The Crown

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.736
Поени од реакции
39.205
Локација
Скопје
The Crown е историска драмска веб тв серија за владеењето на британската кралица Елизабета II, креирана од Питер Морган, а продуцирана од Сони и Left Bank Pictures за Нетфликс. Питер Морган е режисерот на познатиот The Queen (2006), со Хелен Мирен како Елизабета, кој беше номиниран за Оскар за најдобар филм, а од каде и ја добил идејата за серијата. Намерата е серијата да трае 6 сезони или вкупно 60 епизоди, од кои до сега се излезени 3 сезони, односно 30 епизоди од по 1 час. Секоја епизода има посебно дејство, за еден момент од британската историја за време на владеењето на Елизабета II, па така претпоставувам и засебно да се гледаат како мали ТВ филмови, нема да се чувствуваш изгубен во дејството, но сите хронолошки се поврзани. Намерата на Морган е на секои 2 сезони да се менува целиот каст, нормално, како што стареат ликовите. Па така, во првите 2 сезони кралицата ја глумеше Клер Фој, во 3 и 4 сезона Оливија Колман, а последните 2 сезони се веројатно резервирани за Хелен Мирен, повторно. Мет Смит и Ванеса Кирби ги глумат принцот Филип и принцезата Маргарет во првите 2 сезони, а во трета и четврта сезона Маргарет е Хелена Бонам Картер. Првата сезона излезе целосно на Нетфликс на 6 ноември 2016, и се закити со бројни награди за глума, режија, сценарио, кинематографија како и за целокупната продукција. Наградите се повторија и за втората сезона, а верувам нема да изостанат и за третата, зашто и со целиот нов каст нема никаков пад во квалитетот. За првите 2 сезони освои вкупно 26 ЕМИ номинации и многу награди.
the-crown.jpg
The Crown го следи животот на кралицата Елизабета II од нејзината свадба во 1947 до денес:
1 сезона започнува со нејзината свадба, и трае до повлекувањето на Черчил од премиерската позиција и одлуката на сестрата на Елизабета, Маргарет, да се омажи за Питер Таунсенд.
2 сезона ја покрива кризата кај Суецкиот канал во 1956, што води до пензионирање на премиерот Ентони Идн, потоа повлекувањето од позицијата на премиерот Харолд Макмилијан во 1963 по Profumo аферата, се до раѓањето на принцот Едвард во 1964.
3 сезона е сместена во периодот 1964-1977, почнувајќи со изборот на Харолд Вилсон за премиер, и завршувајќи со сребрениот јубилеј на кралицата.
4 сезона ќе биде за време на Маргарет Тачер како премиерка, и подемот на Лејди Дијана Спенсер.
...

Првата сезона од 10 епизоди, инаку, се уште се смета за најскапа сезона во историјата на телевизијата, со потрошени преку 130 милиони долари. Само венчаницата на кралицата од првата сезона чинела преку 35 илјади долари. За продуцирањето на првата сезона се сошиени околу 7000 костими и изградена е реплика на Бакингамската палата во нејзината оригинална големина! Нема веродостојни податоци колку чинела продукцијата на наредните сезони, но како и да е, ако не е најскапата серија (а многумина велат дека е) тогаш е сигурно втора најскапа серија некогаш направена (се разбира, по GoT).

the-crown-season-3_poster_goldposter_com_2.png

Морган за серијата вели: „The Crown не е само за кралската фамилија, туку за пропаѓањето на една империја, надолната линија на еден свет и залезот на една ера.“ Во врска со историската точност на серијата, се развија неколку полемики: прво, за начинот на кој Елизабета и Черчил противречат на Маргарет на нејзината одлука да се венча со Питер Таунсенд, велејќи и дека ако го направи тоа ќе ја изгуби кралската титула, што во реалноста било сосема поинаку, понатаму - прикажувањето на Елизабета како одлучува да оди во Гана за да се натпреварува со популарноста на Џеки Кенеди беше исмеано од критиката, итн. Но сепак, генералната оценка за серијата и од критиката, и од гледачите е повеќе од позитивна. Серијата продолжува да плени со својот раскош, во секој поглед, на секое ниво, и да освојува бројни награди. Мене најмногу ме плени кинематографијата, зашто додека ја гледам серијава се чувствувам како камерата да е уште еден тивок раскажувач, или дополнувач на приказната. За тоа - подолу. Сега само морав што побрзо да ја отворам темава, зашто ако бугарски и турски серии имаат свои теми на форумов, The Crown заслужува многу повеќе од нив!
 
Како човек на кој воопшто не му е гајле за Британската Кралска фамилија и превртувам очи кога ќе се спомнат по медиуми како второ доаѓање на Исус сепак мора да кажам дека оваа серија е фантастична. Немам ниту една замерка, напротив серијава ме тера повеќе да читам за настаните кои се сличиле овде во реалниот свет. Мислам дека е многу квалитетна серија со одлична глума, супер актери, автентични костими и добро раскажана приказна/историја.
 
Интересна серија, помалку и критична да речам.
Малце актерката што ја глуми кралицата на постари години ми е ептен annoying, aма се трпи.
Уште една од низатa"ништо спектакуларно,но вреди да се погледа" тип на серии.
John Lithgow како Черчил е импресивен.
 
И четвртава сезона - бонбонче. Може немаше таква WTF епизода ко S03E03, и повеќе беше фокусирана на политиката (Маргарет Тачер), но мислам дека беше малку повеќе критична од претходните сезони. Мислам дека нема лик, ниту еден, кој е претставен или во целосно позитивно, или во целосно негативно светло. А ако бракот на Чарлс и Лејди Ди бил навистина таков како што е прикажан тука, тогаш тоа копилето што е прв на листа да стане крал - се надевам никогаш нема да биде. @Ilumious , ја гледаше?
 
И четвртава сезона - бонбонче. Може немаше таква WTF епизода ко S03E03, и повеќе беше фокусирана на политиката (Маргарет Тачер), но мислам дека беше малку повеќе критична од претходните сезони. Мислам дека нема лик, ниту еден, кој е претставен или во целосно позитивно, или во целосно негативно светло. А ако бракот на Чарлс и Лејди Ди бил навистина таков како што е прикажан тука, тогаш тоа копилето што е прв на листа да стане крал - се надевам никогаш нема да биде. @Ilumious , ја гледаше?
Сѐ уште не, 2-3 недели ме немаше и на форум, обврски и дедлајни куп, ќе ја изгледам неделава во секој случај.
 
Изгледав само две епизоди и можам да кажам дека ова е серија со најпогоден кастинг досега! Актерите немаат промашај.

Дајана <3 Ме фати носталгија по времињата кога бев мала и Лејди Ди беше на секој можен канал и новина како пример за секое женско а не ова Карди Б, Кардашијан шундов што ни се сервира.

П. С. Дајте го глобусот за Гилијан Андерсон за вторава епизода.
 
Последно уредено:
Една од мојте нај омилени серии, без здив ја изгледав..
Чарлс и камила да даде господ гром да ги удри, Дајена лелелеле се стопив од приказната, која судбина, какво девојче со каков кретен, ми идеше телевизорот да го скршам, нерви искинав како никој не застана да ја подржи, ќе цркнеше од љубомора копилето ружно зашто сите ја сакаа а него ни пичкин дим.
Разговорот на квин Бети и Филип..
Овој и вика зошто ти не танцуваше за мене вака, а Бети јас колку што бев информирана, ти имаше доста балерини за таа намена :icon_lol::icon_lol:
 
Една од мојте нај омилени серии, без здив ја изгледав..
Чарлс и камила да даде господ гром да ги удри, Дајена лелелеле се стопив од приказната, која судбина, какво девојче со каков кретен, ми идеше телевизорот да го скршам, нерви искинав како никој не застана да ја подржи, ќе цркнеше од љубомора копилето ружно зашто сите ја сакаа а него ни пичкин дим.
Разговорот на квин Бети и Филип..
Овој и вика зошто ти не танцуваше за мене вака, а Бети јас колку што бев информирана, ти имаше доста балерини за таа намена :icon_lol::icon_lol:
Ne mu prosti za slikata so balerinata :) , a kolku mozese porazilcno da bide .. moze duri i makedonija ke se vikavme :) , offtopika ko zezancija , inace so landslide epizodata i decata maz na 36 godini placam , a kerka mi se budi i vika tato dont cry its just a dream , se skrsiv ko staklo u picku materina , mother fucking excelance od pocetok do kraj
Автоматски споено мислење:

Гилиан Андерсен брилијантна како Маргарет Тачер!
Dryze gledaj go ova i ke vidis genijalnos vo igranje na lik. So pricina e bila Iron lady
 
Филип тежок комплексаш и идиот според серијата, ако ваков бил и навистина во приватен живот.
 
Мене Филип толку не ми смета, си фура он некој негов филм, има некои сонови, кои, нормално, се неостварливи. Ама тоа ѓубрето Чарлс сакам да го погоди метеор пред да стане крал, и никогаш да не стане (секако, ако навистина бил таков каков што е прикажан тука). Камила секако ќе ја стрефи нешто, од цигарите.
Автоматски споено мислење:

А, и оваа Ана е тешка огорчена сељандура!
 
Мене Филип толку не ми смета, си фура он некој негов филм, има некои сонови, кои, нормално, се неостварливи. Ама тоа ѓубрето Чарлс сакам да го погоди метеор пред да стане крал, и никогаш да не стане (секако, ако навистина бил таков каков што е прикажан тука). Камила секако ќе ја стрефи нешто, од цигарите.
Автоматски споено мислење:

А, и оваа Ана е тешка огорчена сељандура!
Аууу која бештија Злате, како не се најде некој да ја расчепи.
Принцес Маргарет ми е закон, едина со трезвено размискжлување, ама џабе не ја ставаат на такво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom