Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дури сега најдов време да ја изгледам епизодава и доста добра беше.
Тргна малку во друга насока сезонава, па ќе видиме што ќе направат.
И дефинитивно еден Господ знае кој ја убил Рози Ларсен.......не сум сигурен ни сценаристите дека знаат точно![]()
Па тоа е она што ме нервира. Претеруваат со лажните наговестувања. Холден прво беше лош, па добар, па лош, па пак добар, па ептен лош, па накрајот добар и наместен. Сценаристите се заплеткуваат се' повеќе. А намештаљката со сликата уствари мислам дека ја одработи за поголема цел бидејќи беше сигурен кој е убиецот. Инаку е добар дечко, ама само сака правдата да излезе на виделина, без разлика на средствата. Друго, наводното самоубиство многу глупо го изведоа, со ефтини трикови со камерата, поради кои сега ќе треба да чекам 53 епизоди за да дознаам дали е самоубиство или не. Таман, кога за некоја сезона конечно ќе дознаеме кој ја уби Рози, нека се зафатат со самоубиството.Малку ме загубија со тоа тетоважата и со ранецот а Фил Ајви, уствари со се што Фил Ајви направи... Ако сега е се во ред, го сменил ранецот од „добри причии“ а е за да заташка убиство... што е со онаа намештаљката со сликата, за кого ја одработи? И што е со „самоубиството“ во станицата, тоа вклучува многу полицајци кои очигледно се корумпирани...