The Handmaid's Tale

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам, 1ва и 2ра беа во Април излезени па по таа логика одам. Немаат официјална најава
Не им е толку биден датумот стриктно, Хулу е стриминг сервис, не е телевизија иако ги даваат епизодите на неделна база, ако случајно Гаме оф тронес се емитува во Април, веројатно ќе ја поместат серијата на лето но не прекасно за да влезат во конкуренција за Еми наградите.
 
Проблемот со дистопични серии е што мораш да пробаш да го извадиш ликот од дистопијата, а ако го извадиш веќе немаш серија.
Три пати досега сезонава имаше шанса да избега. Ама ако избега, како што кажав, ќе немаше серија. Handmaid's tale е во Гилеад, а не во Канада. Ако избега и проба да си го спаси семејството ќе биде серија на CW, а не на Хулу.
А ако не избега, ќе гледаме патетики како тоа она пробува да избега, ама нешто ја спречува.
И така до седма сезона.
Затоа дистопични ствари е фино да завршат после прва сезона и Handmaid's tale за мене заврши во моментот кога Офред влезе во камионот на финалето од прва сезона.
 
Не ми е за жалење ич, али сепак ми падна криво за Серена. Тек сега ќе почне да ја мава реалноста уште повеќе. Али ако, нека си трпи и она малце, со тие нејзините глупости ги врати жените во среден век.
Не се согласувам за Серена, мене баш ми е жал за неа. Јас ја сместувам дури и на исто ниво со Емили, во некоја мера. На жената која беше толку силна, држеше толку говори, беше супериорна во однос на Фред, и ги зедоа сите работи кои ги сакаше: прво, ја направија немоќна и безгласна, потоа и пукаа во стомакот и ја направија јалова, а толку сака да има дете. Таа затоа глумеше толку покорна сопруга - во Гилеад виде шанса да го добие детето кое инаку не може да го има. Еве, и во финалево се виде колку е она позитивен лик. Само да не се исплаши сега уште повеќе, по отсекувањето на прстот, па во трета сезона да глуми уште попокорна сопруга, што не верувам. Убеден сум дека сега ќе се здружи со робинките и мартите за да избегаат од Гилеад, или барем да ја подобрат позицијата на жената таму.
 
Не е на исто ниво со робинкиве, никогаш не би ја ставила во тој кош, не ја силуваат нејзе секој месец.
Жената сакала нешто, и да не го замислувала Гилеад вака, била една од неговите создавачи и за тоа никогаш нема да ми е многу гајле за неа. Едино ја жалам што укапира тек сега дека е уствари предадена од маж и, е за тоа да ја жалиме, за другово нека си го жнее посеаното.
 
Ја гледа ли уште некој?
Имав заостанато со 4-5 епизоди и ги изгледав наеднаш за да не ми стојат. И со втора сезона стоев на тоа дека требаше да завршат со таму кајшто завршува книгата и да не тераат бизниси. Со третава сезона дотолку ја отупеа веќе, што адутот на мизерија више не пали и сите тие моменти што ме дирнуваа и нервираа сега се веќе whatever.
Се надевав дека со третава ќе им текне да ја завршат некако асално и да не ја тегават веќе, али не, прочитав дека серијава е обновена и за четврта сезона. :D
Најверојатно ќе прочитам како ќе заврши кога ќе и дојде крајот, ако ме занима дотогаш здравје, али ги догледувам уште последниве три епизоди од третава сезона и ја баталувам.
 
Последниве две епизоди беа благ ужас! Дојдов до тој степен да навивам да фрлат една атомска бомба врз Гилеад и се да ојде у курац!
 
Иако уште неснимена и непочната четврта сезона, серијава добива зелено светло и за петта. :LOL:

Мене ми направија услуга, се двоумев, али уште минимум две сезони не планирам да се измачувам.
 
Никој ништо не спомнува за серијава, веројатно сите се откажаа. Јас конечно ја догледав четвртата сезона, започната уште кога излезе, лани, и морам да кажам дека се придвижи од мртва точка и вртење во круг. Особено последните неколку епизоди - врв! Се надевам, а и по се изгледа така ќе е, дека петтата сезона ќе биде последна.
 
Ги завршив сите 5 сезони. И не знам како стигнаа од такви заплети до целосна монотонија на епизодите. Фантастични први две сезони ништо налик ова досега не сум гледала.
Чекам 6та сезона да окончаат веќе со некаков крај но официјален датум уште не видов дека имаат.
 
По хаотичната четврта сезона ја имав баталено серијава, но обично мразам кога оставам работи недовршени, па последните 3 дена ја изгледав петта. Мислам дека е една од најдобрите сезони од серијата од почетокот до денес! Многу убаво ми легна, се надевам ќе остане на тоа ниво и следната, а ветува, по сцената со Џун и Серена во возот.
 
Ај здраво живо.
И јас ве стигнав.
Ваква серија што до толку ќе ме фрапира, не сум гледал. Првите сезона-две беа такво ремек дело што немав зборови. Визуално сите сезони беа предобри, ама првите три мислам беа врв. Глумата во серијава е стварно на високо ниво. Ме нервираше Џун низ целата серија, освен последната сезона. Тука веќе почна со по-правилни одлуки. Глумата на Емили, Џанин, Џун, Серена, Лоренс, Естер (y). Ама имам огромна замерка. Зошто не ја завршија серијата после 3-4 сезони? Зошто мораше да се вртиме у круг и да пополнуваат епизоди со непотребни филери? Пари. Едвај чекам да заврши, досадно стана веќе.

Омилен лик, дефинитивно Лоренс. Од првото
негово појавување кажав - овој ќе биде важен лик! Каква харизма има човеков.. Одличен глумец!

Е сега да кажам нешто и за една од најубавите жени што ги имам видено на екран. Серена. Каква лепота е оваа жена. Со собрана, со спуштена коса, во официјална гардероба, во фустан.. Никоја не можеше да и парира. Преубава жена!
IMG_1830.jpeg

IMG_1831.jpeg
Шо би рекол Злате: :drk:
 
Прегледај го приврзокот 444942

Прегледај го приврзокот 444946
Шо би рекол Злате: :drk:
Серијава ја имам гледано 5-6 пати само ради неа. :drk:
 
Ја гледа некој новава сезона? Некако за прв пат по долго време почна да мрда од мртва точка и да полека да се наѕира крајот. До сега ми се допаѓа како се развива, па ќе видиме до крај.
 
Чекам да излезат сите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom