The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.082
Поени од реакции
62.194
"The Killing" (2011)

images

Ако добро ме служи новиов систем за пребарување на форумов, тема за оваа серија не е отворена. Пред некое време ги изгледав сите 13 епизоди од првата сезона и мислам дека серијава и тоа како заслужува тема. Не бев импресиониран од пилотот па некако се одлучив да изгледам уште епизода-две, да видам дали ќе ми фати око. Енд ит хеппнд! Како одминуваа епизодите, серијата се повеќе и повеќе ме заинтригираше, па сега едвај чекам да почне втората сезона, иако сум убеден дека турбо гледање на 13 епизоди во овој случај е многу подобро од недела за недела...

Како и да е, втора сезона сигурно ќе има, серијата се пренесува на кабелската AMC, телевизијата веќе ги откупила правата. Ќе им се допадне на оние кои сакаат крими серии, а мене посебно ми се допадна следново: сум гледал многу филмови со истрага околу некое убиство. Филмот завршува за 2-3 часа во кои се набутани најважните делови од истрагата, нешто во кратки црти. Од друга страна, не ги сакам крими сериите во кои секоја епизода се решава друг случај, тие се уште побрзи од филмовите. Оваа серија има само една тема: убиството на Rosie Larsen и отплеткувањето на целиот тој случај. Истрага онака во реално време, долга, исцрпувачка, со многу пресврти. Убаво конципирана, а посебно ми се допаѓа делот во кој е обработен начинот со кој семејството Larsen се справува со ситуацијата. И посебно ми се допаѓа завршницата на секоја епизода, секогаш со истиот саундтрак кој ја подига атмосферата.

Од почетокот не ми се допаѓаше кастингот, посебно на двајцата детективи кои го водат случајот, но со време ај кајнд а лајк дем. Ми се допаѓаат Larsen-ови, мислам дека се перфектен избор.

Се надевам дека Who Killed Rosie Larsen е прашање кое ќе не мачи повеќе сезони. Би ве замолил без спојлери, да не расипуваме и да можеме да заебеме што повеќе луѓе да ја гледаат серијата. Препорака за сите, освен за Менхетен и Бенеамата и нивните хејтерски вкусови.
 
Во општата тема за серии прашував за The Killing оти ми фати око на имдб... само coward, не ми се даваше да трошам нет на непроверено.
Сега ставено е да се симнува, до крајот на неделава се надевам ќе изгледам за да пишам мислење :)
 
До сега бар на 3 места ја имам прочитано како препорака ама сеуште се немам накането да ја гледам...
 
нешто како Pretty Little Liars или ?
Не знам, кому му е гледано тоа нека одговори. Ако можам со некој филм да ја споредам серијава (иако е глупаво тоа) би рекол Mystic River. Добра драма е во секој случај.
 
Не знам, кому му е гледано тоа нека одговори. Ако можам со некој филм да ја споредам серијава (иако е глупаво тоа) би рекол Mystic River. Добра драма е во секој случај.
Готово и јас ќе ја гледам. Се мислев, оти имам многу серии за гледање ама после ова обавезно ја симнувам.
 
Готово и јас ќе ја гледам. Се мислев, оти имам многу серии за гледање ама после ова обавезно ја симнувам.
Не се многу 13 епизоди ќе ги мавнеш за два дена и се враќаш на другите серии :)
 
Ае, може да ја лупнам и јас оваа, дека се малце епизоди, да ги фатам со ред...
 
нешто како Pretty Little Liars или ?
Нуп, ова е посериозна серија. ПЛЛ поише е наменета за тинејџери.
Изгледани прва и втора епизода, трета се симнува, полека почнувам да ги учам ликовите, фино ми делува. Ќе му верувам на Иосоно дека натаму уште подобра станува. :)
 
Ае, може да ја лупнам и јас оваа, дека се малце епизоди, да ги фатам со ред...
Ти го дочита првиот пост до крај или не? :)
--- надополнето: Jul 5, 2011 9:37 PM ---
Нуп, ова е посериозна серија. ПЛЛ поише е наменета за тинејџери.
Изгледани прва и втора епизода, трета се симнува, полека почнувам да ги учам ликовите, фино ми делува. Ќе му верувам на Иосоно дека натаму уште подобра станува. :)
Пилотките се стандард досадни...
 
Ти го дочита првиот пост до крај или не? :)
--- надополнето: Jul 5, 2011 9:37 PM ---

Пилотките се стандард досадни...
: pos:
Не прочитав до крај, сега го читам, а и не сум хејтер, едноставно даваш лоши предлози, еве сеа wot го прашувам што сака да го частам за една серија што ми предложи :)
Подзамисли се малце :p
 
: pos:
Не прочитав до крај, сега го читам, а и не сум хејтер, едноставно даваш лоши предлози, еве сеа wot го прашувам што сака да го частам за една серија што ми предложи :)
Подзамисли се малце :p
Па што ги гледаш? :)
И со Game of Thrones да не те заебав? :)
 
Па што ги гледаш? :)
И со Game of Thrones да не те заебав? :)
Па сакам да видам до кај моеш да ме заебеш со филмовиве :D
После нив, и Meet the Spartans ќе ми биде во топ 3 филмови, нели? :)
GoT уште не ја почнав, али не си фактор за нејзе, пола свет ја гледа, нели? :)
 
GoT не си ја почнал??? Не е ни чудо што престанав да ти препорачувам. Да имаше опција да се скрие мислење од некои членови... :) Иначе за GoT не сум фактор освен што меѓу првите на форум почнав да јадам бурек за серијата. Мене иначе џимеј ми ја кажа.

Он - топик, прочитајте го убаво првиот пост, не реков дека е фантастична серија или must-see, но мислам дека е добра и се потрудив да ја опишам за да си ја најде таргет групата на форумов. Ти иначе си во сите таргет групи, секаде го пикаш носот :)
 
Се шалев де за ГоТ, знам дека прв почна, али сепак, од други серии и обврски немав време за таа, а моментално неам место во компјутерот, така да ќе почека до 1ви август :)

Иначе со оглед на тоа што е крими, дефинитивно влегувам во таргет групата, за серии се можам да гледам освен Вампирите на Ана Рајз :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom