The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
da te prasham , dali Novak imashe brejk prednost i vo trite seta , dali se macheshe so servisot , dali napravi okolu 40 neiznudeni , dali odigra 7-8 glupavi drop shotovi , isto tolku voleji , na mreza izgubi 90 posto poeni , behendot pak slab . Ti nabrojav nekolku elementi , eden od tie da beshe posalam ,Marej ke izgubeshe. So takvo prosechno izdanie i publika protiv izgubi . E sega zoshto tolku bitni elementi ne mu funkcioniraa e prashanjeto , takvi kiksovi ne smeat da mu se sluchuvaat protiv Marej , Nadal i Federer . Protiv Delpo , Conga , Berdych i ostali ke projde , ama protiv trojcata teshko , brakata kaznuvaat , ti djabe go imash materijalot , ako ne go vgradish , kako da si go nemal. Ne e samodoverbata , naprotiv, jas mislam deka samobendisanosta ke da e

Сакаш од фановите на Надал да признаат дека Надал е послаб во некои работи според твое мислење,а сеа кога ти ја кажуваме вистината никако да прифатиш дека Мари може на трева од Федекс само да изгуби.
 
Сакаш од фановите на Надал да признаат дека Надал е послаб во некои работи според твое мислење,а сеа кога ти ја кажуваме вистината никако да прифатиш дека Мари може на трева од Федекс само да изгуби.

Може и од друг да изгуби, не е тоа спорно, али општо гледано он е подобар и од Надал и од Ѓоковиќ на трева.

Ѓоковиќ е како боксер кој борбите ги добива на кондиција - спремен е да издржи многу “ќотек“, да се најде во тешка инфериорна положба и да се извлече од неа, крајно да го измори противникот и со неколку одлични потези да го докрајчи... Друг план нема, и ако “одличните потези“ станат “очајни потези“, тогаш нормално губи, колку и да издржел, џабе.

Чуден случај донекаде, има сила да се врати од тешки ситуации, но нема спортска дрскост и килер инстинкт да одигра топки кои на еден вистински шампион (да речеме, Федерер) би му носеле сигурни поени. Се убаво дефанзива, ама да промашиш толку смеча кога секој во публиката го гледа како твој поен, а ти му ја враќаш на противникот (од цел терен, еееј) и го губиш поенот... Тоа најголемите не го прават. Новак е голем, но не е еден од најголемите.

Многу добра забелешка од твоја страна. Тоа му фали на Новак, особено во 2013 година. Да не набројувам колку пати сезонава сервираше за меч и потоа ја усра работата, или пак имаше брејк предност па го губеше моментално. Без разлика на се, он е шестократен Грен Слем освојувач и е голем шампион, нема тука дилеми, али дека му фали килер инстикт му фали, и те како, нешто што Надал и Федерер ги одвојува од останатите.
 
Јебига тоа е тоа, она што ме изненади оваа година е неверојатниот запрепастувачки напредок на Ноле т.е. неговото движење на трева, газеше и трчаше далеку подобро него порано, но сепак неколку елементи сеуште ги нема усовршено.

Ноле едноставно е лош смечер, Ноле е релативно лош на мрежа, згора на тоа лошо се снаоѓа со слајсовите на трева, како во дефанзива претварање на иститите во напад, така и во офанзива, едноставно не се осеќа комотно додека ги изведува или реагира на нив. За разлика од него Мареј нема проблем со нив, напротив се бранеше и остануваше во игра за да има место да се врати во конкурента позиција со нив, релативно лесно би рекол и неверојатно....

Исто така битен елемент е тоа што Ноле според мене некако неможе да добива играчи кои се основаат на одлични дефанзивни тактики, Ноле напаѓа добро, но на тврда подлога, или на земја, на трева како да незнае да го заврши поенот со неколку удари, неможе да продуцира доволно сила за да го заврши поенот веднаш....наместо тоа се одлучува на градење поен, кој полека влага во долга размена, при што следуваат неколку слајса и спинови по кои што он неможе да нападне ефективно дури и да сака во дадените шанси....едноставно го нема оној клик на пократките топки, кога веднаш знаеш дека топчето ќе завши како винер, е тука да е пример еден Федерер во добра форма, ниедна одбрана не помага.

Едноставно најлошата подлога на Ноле, човекот не е доволно самоуверен и има психичка пречка со неколку елементи кои се клучни на трева, или на кратко не е природен играч на трева како што се Мареј и Федерер, се согласувам кога некој кажа дека само Фед може да го тепа овој Мареј на трева, и тоа оној Фед од пред неколку години, не овој во моментов.

Честито титула до сите прави навивачи, но не до сеирџиите т.е. падобранците - "навивачи" дефинитивно најлош дуел во историјата на тенисот е Мареј вс Ноле, едниот е дефанзивен играч а другиот има проблем со брзо завршување на поените, при што сакале или нејќеле гледаме долги размени кои преоѓаат во она што го викаме префлање на топчето или во превод жива досада, најдобрите дуели во понова историја се без конкуренција Фед вс Ноле.
 
Ako nekoj najde snimka od finalevo, ako saka neka postira tuka :D Fala :)
Bravo za Endi (y)
 
Сосема заслужена и очекувана победа. Пред почетокот на Вимболдон кажав дека очекувам финале помеѓу Мареј и Надал но после ждрепката стана јасно дека тоа е невозможно а со испаѓањето на Надал во првото коло веќе и беше јасно кои ќе бидат финалистите. Во финалето целосна доминација на Мареј од почетокот до крајот на мечот за покажување дека во моментов му нема рамен на трева (а веројатно ни на тврда подлога). Претпоставувам дека не темава има некој коментари со некакви оправдувања во стилот на Федерер како "Џокович играше слабо" или дека овој му бил еден од најлошите мечеви во кариерата но тоа само значи дека Мареј не му дозволил да ја игра неговата игра или дека Мареј е предобар за Џокович во моментов. Исто се надевам дека мршиве од публика (кој до лани повеќе го подржуваа Федерер) ќе го ценат ова што го направи Мареј и дека во иднина на Вимболдон Мареј ќе има истата онаа подршка што ја имаше во полуфиналето или финалето без разлика дали игра против Федерер, Надал или некој друг.

Сега очекувам одбрана на титулата на УС Опен и да потврди дека во моментов е најдобар тенисер на сите подлоги освен на земја.
 
Jan Polat се врати од мртвите, темава навистина прави чуда и рекорди. :D
 
Сега очекувам одбрана на титулата на УС Опен и да потврди дека во моментов е најдобар тенисер на сите подлоги освен на земја.
од твои прсти во б... бездна.
 
Честито за Мареј, му ги згази повисоките класи на противникот, кој 2 години играше и собираше трофеи против еден пензиониран и еден повреден тенисер.

Иначе според фановите на Џокович , постоел некојси Проект Мареј... според кој било предвидено Мареј да победи оваа година, па затоа Федерер и Надал се откажале на старт, за да не му пречат. А кутриот Џокович морал да го почитува СИСТЕМОТ и да го предаде финалето, а за возврат на сметка ќе му лежат милиони после овој пораз.

Да беше местенка, ќе беше за Џокович, кој на ждребот остана сам.
 
Мене ме интерсеира, ако Џокович не се такмичеше, дали ти ќе гледаше тенис, и дали ќе учествуваше во оваа дискусија?
 
Мене ме интерсеира, ако Џокович не се такмичеше, дали ти ќе гледаше тенис, и дали ќе учествуваше во оваа дискусија?

Кога јас гледав тенис овие другите нити ги знаеле правилата, па со доаѓање на србинот сватија што е тенисот и почнаа да гледаат (особено омилен им стана тенисот после падот на Федерер и проблемите на Надал), и беа убедени дека овој е најдобриот тенисер во тениската историја, зборуваа во суперлатив, дека он е неколку класа повисоко од противнците.
Затоа сега кога губи јас велам: му ги по*баа класите.
 
Вака како што се распоредија гренд слем титулите оваа година, исто ќе изгледа следните две-три години. Борба на Џокович со Мареј на Австралија Опен и УС Опен, Вимблдон за Мареј, и борба на Надал со Џокович за Ролан Гарос. Евентуално Дел Потро може понекогаш, многу ретко, да биде конкурентен за УС Опен. Настрана од овие тенисери, навистина не гледам кој би можел да освои титула.

Тоа значи дека Федерер, иако шансите да освои уште некој слем му се минимални, ќе остане недопирлив во однос на бројот на освоени гренд слем титули.
 
Тоа значи дека Федерер, иако шансите да освои уште некој слем му се минимални, ќе остане недопирлив во однос на бројот на освоени гренд слем титули.

И ја на ова помислив, нека шиба пример Мареј 3 години нека доминира рецимо, па тек тук Надал и Ноле по некој слем, ова она, и сите да дојдат по 15 да имаат тројцата. :D Па тек после децата нека тераат. Federer likes this.
 
Заслужена победа на Мареј, конечно ми се исполни желбата и мене а и на Британците (па добро, не на сите :) ) конечно Мареј да го освои Вимболдон.
Победа повеќе од заслужена, во сите сегменти на тениската игра Мареј беше подобар, и уште еднаш се потврдува оти во глобала овие двајца (и зависи од повредите на Надал) ќе владеат со тенискиот свет. Сега ќе потенцирам две работи кои упорно и упорно се зборуваат за Енди.

Преценет? - Според мене е баш спротивно, Мареј е ПОТЦЕНЕТ од повеќето гледачи на тенис. Еве веќе има 2 гренд слема и Олимписко злато, и секогаш кога ќе игра против Џоковиќ, Надал, Феџо секогаш се смета за аутсајдер ама во последно време Мареј малку по малку му ги затнува муцките на сите.

Дефанзивен играч- Да, во глобала Мареј е дефанзивен играч, ама кога на еден натпревар во 3 сета ќе имаш 35 винери, и ќе бидеш на мрежа 20+ пати, не би рекол оти си неофанзивен играч. Да, нормално Мареј е дефанзивец, ама знае кога да нападне, знае кога да изигра поризично, кога да излезе на мрежа, не е се да излезеш на мрежа без никако основ или да исфорсираш некој форхенд/бекхенд непотребно.

Како и да е тенисот добива уште еден плус во неговиот свет со освојувањето на Мареј на Вимболдон.
 
Работата е што Мареј созреа како играч откако работи со Лендл. Он и порано ја имаше истата игра само што делуваше расеано, неприбрано... Лендл му ја “дошминка“ играта, среди некои ситни детали, и што е најбитно му ја среди психата, најголемиот проблем на Мареј. Он не за џабе го имаше надимакот лузер, секој од Ноле/Федекс/Рафа сакаше да го има во својата половина од ждребот, си го плескаа ко мало дете. Е сега веќе не е таква ситуацијата, Мареј е тотално друг играч, зрел, Грен Слем шампион и неверојатно опасен за било кого.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom