The Championship Wimbledon (23.06. - 06. 07. 2014)

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
@The King of Clay , некогаш не можеме со сигурност да тврдиме што утре ќе ни се случи, а не да гарантираме за нешто после 5 години. Не тврдам со 100% но и ти како што истрошеноста на Новак и Рафа, ми даваат за право да велам дека овие двајца ќе имаат пократок век од Роџер. Со овој тенис Роџер може да игра барем уште 2 години на врвно ниво, дали ќе може да освои ГС не сум сигурен, а ова тешко дека ќе се случи со овие двајца.
 
Сеа баш читав на нетов, доста фанови на Федерер го посочуваат новиот рекет како главен кривец за изгубениот форхенд, но и за неговиот убитачен сервис. Ко у стилу доби на сервис ама изгуби на форхенд. Што знам, могуќе е.
 
Надал веќе има 14, му фалат уште 3 за изедначување на тој рекорд, а многу е веројатно дека би можел и да го престигне.

Од година Ролан Гарос ќе се одржува по четири пати годишно?

Добро бе, зошто не кажувате вакви работи?
 
А сакаш да кажеш дека нема шанси на ниеден друг Слем?

Се разбира дека има, но многу помали. Вимблдон е веќе минато за Надал, а на другите два слема конкуренцијата е жестока. Покрај Новак и Мареј, кои се подобри од Надал на бетон, ги имаме Федекс, Вавринка, Раонич, Бердрих, Димитров... На РГ единствена конкуренција на Надал му е Новак. Мое предвидување за Надал е преку сила уште еден слем на РГ. Надал е видно поистрошен секоја година, на ниту еден тенисер стареењето не му влијае толку лошо, а причината се знае, префизичкиот начин на играње тенис.
 
Се разбира дека има, но многу помали. Вимблдон е веќе минато за Надал, а на другите два слема конкуренцијата е жестока. Покрај Новак и Мареј, кои се подобри од Надал на бетон, ги имаме Федекс, Вавринка, Раонич, Бердрих, Димитров... На РГ единствена конкуренција на Надал му е Новак. Мое предвидување за Надал е преку сила уште еден слем на РГ. Надал е видно поистрошен секоја година, на ниту еден тенисер стареењето не му влијае толку лошо, а причината се знае, префизичкиот начин на играње тенис.
Епа твојот претходен пост кажуваше нешто друго. Нема везе, да не се објаснувам сега, твое мислење е тоа и го почитувам. Според мене и те како има шанси за повеќе од еден Слем. И на бетон доколку е во пристојна форма може да изгуби само од Ноле, другите не верувам дека имаат преголеми шанси, но секако шансите се поголеми отколку на земја.
 
Од BBC sport кратко и јасно
Djokovic's ability to produce high-class returns at crucial stages in the match was key to his victory. A clear tactic he used was to return to the Federer backhand. The second-serve return was where Djokovic was most dominant, returning at an average speed of 68mph and winning 56% of those points. Federer returned Djokovic's second serve at an average speed of just 57mph and only won 35% of those points. With both players dominant on first serve, taking advantage of the second was vital.
 
Ех Надал колку малери од 2010 па наваму го следеа на Австралија Опен... не 2 пати,може 3 пати до сеа ќе го имаше освоено и ќе беше друга приказната сеа.Како и да е после две еве веќе три години различни победници на грендслеми во една сезона,мислам дека следнава сезона или ќе му припадне на Ноле или Надал кога се во прашање грендслемите.Тоа може да се случи почнувајќи од УС Опен...
 
Надал се покажувал најдобар коа бил отпишуван предвреме, слично беше и претходна година после Вимблдон, слично е и годинава.
После US Open ќе се знаат доста работи за неговата компетитивност...
 
Од година Ролан Гарос ќе се одржува по четири пати годишно?

Добро бе, зошто не кажувате вакви работи?

Нема да се одржува 4 пати годишно, но 3 од 4 грен слема не се на трева, а на сите грен слема што учествувал Надал освен Вимблдон идал до финале во последниве години. Рафа не играше на АО 2013 и USO 2012, а пред и после тоа, почнувајќи од Ролан Гарос 2011 ги играше сите финалиња до сеа, само не на оние на Вимблдон oд 2012 до 2014.

Roland Garros 2010 : победа над Содерлинг во финале
Wimbledon 2010 : победа над Бердих во финале

US Open 2010 : победа над Ѓоковиќ во финале
Australian Open 2011 : пораз од Ферер во четвртфинале
Roland Garros 2011 : победа над Федерер во финале
Wimbledon 2011 : пораз од Ѓоковиќ во финале
US Open 2011 : пораз од Ѓоковиќ во финале
Australian Open 2012 : пораз од Ѓоковиќ во финале

Roland Garros 2012 : победа над Ѓоковиќ во финале

Wimbledon 2012 : пораз од Росол во второ коло
Roland Garros 2013 : победа над Ферер во финале
Wimbledon 2013 : пораз од Дарсис во прво коло
US Open 2013 : победа над Ѓоковиќ во финале
Australian Open 2014 : пораз од Вавринка во финале
Roland Garros 2014 : победа над Ѓоковиќ во финале

Wimbledon 2014 : пораз од Киргиос во четврто коло

Ете го муабетот црно на бело, малку фалеше да го освои АО годинава ама ете немаше среќа, се повреди, а сите останати неуспеси му се само на Вимблдон така да не гледам причина зошто не би го пристигнал Роџер, па макар и нека освојува уште само Ролан Гарос, не е битно. ;)

Значи Надал учествувал во 12 финалиња на последните 16 грен слема на кои играл, а интересно е тоа што од 4 пати што не играл, дури 3 пати се случува на Вимблдон во последниве години, значи на другиве грен слеми е и те како конкурентен за титула.

А од последните 12 финални натпревари, успевал да триумфира на 8. :)
 
Последно уредено:
Иначе почнува финалето реприза на СК1, ако нема што да правите до 6 сабајле пуштете си. :D

И мора да ги пофалам пасинг шутевите на Ноле, најјаки поени ми се, а ги растури денеска. (y)
Се гледа дека многу внимание посветил на тој удар, бидејќи овие две недели тренираше со Степанек кој е одличен играч на мрежа и мислам дека тоа многу му помогна во овој дуел против Федерер.
 
Последно уредено:
Се разбира дека има, но многу помали. Вимблдон е веќе минато за Надал, а на другите два слема конкуренцијата е жестока. Покрај Новак и Мареј, кои се подобри од Надал на бетон, ги имаме Федекс, Вавринка, Раонич, Бердрих, Димитров... На РГ единствена конкуренција на Надал му е Новак. Мое предвидување за Надал е преку сила уште еден слем на РГ. Надал е видно поистрошен секоја година, на ниту еден тенисер стареењето не му влијае толку лошо, а причината се знае, префизичкиот начин на играње тенис.

Другар, дека си хејтер на Надал тоа стои, се кажуваш во негативна смисла за него. Да не навлегувам во детали, нормално е да си верувам во повеќе успеси како негов фан, а дека сето тоа е невозможно... ќе видиме, можеби скокав и за Вимблдон годинава па ете изгуби од Киргиос, глупо, мораше и можеше да го победи, но било па поминало. На претходноно мислење само види ги последните грен слем финалиња па врати се да коментираш, таква низа нема ни Ѓоковиќ, ни Федерер кои отсуствуваа од некои финалиња во блиско минато поради пораз во пораниот дел од турнирот. :)
 
Не спомнувате лани дека Новак се избламира на Вимблдон во два од трите сета со Мареј, водеше 4-2 ги загуби 4-6. И со таа нула самодоверба што ја имаше Новак, Надал го дотепа во Монтреал во тај брејк во трет сет и се сврте сезоната. Е сега после Вимблдон, со освоена титула, плус Надал брани титули и во Канада и Синсинати, а има катастрофална сезона (освен РГ), не знам колку може Надал да биде оптимист. Башка надвор од РГ нема титула од 2010, освен ланската на УС Опен. A знаеме лани каква сезона имаше до пред УС Опен, ги освои Рим, Мадрид, Индијан Велс, Барселона, финале на Монте Карло. Оваа година сите ги изгуби, дури и порано испаѓаше, освен Мадрид, а и тој го освои откако противникот предаде.
Не се споредува ланскиот и овогодинешниот Надал.

Ја мислам Новак има реални шанси да ги врзе Америка и Австралија.
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom