The Shield

  • Креатор на темата Креатор на темата WizKhalifa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
The Shield е Американска драма чија премиера беше прикажана на 22 март 2002 год., на Fox, во САД. Во неа е опфатен по контроверзниот приказ на корумпираните полицајци. Се раскажува за една експериментална полициска единица во Лос Анџелес, во измислениот округ Фармингтон ("Фарма"), која претходно била црква, а главни ликови во серијата се неколку детективи од т.н "Strike Team" кои ќе направат се само за да ја доведат правдата низ улиците на градот. Детективот Vic Mackey ( Michael Chiklis) е лидер на Ударната единица (Strike team), во која исто така членуваат неговите најблиски пријатели Shane Vendrell, Curtis Lemansky и Ronnie Gardocki. Ударната единица користи многу нелегални и неетички методи, како би го одржале мирот на улиците, а истовремено заработуваат штитејќи дилери на дрога и арамии. Ударната единица исто така доста често присилно му подметнува дрога на некои членови на банди само за да го извлечи нивното признание.

Покрај приказната за Ударната единица во серијата се обработени и некои под- приказни, како што е борбата на David Aceveda (капетанот на полициската станица) за политичка власт, и среќавањето со поранешниот сексуален напад, борбата на Vic Mackey да го одржи пропаднатиот брак, внатрешната борба на Julian Lowe помеѓу неговите религиозни уверенија и неговата хомосексуалност.
Честа тема во серијата е недовербата на граѓаните во полицијата, влијанието на дрогата, бандите и конфликтите помеѓу етичките и политичките желби.

Серијата има 7 сезони, секоја сезона има по 13 епизоди. Времетраењето на една епизода е 45- 50 минути. Била доста пати номинирана, а била и добитник на голем број награди. Финалето на серијата било емитувано на 25 Ноември 2007 год.

Shield-Cast_l.jpg

Претпоставувам дека темава е осудена на пропаст, ама би сакал да го знам мислењето на оние што ја имаат гледано серијава, а истовремено и да му ја препопрачам на оние што ја немаат гледано.
 
Серијава има добра рејтинг на имдб.
Ќе почнам да ја гледам, содржинава ми е интересна.
 
Хихи моментално ја гледам :D До 3-та сезона сум, 6-та епизода. Супер серија, подинамична од The Wire, но прилично добра и интересна за гледање. Има многу работи да се научат воедно. Супер забавна, се проширува и низ приватните животи на ликовите што додава само на убавината.
 
definicija za antiheroj! klasika....broj 1 na moja lista....znaci tolku dobro napisana izigrano....poradi serijava breaking bad ne mi bese niso posebno!
 
Одлична серија, добри ликови, добра глума, добра приказна. Генерално и тек како вреди да се гледа, не е на ниво на Сопранови, или Жицата, ама одлична е.
 
Одлична серија да си ја изгледате а после неа - Sons of Anarchy од истиот автор па дури и многу од ликовите од The Shield се појавуваат таму а и концептот е сличен...
 

Зошто темава нема развиена дискусија?
 
Многу потценета серија општо, не само на форумов.
Вик Маки е еден од најјаките антихерои појавени на тв екраните. Врвна изведба на Мајкл Чиклис. Девојчето што му е ќерка у серијава му е ќерка и у приватен живот и немала пристап до серијата доека не напунила 20 години. Жена му на Вик му е жена на креаторот на серијата.

Многу ликови ги има и во Санс оф Анархи. Курт Сатер го игра ликот на тој ерменецот а и самиот има удел во сценариото во првите 2 3 сезони мислам. Бизлатс бандата ја има и тука и у СОА.

Валтон Гогинс го замарал Сатер да го стаи у СОА, овој му рекол као не бе многу ти е јак карактерот тука у Шилд и не би било добро да имаш битна улога и у СОА, ама Гогинс не се откажувал и бил упорен да влезе кај моторџиите и Курт за конечно да го откаже од идејата му рекол добро ај може да те стаам ама само како транвестит..... добил едно say no more од Гогинс и другото е историја. :Д
 
Изгледана прва сезона. Маестрална серија! Одамна немам гледано вакво нешто. Можда после The Wire ми фалеше ваков тип на серија.
 
Крајот на 5та сезона ме потресе.
 
Валтон Гогинс го замарал Сатер да го стаи у СОА, овој му рекол као не бе многу ти е јак карактерот тука у Шилд и не би било добро да имаш битна улога и у СОА, ама Гогинс не се откажувал и бил упорен да влезе кај моторџиите и Курт за конечно да го откаже од идејата му рекол добро ај може да те стаам ама само како транвестит..... добил едно say no more од Гогинс и другото е историја. :Д

:pos::pos::pos:
Сега гледам SoA, Гогинс за прв пат се појавува. Умрев коа влезе со цицките у просторијата, му ебам криперот колку страшна појава е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom