За ликовите и јас се сложувам со тебе. Без било каков бекграунд и непостојани во своето однесување. Една епизода го гледаш прв е во убивање на луѓе, а веќе во наредната жестоко ги осудува тие што убиваат. Една епизода, го остава човекот на патот да го јадат зомбиња и не го зима со нив, а наредната, носи цела група луѓе. И сета таа транзиција во однесувањето е многу нагла и брза, а и недоволно објаснета и прикажана пред нас гледачите.
Мислам дека многу малку време се посветува на нивните чувства (не зборувам само за љубовни) во едни такви околности, а и тогаш кога ќе одлучат режисерите да ни ја доловат емотивната ситуација со ликот, тоа го прават на крајно безвеза начин (пример: требаше да сфатиме дека на Рик му недостига Лори со тоа што 3,4 епизоди му се претскажуваше

)
Малку за ликовите:
Рик- Помутава фаца не можеле да најдат за главна личност. Кога ќе ги подмижи очите и ќе го напне гласот толку ми иде на живци, чудо едно. Имам осеќеј дека и многу не го бива за глума... Непостојан карактер и ми нема став за лидер. Денеска е ангел, утре е убиец, за наредниот ден да биде фармер

. И ми личи на таличниот Том

He is doing things and stuff
Дерил- Од почеток ми беше супер лик, ама некако многу ја отупеа. Не знаеа дали ќе го прават ладнокрвно човече или прв емотивец. А и многу ми беше одвратно неговото "пријателство" со Керол. Подобро што не ја отераа работата кон нешто љубовно.
Хершел- ок тип. Еден од ретките со нормален развој на карактерт.
Црнкињата- Оваа сезона почнува да ме бендисува. Ми се смачи во претходната да и ја гледам напнатата фаца, како да играше пантомима. Сите требаше да погодат што и се случува без она да каже нешто.
Мег и Глен ми се баш фини.
Гувернерот засега ми е мистерија, ама нашле баш супер глумец. Му лежи улогата.
Најдобар лик до сега во серијава ми беше
Шејн. Нормално однесување во такви околности. Одлуките што ги носеше имав чувство дека само мене и него ни беа логични и скоро во секоја ситуација го оправдував.