The Mentalist

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ова е американска криминалистичка серија во која што главната улога ја има Сајмон Бејкер кој што глуми независен консултант во Калифорниското биро за истраги тоа е нешто како ФБИ само на државно ниво на државата Калифорнија. Иако често му забележуваат и додаваат дека е видовит тој тоа го негира и тврди единствено што прави е дека забележува детаљи. Израснат е во циркус и од циркуска фамилија, со советите започнува откога серискиот убиец Ред Џон ќе му ги убие жената и детето затоа што ќе изјави на телевизија дека помогнал во неговото фаќање....


 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Го гледам ... до 2ра сезона 21 епизода имам изгледано ...
интересна, добра серија, заслужува да биде гледана. барем според мене :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Секоја година Американциве пуштааат по 100 нови криминалистички серии. Квантитет има, квалитет помалку, секоја копира од секоја. И уште некои ќе решат да ги направат сапуници, ќе ја вртат неколку години за да направат 200 епизоди. И што се добива? ...

Судејќи според трејлерот и описи, веќе видено (пример Medium). Можи да му е добро сработено ама оригинално не е.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мноооооооооогу поразличен како концепт од Медиум е, додека во Медиум има сонови несигурности, погрешни прочитување на знаците плус натприродна особина, во Менталист тоа го нема има сигурност, значите типот таму со сигурност ги чита и дури и да има натприродна способност да зборува со мртвите тој тоа го негира.
Така да тие две серии се сосема различни.....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
нема врска со Медиум ... си има своја убавина оваа серија, свој шмек ...
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ја гледам серијата, прилично интересна ми е. Само многу се развлечува со различни случаеви, мислам дека подобро ќе беше да имаше повеќе "Red John" случаеви.

Инаку една друга серија која ми е најомилена можам да кажам се шегува на сметка на Менталист поради сличната тематика. :)

 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Интересна серија мислам дека ја даваја едно време на канал 5, изгледав 2-3 епизоди и ми се допадна, баш сега ќе ја симнам.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Случајно наидов на серијава на Интранет и случајно се заразив од неа. Одлична crime procedural со блага доза на хумор, посебно од главниот лик. Пребарувајќи на нет, увидов добри критики и уште подобра гледаност, па се чудам како не сум чул за неа претходно. 2 сезони се излезени, третата се снима.



"Mentalist, noun. Someone who uses mental acuity, hypnosis and/or suggestion. A master manipulator of thoughts and behavior."

Patrick Jane работи во CBI (California Bureau of Investigation) како советник, помошник при нивните случаи. Поради неговата генијалност за согледување работи кои нормален човек не би ги согледал, порано правел пари глумејќи како „гатач“ и покрај тоа што не верува во тие работи.

Откако жената и ќерката ќе му бидат убиени од серискиот убиец познат како "Red John" станува целосно посветен на неговото фаќање, па затоа и влегува во Бирото. Користи неконвенционални методи и техники и е преинтересен за гледање.

Ја гледал некој серијава? :icon_lol:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
супер серииче ...
ја чекам 3та сезона :)
 
T

Tetro

Гостин
не сум ја гледал, ама може за летото да ѕирнам, ако останам без работа....

--- надополнето ---

супер серииче ...
ја чекам 3та сезона :)
кажи дали и како ?? за нас дали е добра, крими психо, драма..... знаеч на шо мислам? :nesum:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
лесна за гледање ..
крими серииче .. многу малце психо елементи ..
Типов е малце ко Монк :) таков специфичен карактер е во целата екипа ... работи за Криминално биро .. не е полицаец ни пак му даваат да биде затоа шо има фобии од некои работи .. плус има лежено во психијатриска болница после убиството на женаму .. Ред Џон ја убива ... секоја епизода е различно убиство кое тој со неговите способности на перцепција, запазување на детали на местото на злосторот итн им помага на Бирото да ги разреши ..

онака супер е ... како шо реков лесно серииче за гледање .. занимливо, со доза на комедија .. моја оцена 8/10
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Почнав да ја гледам пред 2-3 дена, значи до 9. епизода сум од прва сезона. Интересна ми е засега, лесна е за гледање, ме опушта, само во некои епизоди многу лесно можеше од почеток да знаеш кој е убиецот :) И да, секоја епизода има ’red’ во насловот...Тоа заради ред џон или...?Како и да е, осеќам дека и втора сезона ќе симнувам деновиве :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Вау, толку малце коментари?

Нц, немате вкус. Не ни знаете што е добра, ѕверска серија.
Ајт на гледање, па напунете ја темава.

Поготово тој wot!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Треба да ја почнам втора сезона. Иако приказната не е баш оригинална, ликот кој го создале е одличен, како некоја мешавина од Лајтман, Хаус и Грисом. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom