The Walking Dead

Трета сезона ја ставаш пред оваа, каде сите епизоди се подготвуваа за војна и на крај Гувернерот ги уби сите негови луѓе и избега или втората со фармата каде апсолутно ништо не се случи ...
Само првата беше доста добра , но имаше само 6 епизоди
Епизодите со Гувернерот беа многу по епик , имаше многу повеќе акција и адреналин, мене многу по интересни ми беа тогаш епизодите.. со фармата не беа многу епизоди , но мораше да се доловат ликовите на Хершел и ќерките кој веднаш потоа стануваат дел од бандата... шознам секој си има различен вкус, ај кажи ми ти што тоа толку беше импресивно во оваа сезона за да биде најдобра досега?
 
....што тоа толку беше импресивно во оваа сезона за да биде најдобра досега?
Отприлика се, серијата у моментов достига височини а е 5та сезона. На една таква сервирана и веќе видена тематика, конкретно јас мислев дека ќе опадне гледаноста драстично после сезона/две. Напротив моментално (сезонава) глумците глумат у еден такт без никакви потфрлања, атмосферата е доста мрачна и е перфектно адаптирана, сценариски лупови се ретки, клише моментите се минимизирани. Режисерот е конкретен и одлучен со редот на настани, го одзема хероизмот од доминантните ликови и создава навивачки страни помеѓу гледачите што е меѓу најбитните ствари за одржување на серија, сезонава е најдобра до сега.
 
Последно уредено:
Епизодите со Гувернерот беа многу по епик , имаше многу повеќе акција и адреналин, мене многу по интересни ми беа тогаш епизодите.. со фармата не беа многу епизоди , но мораше да се доловат ликовите на Хершел и ќерките кој веднаш потоа стануваат дел од бандата... шознам секој си има различен вкус, ај кажи ми ти што тоа толку беше импресивно во оваа сезона за да биде најдобра досега?

Многу работи се случија во сезонава , групата помина низ многу работи . Започна со бекството од Терминус, па наоѓањето на црквата и проблемот со канибалите и Боб , потоа болницата во Атланта и убиството на Бет , после одењето кај групата на Ноа , смрта на Тајрис и на крај Александрија и запознавање на многу ликови ...Со ова сакам да кажам дека многу работи се сменија од почетокот на сезонава па до сега , за разлика од втора сезона на пример каде беа на фармата цели 13 епизоди ;)
 
Мoе мислење е декa oвaa сезoнa беше бaеѓи пoдoбрa oд срaње сезoнaтa лaни пa зaтoa некoи имaaт впечaтoк декa е нaјдoбрa дo сеa. А не е!

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Серијава полека станува досадна за мене, ова сезона башка не беше којзнај што, мене повеќе ми се допадна сезонава со затворот и гувернерот, а последната епизода беше глупа според мене особено оној момент кога Daryl и педерот беа заглавени во колата (дури имаа време да пушат цигара и да си смислат план како да се извлечат) опкружени со 500-на зомби кои не успеа да ги скршат прозорците на колата долго време а правеа партал низ големи градови,целата земја дури моќната армија на САД не успеал да ги спречи.
 
Уметност, колку беа само фокусирани да ги смират ликовиве еден со еден за да се обединат против волциве, секој со секого ќе си помага сега.
Шеста сезона мислам ќе биде многу појака од претходниве, појака и од Гувернерот и од сите останати психо ликови, претходните негативци тоа што го правеа беше за да преживеат, ама овие се сосема ново лудило, баш ќе биде крваво и фала курцу Морган да се појави, го чекам цела година. :нинџ:

Најјака сцена ми беше она кога Абрахам седна до Јуџин и овој му вика "Добар ден"..... :ROFLMAO:

Бонус трака:
Ништо да се најде тракава во некоја епизода во серијава.
Идеме да се освежуеме со ГоТ. :brlav:
 
се надевам другава серија за walking dead ќе се позанивама со тоа од каде и како испаднал вирусот, како било на почетокот(рик додека бил во кома),дали има лек и такви срања, оти оваа серија веќе 6 сезони да не речам истото, ќе сретнат некоја група и на крај ќе се испоубијат, ќе дојдат нови ликови и тие ќе се испоубијат!!
 
се надевам другава серија за walking dead ќе се позанивама со тоа од каде и како испаднал вирусот, како било на почетокот(рик додека бил во кома),дали има лек и такви срања, оти оваа серија веќе 6 сезони да не речам истото, ќе сретнат некоја група и на крај ќе се испоубијат, ќе дојдат нови ликови и тие ќе се испоубијат!!
Серијава едноставно нема крај :icon_mrgr: ако продолжи со вакви приказни секоја сезона, ке стане како индиските серии
 
Абе некако сакаат да ги прикажат волциве како опасност ама пак мислам или не се или продукцијава знае да има дупки затоа што кога го нападнаа црнецот (морган беше мислам) пиштолот им беше празен и ми изгледаа неинтелегентни, така да немаат муниција а бидејќи и не се многу паметни тешко дека нешто ќе пореметат, можеби и затоа до сега не ги нападнале овие од александрија.

Последнава сезона беше ОК за мене супер приказна се тоа само ме малку ме нервираа некои нелогичности и некои сцени ми изгледаа предолги, каде има по еден лик и е во кадар пола минута како седи и се мисли и слично. А сметам дека има простор за да се скрати тоа а да се додаде плус акција и да биде подинамична. Имаше материјал за да се зголеми акцијата на сметка на статичноста. И конечно малку се тргнаа од шумата ама пак имам чуство како се на исто место да се. Исти патишта исти сцени низ шума итн... Па нели доста пат поминаа за накај Вашингтон не ми се верува толку да е пејсажот во УСА едноличен.

Додека го пишував постов имаше уште две мислења кои сакав да ги кажам дека на моменти со долгите сцени и истите места ко индиска серија да ја прават.
 
Последно уредено:
Following the record-breaking season 5 finale of The Walking Dead, today brings news that Stephen King has been tapped for season 6. An avid Walking Dead fan himself, Stephen is thrilled to announce that he has agreed to write an episode. What can fans expect? Here’s what Stephen has to say about the direction he plans to take:

“I’ve been asked to write the opening episode of Season 6, where three major characters are to be killed off. No spoilers, but one of them carries a crossbow.”
More Information

поинтересно е вака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom