The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Чекам subtitles за да гледам Killing не можам да се напрегам за да слушнам се.

Инаку мене оваа сезона некако ми е досадна (освен првата епизода), воопшто не можам да се поврзам со приказната со серискиот убиец.
 
Супер ми беше епизодата, конечно ја видовме Линден во правото светло а и Холдер ги батали костумите. Имаше и убав и суптилен хумор посебно во болницата :)
 
Изгледај ја уш еднаш Декстер последната :D
Абе види, јас ја мислам дека беше една од најдобрите поради то шо секоја сцена имаше значење, немаше филер сцени и се беше одлично реализирано. Знам дека немаше некои класични wow-моменти, ама беше одлична транзитна епизода за вториот дел од сезонава.

Немој Декстер жити се ќе погинам сезонава додека да заврши :)
Инаку што знам некако за ништо ми беше сценана со татко му, ништо посебно муабет не се сврти ми изгледаше како пополнување време да е, мајка и на Кали со работиве што ги прави страшно многу на живци ми оди.
И ја заборавив сцената во затворот кога се обеси црнецот беше добра, ми се свиѓаше сето тоа.
 
Напнато, напнато, супер епизода, за на крај клише at its finest со Булет.
Се јавува, кажува на секретарката дека знае кој е, името не го кажува и ете го убиецов кај кафичот. Најстара фора, ептен зезнаа тука, освен тоа другото во епизодата беше одлично иако не можам да сфатам каде планираат да тераат со приказната за овој чуваров ќелавиов.
 
уф како ме потсети епизодава на претходната сезона :cuc:

најдобра од трета до сега според мене..
 
Oдлична беше епизодава, само едно ми е малку нелогично.

Како тоа Линден не се ни посомнева дека можеби Милс ја лажел Данет дека бил Аљаска. Некако ептен наивен потег од нејзина страна.
 
Сега уште да ја најдат Кали и сите среќно си живееја. Океј освен Реј (освен ако не направат чудо наредната епизода).
Како и да е, супер епизода беше оваа.
 
Најдобрата сцена од оваа епизода, можеби и од цела сезона беше разговорот меѓу Реј и другиот затвореник кога беа излезени надвор. Два пати ја пуштив, неверојатно нешто.
 
Најдобрата сцена од оваа епизода, можеби и од цела сезона беше разговорот меѓу Реј и другиот затвореник кога беа излезени надвор. Два пати ја пуштив, неверојатно нешто.

И Холдер во колата со женска му страшно добра глума.
Актериште ќе биде, огромен потенцијал има.
 
Серијава завршена е или уште се снима ?
 
Не е завршена, 2те сезони беа со еден случај, сега третава веќе има 9 епизоди и е друг случај со сериски убиец.
 
Супер епизода, наредна недела мислам дека дупла епизода ќе биде и завршува сезонава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom