- Член од
- 12 март 2011
- Мислења
- 376
- Поени од реакции
- 1.234
The Shield е Американска драма чија премиера беше прикажана на 22 март 2002 год., на Fox, во САД. Во неа е опфатен по контроверзниот приказ на корумпираните полицајци. Се раскажува за една експериментална полициска единица во Лос Анџелес, во измислениот округ Фармингтон ("Фарма"), која претходно била црква, а главни ликови во серијата се неколку детективи од т.н "Strike Team" кои ќе направат се само за да ја доведат правдата низ улиците на градот. Детективот Vic Mackey ( Michael Chiklis) е лидер на Ударната единица (Strike team), во која исто така членуваат неговите најблиски пријатели Shane Vendrell, Curtis Lemansky и Ronnie Gardocki. Ударната единица користи многу нелегални и неетички методи, како би го одржале мирот на улиците, а истовремено заработуваат штитејќи дилери на дрога и арамии. Ударната единица исто така доста често присилно му подметнува дрога на некои членови на банди само за да го извлечи нивното признание.
Покрај приказната за Ударната единица во серијата се обработени и некои под- приказни, како што е борбата на David Aceveda (капетанот на полициската станица) за политичка власт, и среќавањето со поранешниот сексуален напад, борбата на Vic Mackey да го одржи пропаднатиот брак, внатрешната борба на Julian Lowe помеѓу неговите религиозни уверенија и неговата хомосексуалност.
Честа тема во серијата е недовербата на граѓаните во полицијата, влијанието на дрогата, бандите и конфликтите помеѓу етичките и политичките желби.
Серијата има 7 сезони, секоја сезона има по 13 епизоди. Времетраењето на една епизода е 45- 50 минути. Била доста пати номинирана, а била и добитник на голем број награди. Финалето на серијата било емитувано на 25 Ноември 2007 год.
Претпоставувам дека темава е осудена на пропаст, ама би сакал да го знам мислењето на оние што ја имаат гледано серијава, а истовремено и да му ја препопрачам на оние што ја немаат гледано.