The Shield

  • Креатор на темата Креатор на темата WizKhalifa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
The Shield е Американска драма чија премиера беше прикажана на 22 март 2002 год., на Fox, во САД. Во неа е опфатен по контроверзниот приказ на корумпираните полицајци. Се раскажува за една експериментална полициска единица во Лос Анџелес, во измислениот округ Фармингтон ("Фарма"), која претходно била црква, а главни ликови во серијата се неколку детективи од т.н "Strike Team" кои ќе направат се само за да ја доведат правдата низ улиците на градот. Детективот Vic Mackey ( Michael Chiklis) е лидер на Ударната единица (Strike team), во која исто така членуваат неговите најблиски пријатели Shane Vendrell, Curtis Lemansky и Ronnie Gardocki. Ударната единица користи многу нелегални и неетички методи, како би го одржале мирот на улиците, а истовремено заработуваат штитејќи дилери на дрога и арамии. Ударната единица исто така доста често присилно му подметнува дрога на некои членови на банди само за да го извлечи нивното признание.

Покрај приказната за Ударната единица во серијата се обработени и некои под- приказни, како што е борбата на David Aceveda (капетанот на полициската станица) за политичка власт, и среќавањето со поранешниот сексуален напад, борбата на Vic Mackey да го одржи пропаднатиот брак, внатрешната борба на Julian Lowe помеѓу неговите религиозни уверенија и неговата хомосексуалност.
Честа тема во серијата е недовербата на граѓаните во полицијата, влијанието на дрогата, бандите и конфликтите помеѓу етичките и политичките желби.

Серијата има 7 сезони, секоја сезона има по 13 епизоди. Времетраењето на една епизода е 45- 50 минути. Била доста пати номинирана, а била и добитник на голем број награди. Финалето на серијата било емитувано на 25 Ноември 2007 год.

Shield-Cast_l.jpg

Претпоставувам дека темава е осудена на пропаст, ама би сакал да го знам мислењето на оние што ја имаат гледано серијава, а истовремено и да му ја препопрачам на оние што ја немаат гледано.
 
Серијава има добра рејтинг на имдб.
Ќе почнам да ја гледам, содржинава ми е интересна.
 
Хихи моментално ја гледам :D До 3-та сезона сум, 6-та епизода. Супер серија, подинамична од The Wire, но прилично добра и интересна за гледање. Има многу работи да се научат воедно. Супер забавна, се проширува и низ приватните животи на ликовите што додава само на убавината.
 
definicija za antiheroj! klasika....broj 1 na moja lista....znaci tolku dobro napisana izigrano....poradi serijava breaking bad ne mi bese niso posebno!
 
Одлична серија, добри ликови, добра глума, добра приказна. Генерално и тек како вреди да се гледа, не е на ниво на Сопранови, или Жицата, ама одлична е.
 
Одлична серија да си ја изгледате а после неа - Sons of Anarchy од истиот автор па дури и многу од ликовите од The Shield се појавуваат таму а и концептот е сличен...
 

Зошто темава нема развиена дискусија?
 
Многу потценета серија општо, не само на форумов.
Вик Маки е еден од најјаките антихерои појавени на тв екраните. Врвна изведба на Мајкл Чиклис. Девојчето што му е ќерка у серијава му е ќерка и у приватен живот и немала пристап до серијата доека не напунила 20 години. Жена му на Вик му е жена на креаторот на серијата.

Многу ликови ги има и во Санс оф Анархи. Курт Сатер го игра ликот на тој ерменецот а и самиот има удел во сценариото во првите 2 3 сезони мислам. Бизлатс бандата ја има и тука и у СОА.

Валтон Гогинс го замарал Сатер да го стаи у СОА, овој му рекол као не бе многу ти е јак карактерот тука у Шилд и не би било добро да имаш битна улога и у СОА, ама Гогинс не се откажувал и бил упорен да влезе кај моторџиите и Курт за конечно да го откаже од идејата му рекол добро ај може да те стаам ама само како транвестит..... добил едно say no more од Гогинс и другото е историја. :Д
 
Изгледана прва сезона. Маестрална серија! Одамна немам гледано вакво нешто. Можда после The Wire ми фалеше ваков тип на серија.
 
Валтон Гогинс го замарал Сатер да го стаи у СОА, овој му рекол као не бе многу ти е јак карактерот тука у Шилд и не би било добро да имаш битна улога и у СОА, ама Гогинс не се откажувал и бил упорен да влезе кај моторџиите и Курт за конечно да го откаже од идејата му рекол добро ај може да те стаам ама само како транвестит..... добил едно say no more од Гогинс и другото е историја. :Д

:pos::pos::pos:
Сега гледам SoA, Гогинс за прв пат се појавува. Умрев коа влезе со цицките у просторијата, му ебам криперот колку страшна појава е.
 
Изгледав првиве 2 епизоди, многу ветувачки делува. Страшен Gta San Andreas vibe има серијава, Лос Анџелес, Вато, сината бандана од Crips на гробот на убиениот црнец. Константно спомнување на сленгот "Есе“ во латино бандиве, ме потсети на легендарното:


Многу добра засега и страшно потценета, ниеден не знам од мое опкружување што ја има гледано, сите се заглавени со новиве Нетфликс срања.
 
Ја изгледав серијава. И прилично се воздржувам да не го пишам ова, бидејќи често знае да ми дојде кога штотуку сум изгледал некоја серија, ама серијава е сериозен кандидат за најдобра на сите времиња!

Не ми е јасно како може серија да е толку потценета. Единствено објаснување е дека била направена многу пред своето време, ги немала можностите за масовна виралност кои ги имаат денешниве серии, но пак за ова ремек дело мора да најде време, секој кој се нарекува љубител на серии.

Моја препорака е да ја гледате прво Shield па Sons of Anarchy ако немате гледано ниедна, јас по обратен редослед ги гледав и мислам дека е подобро хронолошки како што се издадени. И двете серии за тие што не знаат се од истиот креатор - Курт Сатер. Сметам дека е подобро Shield прво, бидејќи многу главни актери (скоро сите) од Shield, имаат некоја епизодна улога во Санс. И многу е интересен моментот кога ќе ги препознаете како главните јунаци од Шилд се возачи на камиони, стриптизети, рендом полицајци во Санс. Исто така забележителен е моментот со песните, мислам дека Курт видел дека има голем ефект да погодиш вистинска песна во вистинска сцена преку Шилд, во Санс го има тоа докторирано. Нема ни приближно серија серија со подобри песни од Sons, а во Shield песните исто ми беа многу добри.

Последната сезона ми беше врвна, ја изгледав во еден здив. Крајот е шокирачки и покрај сите очекувани работи кои се случија и беа неизбежни. Крајот на седмата и крајот на петтата беа хајлајт на шоуто. Дефинитивно серија која станува се подобра и подобра како поминува време, а не обратно како некои исто драги серии што сум ги гледал (Homeland, Dexter, Prison Break).

Една големо браво за тоа колку предобро ги разбработија сите главни ликови. Алфа и омега серија, пионер во жанрот, доста фори и саркастични реплики читав дека биле инспирација за Брејкинг Бед. Омилени ликови дефинитвно Дач, Вик, Шејн, Лем, на крај и Рони ми стана ептен драг. Карактерот на Мара право изненадување. Да не откријам некаков спојлер, слободно некој чим ја изгледа или ја гледал скоро нека пише може и да дискутираме во пп или тука нешто што не е спојлер. Навистина топла препорака на сите! :love:

П.С. Џулиен од серијата е во затвор во реалниот живот осуден на 40+ години поради убиство на сопругата.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom