Глеав некои епизоди и не ми се свиѓа шо не објаснуваат шо се дешава ко во lie to me на пример.
Ќе си речете - фак оф, уште една криминалистичка серија.
Но, тука лежи главната разлика...ова не е уште една од многу обични, досадни, безвезни и бесмислени криминалистички ТВ серии.
"Менталист е човек кој користи ментални сугестии и хипноза. Има експертски манипулаторски карактеристики и може да влијае и да го контролира однесувањето на други луѓе."
Или на нашки, Patrick Jane е еден опасен фраер. Консултант за CBI (California Bureau of Investigation - слично на FBI, само локално), тој ги користи своите, некои би рекле, натприродни способности за да ги реши најкомплицираните убиства. Simon Baker е совршениот актер за улогата на Patrick Jane, генијален човек со неверојатни способности за читање на личностите и манипулација, но сепак длабоко во себе измачуван константно од...ноуп, нема да ви откриеме повеќе - погледнете сами!
Изненадувачки, но во оваа серија секој карактер е поврзан со одличен актер. Можеби имињата како Robin Tunney и Owain Yeoman нема да ви значат многу, но ако ни верувате и започнете со серијата, ќе видите доста перспективни глумци.
Сега, да разграничиме што ја трансформира оваа серија од добра - во одлична. Самите криминалистички серии беа хит на почетокот на овој век, почнувајќи од CSI: Las Vegas. Тогаш бевме наивни, не се сомневавме во никого и уживавме непречено во тие интересни ТВ дела. Но, како што гледавме повеќе серии, почнувавме да анализираме и самите да го бараме убиецот, што се вика, уште пред да почне епизодата...
Е, тука The Mentalist навистина се издвојува.
Почнувајќи од првата епизода, Mentalist се прилагодува кон гледачите како некоја видео-игра, каде што како напредувате, се зголемува нивото на тежина. Навистина, имате злосторство и на вас, како гледач, секој ви е осомничен - дури и малите бебиња.
Менталист работи така што со секоја епизода, менталистот или Patrick Jane, изведува се покомплицирани и потешки работи за разбирање, во кои навистина ќе уживате кога ќе ви бидат откриени на крајот од епизодата.
Уф, ако досега со пишаното не ви ја "продадовме" серијата, ќе се дополниме со следнава реченица:
"Patrick Jane е мешавина од Cal Lightman од Lie to Me и Gregory House од House M.D."
Nuff said?
Ајт на гледање.
^
Види го болдираниот дел.
Просечно во една епизода, најбитните работи се објаснети - а оние малите, "менталистичките" на Jane не се откриваат и треба да ги видиш сама. Тоа и е ѕверско, бар за мене.
