Добро се сеќавам на финалето во 2009. Роџер го доби мечот кој не заслужи да го добие, против Родик. Е сега некако се свртија работите, загуби меч во кој беше "аутсајдер" а имаше и те како шанси да добие.
Многу ми е криво за Роџер, на 33 години да играш онаков тенис против противници 6 години помлади од тебе е стварно за респект. Роџер ова што го прави, нема да може никој и никогаш, права штета стварно.
Никогаш не сум го почитувал Новак, а и нема некогаш, заради еден куп причини, ама на дел од мене му е мило што ќе го поврзе Вимби, со неговата свадба, т.е. неговиот најдобар месец дена во животот.
Федерер треба да му биде идол на секој човек на светов. Од стилот на облека, до неговиот однос во а и надвор од теренот, се до неговата смиреност во секоја ситуација, е сега кога се работи за жени во прашање тука треба мала поправка

.
Инаку мечов не ни требаше да влезе во 5ти сет, ам Роџер покажа зошто е Шампионски материјал, и само малку потсети на годините кога како од шала освојуваше Грен слемови. Мило ми е кога кажа дека " се гледаме и наредна година ", бидејќи тенисот без Роџер Федерер нема да биде истиот. Во него има барем уште 2 години тенис на високо ниво.
Федерер си е тениска легенда, тоа стои, го држи рекордот за најмногу недели на прво место, најголем број освоени грен слем титули (17) и уште многу други рекорди. Според многу се смета за тенисер со најелегантен стил, без премнгоу трчање и сето тоа. Но како се осмелуваш, благо речено со 100 процентна сигурност да изнесуваш ставови дека никој нема да може да игра така против 6 години помлади противници. Од каде знаеме што ќе се случува во иднина, а за да констатираме разлика помеѓу Надал, Ноле и Федерер најдобро би било сите тројца да го остават рекетот на страна т.е. да се пензионираат па да се сумираат резултатите.
Само колку од популацијата зборуваше дека Федерер никој нема да го стигне во грен слем титулите, бројката од 17 титули е преголема, вака, така.. Надал веќе има 14, му фалат уште 3 за изедначување на тој рекорд, а многу е веројатно дека би можел и да го престигне.
Надал има 28 години, а Федерер за еден месец полни 33 години. Значи разликата помеѓу нив е 5 години, интересно пред 5 години (2009та), Федерер на Вимблдон 2009 ја освои својата 15та грен слем титула, на 28 години. Значи Федерер и Надал се премногу блиску со своите резултати, иако сум навивач на Рафа, за нијанса во некои категории Федерер се издвојува, а од друга страна пак Ѓоковиќ кој е само 1 година помлад од Надал има дупло помалу грен слеми, а тешко дека би можел да конкурира за приближување на овие двајца.
Предвидувањата за иднината поврзани со Надал и Ѓоковиќ и не се така сјајни, со оглед на нивната истрошеност за сега, многу повеќе вложуваат енергија трчајќи споредено со Федерер, и од таму се очекува многу побрзо да " згаснат " , но се додека не видиме, се додека не дојде крајот... во никој случај не треба да си земеме здраво за готово.
И зошто Ѓоковиќ никогаш нема да биде она што се, што биле Рафа и Роџер? Затоа што неговите резултати и не се толку забележителни како оние на Рафа и Роџер, барем на големите турнири. Бројот на рекорди е значително помал, барем сега за сега, а искрено не е толку доминантен Ѓоковиќ за да може сериозно да им се приближи, ова е прва грен слем титула за Ноле после пауза од 5 грен слеми со ред (последно освои Австралија Опен 2013). Кои се шансите за Career Grand Slam на Ѓоковиќ? Му фали тој Ролан Гарос, а колку ќе го добие од Надал не знам, ќе ги остава коските на терен Рафа, ама нема да му го даде, штета се повреди пред 5 години па изгуби од Содерлинг, среќа го искористи тоа Роџер, и тој немаше да го освои можеби, интересно другиот ден после поразот на Рафа, Роџер успешно се извади против Хас после негатива од 0-2 во сетови, 3-4 во трет сет и брејк топка која значеше и меч топка за Томи Хас.
Уште една работа за комплетноста на тениските трофеи, што му фали на Федерер? На Федерер му фали уште титула од Дејвис Куп рамки и злато на олимписки игри, да, има сребро, но сепак со тоа сребро не ја добива титулата Career Golden Slam. На Ѓоковиќ исто така му недостига злато од Олимписки игри, но тој прво треба да го освои и Ролан Гарос за да може да се закити со Career Golden Slam во случај на освојување на злато на олимписки игри.
Едно е сигурно, не очекува интересен продолжеток на сезоната, од денес Новак е прв, тешко дека Рафа би можел да се врати за брзо бидејќи брани 4000 поени на 3 турнири (Торонто, Синсинати, US Open). Верувам дека ќе одбрани добар дел од нив, првенствено се надевам на титула во Њујорк. И за крај ранг листата, најновата која излезе денеска и има некои позначајни промени, најважно е смената на лидерската позиција, а најголем напредок постигна Бугаринот Григор Димитров, полуфиналистот на Вимблдон кој напредуваше за 4 позиции и за прв пат е во топ 10 т.е. се наоѓа на 9тата позиција. Интересно за Гришо е тоа што на наредниот грен слем, во Њујорк никогаш не го поминал првото коло, 2011,2012 и 2013та испаѓал уште во првото коло, а оваа година се очекува многу од него.
Енди Мареј забележа пад од 5 позиции, се наоѓа дури на 10тото место.
