Види, ако брчам, и јас ќе ја изиграм Квитова утре, само не се чувствувам нешто посебно среќен во врска со тоа.
За Лисицки кажав, за Агнешка по дифолт ќе навивам, но не се кладам, а сите вие заборавате, или не знаете, дека Бартоли има играно ФИНАЛЕ на Вимблдон, кое го изгуби против Венус. Во полуфиналето ја доби, ни помалку ни повеќе, Жастин Анин. Така да, Бартоли има игра за на трева, а оваа Стефанс е прилично неартикулиран играч. Има таа многу да учи за тенисот, иако несомнено има потенцијал да биде и број 1 на WTA.
А да, ќе заборавев. Флипкенс два пати досега ја има добиено Квитова, всушност води во меѓусебните 2-1, последниот пат оваа година во Мајами...