The Walking Dead

И на мене ми се допадна епизодава,Гувернерот го немаше толку време а многу битен лик е во серијалов и се решиле да посветат цела епизода за него,интересна трансформација на ликот преку јаки емоционални моменти и сега го имаме Брајан кој мислам ке биде доста добра замена за Гувернерот :)
 
Да ми појасни некој, Гувернерот сами го запали Вудбери нели, ама што беа тие пораките на таа зградата?!
 
Гувернерот и си најде пиштолче како Рик. Инаку за недела ги изгледав сите сезони и епизоди. Гледам на фокс ја даваат кај нас само незнам точно термин. Ако може инфо, барав назад неколку страни немаше точно време.
--- надополнето: 20 ноември 2013 во 00:32 ---
Да ми појасни некој, Гувернерот сами го запали Вудбери нели, ама што беа тие пораките на таа зградата?!

Мислам дека рандом натписи од луѓе но од тамо го зеде името брајан... Заради тоа и ја покажаа мислам.
 
Гледам на фокс ја даваат кај нас само незнам точно термин. Ако може инфо, барав назад неколку страни немаше точно време.
Што се замараш да ја факаш на Фокс?
Те пука грижа на совест да ја симнуваш од нет ?:D
 
Што се замараш да ја факаш на Фокс?
Те пука грижа на совест да ја симнуваш од нет ?:D
Не бе ако сум слободен евентуално да гледам инаку ако не гледам на тв ќе спуштим барем интернетот не ми е проблем
 
Трите сезони ги смачкав за една недела и единствено што ми се мота во главата сега е дека не пронајдов лик кој што ќе го сакам, за кого човек може да се приврзе додека гледа. Некако како цела група да е составена од зомбија... ОК, можеби Дејл помалку отскокнуваше во првите две сезони, ама сепак сметам дека нема изграден карактер меѓу ликовите кој што ќе може да те води. Друг впечаток - многу често ми се случуваше да ги мразам ликовите (или повеќето од нив) заради некои нивни постапки или генерално. Понекогаш дури и се радував што зомбијата ги растргнуваа некои од нив, за други пак посакувам да бидат растргнати што поскоро зошто навистина ме нервираат. Ако ги оценувам: првата сезона беше ОК, третата би можел да ја сварам, а втората дефинитивно далеку под просекот! Денес ќе ги изгледам до сега излезените 6 епизоди од четвртата сезона која по коментарите кои ги читам и слушам наоколу, би требало да го подигне моето внимание за серијава. Инаку (може требаше сепак да го ставам ова во „Непопуларни филмски мислења) мојот рејтинг за серијава може да биде опишан само со: slightly bellow average. Се надевам 4та сезона ќе го подигне троа. ;)
 
За ликовите и јас се сложувам со тебе. Без било каков бекграунд и непостојани во своето однесување. Една епизода го гледаш прв е во убивање на луѓе, а веќе во наредната жестоко ги осудува тие што убиваат. Една епизода, го остава човекот на патот да го јадат зомбиња и не го зима со нив, а наредната, носи цела група луѓе. И сета таа транзиција во однесувањето е многу нагла и брза, а и недоволно објаснета и прикажана пред нас гледачите.
Мислам дека многу малку време се посветува на нивните чувства (не зборувам само за љубовни) во едни такви околности, а и тогаш кога ќе одлучат режисерите да ни ја доловат емотивната ситуација со ликот, тоа го прават на крајно безвеза начин (пример: требаше да сфатиме дека на Рик му недостига Лори со тоа што 3,4 епизоди му се претскажуваше :confused: )

Малку за ликовите:
Рик- Помутава фаца не можеле да најдат за главна личност. Кога ќе ги подмижи очите и ќе го напне гласот толку ми иде на живци, чудо едно. Имам осеќеј дека и многу не го бива за глума... Непостојан карактер и ми нема став за лидер. Денеска е ангел, утре е убиец, за наредниот ден да биде фармер :eek:. И ми личи на таличниот Том :D He is doing things and stuff :D
Дерил- Од почеток ми беше супер лик, ама некако многу ја отупеа. Не знаеа дали ќе го прават ладнокрвно човече или прв емотивец. А и многу ми беше одвратно неговото "пријателство" со Керол. Подобро што не ја отераа работата кон нешто љубовно.
Хершел- ок тип. Еден од ретките со нормален развој на карактерт.
Црнкињата- Оваа сезона почнува да ме бендисува. Ми се смачи во претходната да и ја гледам напнатата фаца, како да играше пантомима. Сите требаше да погодат што и се случува без она да каже нешто.
Мег и Глен ми се баш фини.
Гувернерот засега ми е мистерија, ама нашле баш супер глумец. Му лежи улогата.
Најдобар лик до сега во серијава ми беше Шејн. Нормално однесување во такви околности. Одлуките што ги носеше имав чувство дека само мене и него ни беа логични и скоро во секоја ситуација го оправдував.
 
Narednata epizoda... all hell breaks loose.. Kako ke go dovleckaat tenkot pred zatvorot! Teshka artilerija. :vozbud:
 
Нема нешто коментари за новата. Добра епизода ама некако исфорсирано ми беше Гувернерот убива двајца во кампот никој ништо не приметува и одма лидер станува на групата. Ама ептен е психопат, ептен.

Е сеа наредната епизода исто како и лани пак нова рунда Гувернерот против Рик, но мислам дека време е дејството да се помрдне, премногу ќе биде ако и по оваа борба се остане исто и пак во финалето на оваа сезона имаме уште една борба, сега веќе или треба да го убијат Гувернерот или да ги избркаат Рик и екипата од затворот и да му ја растурат поголем дел од групата.

Секако очекувам некој од поважните ликови да загине во наредната епизода, дали новата жена и дете на гувернерот или пак од екипата на Рик ќе видиме.
 
ги изгледав 3 сезони за 3 дена денес изгледав 2 од 4-та, топ е серијата мн сплетки,расплети и сл, иначе може ли некој да ми каже како е настаната епидемијава и од кој? се знае ли? и кратко резиме за од 3 до 7 епизода од 4 сезона..
 
ги изгледав 3 сезони за 3 дена денес изгледав 2 од 4-та, топ е серијата мн сплетки,расплети и сл, иначе може ли некој да ми каже како е настаната епидемијава и од кој? се знае ли? и кратко резиме за од 3 до 7 епизода од 4 сезона..

Не се знае уште се нема кажано за тоа.
 
Добра епизода, но не на ниво на претходните кои беа многу добри.
 
Се чудам како направија Гувернерот да ми е омилен лик...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom