The Championship Wimbledon (23.06. - 06. 07. 2014)

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Федерер е тениска легенда , но сепак толку се можностите на залез на кариерата е , тој бил и ќе остане најдобар играч на трева .
 
Во овој милениум?

Брат, гледаш тенис?
Wimbledon 2008 : Nadal - Federer 6-4 6-4 6-7 6-7 9-7
Wimbledon 2009 : Federer - Roddick 5-7 7-6 7-6 3-6 16-14
Australian Open 2012 : Djokovic - Nadal 5-7 6-4 6-2 6-7 7-5
Roland Garros 2013 : Nadal - Djokovic 6-4 3-6 6-1 6-7 9-7
US Open 2013 : Nadal - Djokovic 6-2 3-6 6-4 6-1

Дали знаеш каков тенис и драма имаше во овие натпревари, да не спомнувам уште многу други од овој милениум. Може да се вметне и онај дуел на Сафин и Федерер, но тој е од 2005 Австралија Опен.

Сите овие ги имам гледано,но ете мое мислење дека и ова беше едно од тие... може за нијанса послабо,но пак беше епски дуел.
 
Мечот беше солиден али далеку послаб од на пример минатогодишното полуфинале меѓу Новак и Дел Потро, како и да е јас сум задоволен, можеше многу порано да заврши и многу подосаден да биде, кул што тераа до максимум сетови.
Честитки за Новак и фановите, заслужена победа за кревање на самодоверба, ова ако го изгубеше ќе беше разнишан, така да тераме даље, кога сме втори сме појаки :P
Роџер покажа дека има уште коњи за трчање, нема пензија во скоро време да видме, само нека тера напред!
 
Федерер е тениска легенда , но сепак толку се можностите на залез на кариерата е , тој бил и ќе остане најдобар играч на трева .

Добри 3-4 години го читам(е) истово, дека Федерер е на залез на кариера и дека толку му се можностите.

Колку му се можностите, пет сета у финале од кои два загуби со 2 гема разлика а еден у тајбрејк? Толку му се можностите би било многу порелевантно ако изгубеше со 3-0 денеска. Вака многу пореално е да се каже дека нијанси решаваа и дека многу малку фалеше да победи и денеска.

Со перформансите кои ги покажува Федекс сеуште, не би го отпишал, особено не на трева во време кога првите два рекета се Ѓоле и Надал, тенисери кои не се баш сјајни на таа подлога.
 
Медицинскиот time out се кладам дека Ноле беше повеќе во шок отколку што вистински имаше болка во нозете....


Sent from my iPad using Tapatalk
 
Ејј ај не мешај баби и жаби, се знае Срби и Грци су брача :D

Стварно не беше ова за некој со слаби живци, еве ја онака литро вода рандом испив. Реално генерално гледано мислам дека Новак имаше подобра игра денес, плус можеше порано да го заврши мечот. Имало подобар меч, ама би го ставил минимум во топ 7-8 најдобри што сум ги гледал.

За Федерер нз, за да освои уште некој грен-слем можеби кога во финале не би играл со некој од Новак или Надал..
 
Ејј ај не мешај баби и жаби, се знае Срби и Грци су брача :D

Стварно не беше ова за некој со слаби живци, еве ја онака литро вода рандом испив. Реално генерално гледано мислам дека Новак имаше подобра игра денес, плус можеше порано да го заврши мечот. Имало подобар меч, ама би го ставил минимум во топ 7-8 најдобри што сум ги гледал.

За Федерер нз, за да освои уште некој грен-слем можеби кога во финале не би играл со некој од Новак или Надал..

А ние браќа со сите соседи сме, чудо едно... :D

Натпреварот беше супер. :)
 
Ужасен денес Федерер, вратен у игра од Ноле и рушењето на неговата ментална енергија ко кула од карти у 4ти сет, каков пад мајко моја, секој елемент од неговата игра престана да постои, ми скрати 10 години од живот све да му изнаебам, колку што навивам за него толку и го мразам.
Гледам прв сет и доаѓам до заклучок све што се чека е пад на сервисот на Федерер, толку, све што требаше за Ноле беше тоа, све остало, каков што е Федерер моментално за негова жал, му одговара на Ноле, тоа се деси, лапа втор сет, во третиот среќата му се наклони зашто Федерер пак сервираше одлично, во тајбрејкот наеднаш се издеси ситуација во која обично Ноле паѓал, при 4-3 и негов сервис и оној поен на Федерер, чудно што Ноле не се испокара со судијата и немаше поголем прекин но тоа го извади, после одма врати прв сервис и си го врати мини брејкот и тоа беше тоа и во тој сет кој по логиката на нештата требаше да биде клучен, па до некаде така и беше.
Четврти сет идеален за Ноле, преидеален, поклонет, било кој од Мареј, Надал, Федерер победуваше у таква ситуација, Ноле падна, прво еден брејк дозволува, среќа имаше предност од брејк, па пак прави брејк и повторно дозволува да изгуби гејм а до тој момент беше перфектен на свој сервис макар и не го погодувал, знаев дека спортската карма ке му расплаче матер и дека толку од него денес, тоа и почна да се дешава, од 5-3, 7-5.

Како освои незнам, ми треба време да се консолидирам, изгубив и нерви и емоција и све, т.е. знам дека Федерер пак имаше проблеми на свој сервис што у принцип денес беше доволно за да загуби, ама ударот, оној огромен удар што дозволи да му се нанесе у 4ти сет мислев дека го уништи, обично така и било, али шта речи, некој ќе каже вака е послатко бе, ја ќе кажам, иди пробај да си го испушиш и не замарај, бем ти и послатки триумфи и се, рутината е она правото, а Ноле рутински мораше да го добие овој меч.

Како и да е, победа на вимби против Најдобриот на сите времиња, најдобриот на трева, за прво место во тенисот, дефинитивно најголем триумф во кариерата за Џокович, иако најголемите трофеи сеа уште малце ќе си ги добие у свој живот, тоа се жена и дете, фамилија.

Честитки за Федерер и неговите навивачи, останува најголем, и убеден сум дека во кариера ќе стигне до 20та титула, на Вимболдон секако не го кажал последниот збор, во случај да не игра против Новак во финале за него ќе навивам, класичен рол модел е, што вика Ноле, пример за сите спортисти воопшто и ништо чудно што Новак токму од него прима совети како во тенисот откако ќе ти се роди дете и формираш фамилија.
 
Добри 3-4 години го читам(е) истово, дека Федерер е на залез на кариера и дека толку му се можностите.

Досега не сум рекол дека е на залез на кариера но сепак 33 години ќе полни , по нареден Вимблдон 34 , нужно е да се спомене тоа . Ако ваква игра прикажеше лани со сигурност ќе победеше . И јас сакам да игра во врвна форма како Навратилова што играше долги години , ама ова е машки тенис и бара голема физичка подготвеност.
 
859409574.gif


:pos: Не знае да аплаудира Кејт бе :ROFLMAO:
 
Федерер имаше 29 аса, 69% уфрлен прв сервис и 77% освоен прв сервис. Ако оваа се слаби бројки навистина немам зборови. А и бекенд слајсот му беше фантастичен. Исто неизнудените грешки му беа малку и топките му беа длабоки нон стоп. Тврдењата дека мечот бил слаб се во најмала рака смешни. Кој и да играше против овие бројки ниту сет немаше да може да земе.
 
Добар меч без форхенд не постои, тој е заштитен знак и најсилно оружје на Фед....

Денеска тој не постоеше...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom