент од тукашните не држат струја.И не е муабетот колку да се одомаќини, туку е помал ризик да се заебеш со тамошна, отколку со тукашните (иако работите се менуваат и таму).
Најглуп пример за споредба: во Македонија познавам еден куп луѓе кои се оженија/омажија поради непланирани бремености, едноствно таму си ја подвиткуваш опашката и да ни си 100% сигурен дека сакаш да си со таа личност си ја преземаш одговорноста за постапките и продолжуваш со животот, ама мал е бројот на тие што ќе му го уништат животот на тоа бебе и ќе го остават на улица.
Тука ги затруднуваат и повеќе нема да им видиш око, ниту дете ќе признаат, ниту пак ќе добиеш прстен. Исто и со женската страна, малку да и стане досадно (што е огромна шанса со оглед на животот наоколу и парите што циркулираат во општеството) око нема да и видиш.
Во тој период што сум тука сретнав повеќе разведени/самохрани, отколку во бракови.
Друга работа е мултикултурни општества и различни раси, не секогаш имаш шанса да земеш бела раса, а не секој би сакал да земе азијатка/црнка и сл.
Во поглед на тоа со 15 години постар/а, не се согласувам и за ова. За тука има погрешна перцепција, особено за кадар кој е роден тука и едуциран/или пак дошол на skilled визи.
Со тукашен и 15 години постар ќе имаш подобро разбирање отколку со најголем процент од тие таму кои џаболебарат по цел ден, и немаат никаква перпектива во животот. Тука имаш луѓе кои не се ожениле/омажиле до таа возраст поради бркање на кариери, или едноставно се посрамежливи а се страшно паметни луѓе.
Еве јас ти гарантирам дека луѓе кои дошле тука на skilled визи, и успеале да застанат на нозе ти се подобар избор отколку секој рандом лик кој врти клучеви по цел ден, чека на мама и тате да му остават спрат во куќата, животно достигнување му е да уплати тикет во кладилница, и по цел ден плачи како не ја бива државата.
На крај од денот дури и тие што се мажат/женат за пари пак ќе поминат подобро отколку голем дел од тие кои ќе ја најдат „љубовта на својот живот“ во Македонија, a ќе се тепаат како да платат сметка за струја. Основните животни трошоци кои таму се третираат како луксуз тука се гола вода и со неколку денови/саати работа се покриваат за цела фамилија. Сметки/гориво/храна овде се трошоци кои ги подмируваш со 3-4 денови работа (за цело семејство) и никој не ги ни дискутира/штеди, купување на кола/карти за концерти/брендирана облека/авионски карти за шетање/одмор за овие работи во МКД штеди цела фамилија мислиш ќе инвестираат во спејс шатл и се животни достигнувања, тука се нормална потреба и не се ни дискутираат како проблем/луксуз.
Така да ако карактерно изгледа ок, верувај ми дека овие ти се подобар избор отколку најголем дел од тие таму што се во Македонија.