The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Стигнав до 9тата епизода, останатите моментално се ставени на download...
Солидна серија, ако на ИОсоно со тек на време му се допаднаа детективите, јас уште не можам да ги сфарам, може да личат на наркоманчиња, на бејбиситерка, на студент на електро, но детективи? Толку некомпитабилни личности не сум сретнал на серија.
Интересно е тоа што е правена според некоја данска серија, па не е класично американско сценарио...
Најубаво се гледа филмов ако не се замараш со тоа who killed Rosie, ќе има уште доста пресврти...
Се согласувам и за семејството на Роси, можеби најдоброто нешто од серијата.
И тоа што ја гледам серијава не значи дека ИОсоно има одличен сенс за серии, џаст фор д рекорд :D
Нејќе да признае дека му се бендиса серијава само затоа што јас му ја предложив... шо чоек ќе беше... :notworthy:
 
Конечно и јас ја изгледав серијава и супер е.
Нешто што одамна се нема прикажувано на телевизија, добро спакувано е сега проблемот е што нема да тера уште многу факт е дека најмногу уште 1-2 сезони да има, после ќе ја затупат ако ја одолжат уште.
Сценариото ми беше супер, беше интересно како доаѓаа до нови траги за тоа каде се била Рози таа вечер (добро признавам во врска со индијанското казино стварно на глуп начин дојдоа до тоа).
Убаво беа претставени семејството на Рози,фамилијарниот однос на детективката Линден и на крајот сфатив зошто толку малку откриваа за Холдер.
И погоре некој спомна во врска со мајката на Рози. Дефинитвно најантипатичниот лик во серијава, едвај издржував да не ги премотам сцените кои што беа со неа. Незнам дали таква била замислата на режисерот ама мене ми беше многу тапа. Мислам стварно женскава не беше толку антипатична во Призн Брејк и во Калифорниа.
П.С. После гледањево на серијава знам дека во Сиетл никогаш нејќам да отидам. Па се истури од врнење, ден не промашија :)
 
^ Богами стварно се скапа од врнење, кутрите сонце не виделе на снимањето. :D
Иначе добра серија, нешто поразлично од ваквиот тип на серии. Ми се допадна крајот на првата сезона, сега баш ме занима да видам што ќе се деси у новата сезона.
Посебно не очекував дека ќе се деси последната сцена во авионот со Линден и повикот што го доби.:icon_lol:
 
Серијата е одлична, затоа што е како ниедна друга, и доловува чуство кое ни една друга не успева, го напишав моето мислење во темата предлог за серии, а тек сега ја гледам темава :oops:

Браво Io Sono за предлогот, дефинитивно се согласувам дека оваа серија е посебна, не дека е премногу квалитетна, но за една работа мора да и се одаде признание, а тоа е реалноста, едноставно ништо во неа не ми одскокнува и да делува дека е over-done, се е во доста добра складност од поглед на одвивање на настаните, е сега дека глумата може да биде подобра се слагам, ама сепак не ми пречи :)

П.С. Мистерија и мелахонија, или можеби dark? термините кои никогаш не можеле подобро да опишат една серија, тоа што врнеше често ја прави уште подобра за доловувањето на тој ефект кај гледачот, мене токму тоа чуство ме натера да ја гледам, спротивно од повеќето (како и секогаш lol) но секој со свој приоритет и вкус нели?
 
Втора сезона на 1ви април, според episodecalendar.com
На 1ви април:
Californication - финале
Game of Thrones и The Killing стартуваат.
На 2ви април да незнаеш што попрво да гледаш :)
 
tk2-keyart-700x1037.jpg


Можам да осетам на каде ќе се движи втората сезона....

http://blogs.amctv.com/the-killing/2012/03/season-2-poster.php
 
Втората сезона ќе се движи во правецот во кој требаше да се движи во првата сезона. А и премиерата на 1-ви Април. GoT ќе ги прегази.
 
Втората сезона ќе се движи во правецот во кој требаше да се движи во првата сезона. А и премиерата на 1-ви Април. GoT ќе ги прегази.
Не сум сигурен дека мислиме на истото. Јас мислам дека ќе се тера накај градоначалникот и како некои големи луѓе има замешано во убиството, баш затоа и она be careful what u uncover, за да на крај испадне несреќен случај :D (шала последново)
 
Не сум сигурен дека мислиме на истото. Јас мислам дека ќе се тера накај градоначалникот и како некои големи луѓе има замешано во убиството, баш затоа и она be careful what u uncover, за да на крај испадне несреќен случај :D (шала последново)
Да, мислев на тоа дека ќе дознаеме кој е виновен за убиството. Нешто што требаше да се случи претходната сезона. Немаш појма колку се изнервирав на финалето. Редно време е сериите да сфатат дека употребата на red herrings е глупа работа.
 
Мислев дека имам пишано поназад дека се повеќе од 2 сезони ќе биде лошо, али изгледа во некој приватен муабет го имам спомнато.
И Данската верзија имала 20 епизоди.
 
Мене ми ја фалеа некаде данската верзија дека била подобра. А американската ќе тера се' додека има гледаност, најверојатно со нови убиства. Или не, нека решаваат едно убиство сто сезони. Ете, пак се изнервирав. Во секој случај, мило ми е што ќе падне во заден план ради Троновите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom