Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.340
- Поени од реакции
- 57.953
"The Killing" (2011)
Ако добро ме служи новиов систем за пребарување на форумов, тема за оваа серија не е отворена. Пред некое време ги изгледав сите 13 епизоди од првата сезона и мислам дека серијава и тоа како заслужува тема. Не бев импресиониран од пилотот па некако се одлучив да изгледам уште епизода-две, да видам дали ќе ми фати око. Енд ит хеппнд! Како одминуваа епизодите, серијата се повеќе и повеќе ме заинтригираше, па сега едвај чекам да почне втората сезона, иако сум убеден дека турбо гледање на 13 епизоди во овој случај е многу подобро од недела за недела...
Како и да е, втора сезона сигурно ќе има, серијата се пренесува на кабелската AMC, телевизијата веќе ги откупила правата. Ќе им се допадне на оние кои сакаат крими серии, а мене посебно ми се допадна следново: сум гледал многу филмови со истрага околу некое убиство. Филмот завршува за 2-3 часа во кои се набутани најважните делови од истрагата, нешто во кратки црти. Од друга страна, не ги сакам крими сериите во кои секоја епизода се решава друг случај, тие се уште побрзи од филмовите. Оваа серија има само една тема: убиството на Rosie Larsen и отплеткувањето на целиот тој случај. Истрага онака во реално време, долга, исцрпувачка, со многу пресврти. Убаво конципирана, а посебно ми се допаѓа делот во кој е обработен начинот со кој семејството Larsen се справува со ситуацијата. И посебно ми се допаѓа завршницата на секоја епизода, секогаш со истиот саундтрак кој ја подига атмосферата.
Од почетокот не ми се допаѓаше кастингот, посебно на двајцата детективи кои го водат случајот, но со време ај кајнд а лајк дем. Ми се допаѓаат Larsen-ови, мислам дека се перфектен избор.
Се надевам дека Who Killed Rosie Larsen е прашање кое ќе не мачи повеќе сезони. Би ве замолил без спојлери, да не расипуваме и да можеме да заебеме што повеќе луѓе да ја гледаат серијата. Препорака за сите, освен за Менхетен и Бенеамата и нивните хејтерски вкусови.