- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.122
- Поени од реакции
- 31.904
The Crown е историска драмска веб тв серија за владеењето на британската кралица Елизабета II, креирана од Питер Морган, а продуцирана од Сони и Left Bank Pictures за Нетфликс. Питер Морган е режисерот на познатиот The Queen (2006), со Хелен Мирен како Елизабета, кој беше номиниран за Оскар за најдобар филм, а од каде и ја добил идејата за серијата. Намерата е серијата да трае 6 сезони или вкупно 60 епизоди, од кои до сега се излезени 3 сезони, односно 30 епизоди од по 1 час. Секоја епизода има посебно дејство, за еден момент од британската историја за време на владеењето на Елизабета II, па така претпоставувам и засебно да се гледаат како мали ТВ филмови, нема да се чувствуваш изгубен во дејството, но сите хронолошки се поврзани. Намерата на Морган е на секои 2 сезони да се менува целиот каст, нормално, како што стареат ликовите. Па така, во првите 2 сезони кралицата ја глумеше Клер Фој, во 3 и 4 сезона Оливија Колман, а последните 2 сезони се веројатно резервирани за Хелен Мирен, повторно. Мет Смит и Ванеса Кирби ги глумат принцот Филип и принцезата Маргарет во првите 2 сезони, а во трета и четврта сезона Маргарет е Хелена Бонам Картер. Првата сезона излезе целосно на Нетфликс на 6 ноември 2016, и се закити со бројни награди за глума, режија, сценарио, кинематографија како и за целокупната продукција. Наградите се повторија и за втората сезона, а верувам нема да изостанат и за третата, зашто и со целиот нов каст нема никаков пад во квалитетот. За првите 2 сезони освои вкупно 26 ЕМИ номинации и многу награди.
The Crown го следи животот на кралицата Елизабета II од нејзината свадба во 1947 до денес:
1 сезона започнува со нејзината свадба, и трае до повлекувањето на Черчил од премиерската позиција и одлуката на сестрата на Елизабета, Маргарет, да се омажи за Питер Таунсенд.
2 сезона ја покрива кризата кај Суецкиот канал во 1956, што води до пензионирање на премиерот Ентони Идн, потоа повлекувањето од позицијата на премиерот Харолд Макмилијан во 1963 по Profumo аферата, се до раѓањето на принцот Едвард во 1964.
3 сезона е сместена во периодот 1964-1977, почнувајќи со изборот на Харолд Вилсон за премиер, и завршувајќи со сребрениот јубилеј на кралицата.
4 сезона ќе биде за време на Маргарет Тачер како премиерка, и подемот на Лејди Дијана Спенсер.
...
Првата сезона од 10 епизоди, инаку, се уште се смета за најскапа сезона во историјата на телевизијата, со потрошени преку 130 милиони долари. Само венчаницата на кралицата од првата сезона чинела преку 35 илјади долари. За продуцирањето на првата сезона се сошиени околу 7000 костими и изградена е реплика на Бакингамската палата во нејзината оригинална големина! Нема веродостојни податоци колку чинела продукцијата на наредните сезони, но како и да е, ако не е најскапата серија (а многумина велат дека е) тогаш е сигурно втора најскапа серија некогаш направена (се разбира, по GoT).
Морган за серијата вели: „The Crown не е само за кралската фамилија, туку за пропаѓањето на една империја, надолната линија на еден свет и залезот на една ера.“ Во врска со историската точност на серијата, се развија неколку полемики: прво, за начинот на кој Елизабета и Черчил противречат на Маргарет на нејзината одлука да се венча со Питер Таунсенд, велејќи и дека ако го направи тоа ќе ја изгуби кралската титула, што во реалноста било сосема поинаку, понатаму - прикажувањето на Елизабета како одлучува да оди во Гана за да се натпреварува со популарноста на Џеки Кенеди беше исмеано од критиката, итн. Но сепак, генералната оценка за серијата и од критиката, и од гледачите е повеќе од позитивна. Серијата продолжува да плени со својот раскош, во секој поглед, на секое ниво, и да освојува бројни награди. Мене најмногу ме плени кинематографијата, зашто додека ја гледам серијава се чувствувам како камерата да е уште еден тивок раскажувач, или дополнувач на приказната. За тоа - подолу. Сега само морав што побрзо да ја отворам темава, зашто ако бугарски и турски серии имаат свои теми на форумов, The Crown заслужува многу повеќе од нив!