The Big Bang Theory

  • Креатор на темата Креатор на темата диме
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се вашите омилени ликови во серијата? (најмногу три)


  • Вкупно гласачи
    432
Ќе ве молам торент од последната сезона, ако има некој.. :)
 
На Заливот имаш, ја ставаат секоја епизода пола саат по завршување на истата.
 
Морам и јас да ја пофалам последната епизода, супер беше и имаше неколку смеење-на-глас моменти. :ROFLMAO:
 
Добра беше оваа со Спок.....имаше моменти :)
 
Јака епизода посебно со она кога проба да лаже
 
Што бе сега и за новите епизоди не се коментира веќе?
 
Линк за гледање ќе може?
 
Добар показател зошто The Big Bang Theory е телевизиски „ѕвер“

Овој четврток интересни новости меѓу рејтинзите во САД. Репризна епизода на The Big Bang Theory, емитувана во вонреден термин, 21:00 часот, ги победи премиерните епизоди на ветеранските „Вовед во анатомија“ и „Канцеларија“ како и новата епизода на многу најавуваната нова серија „Допир“ со Кифер Сатерленд, која има lead-in од Американскиот Идол.
CBS – The Big Bang Theory (R)
Viewers: 10.25 million (#1), A18-49: 3.0/ 8 (#1)
ABC – Grey’s Anatomy
Viewers: 8.92 million (#2t), A18-49: 2.9/ 8 (#2)
Fox – Touch
Viewers: 8.92 million (#2t), A18-49: 2.5/ 7 (#3)
NBC – The Office
Viewers: 4.35 million (#4), A18-49: 2.1/ 6 (#4)

Оваа промена на CBS беше пробен тест, за потенцијалното проширување на ситком блокот во четврток.
Вонредното емитување на The Big Bang Theory, со репризна (!) епизода донесе срам за другите мрежи, кои ги емитуваат едни од своите главни адути токму во 21 часот во четврток, што се смета за престижен термин. Епизодата беше погледана од цел прајм-тајм, освен Американскиот Идол.

Што е уште поинтересно, репризи од The Big Bang Theory кои се емитуваат на кабелската мрежа TBS се даваат во истиот термин и рушат рекорди за оваа мрежа, што значи дека публиката била поделена, што ја прави победата на CBS уште поголема.
Ова значи дека моменталниот термин на „Биг Бенг“ во 20 часот не ја носи вистинската гледаност за популарниот ситком, па многумина предложуваат префрлување во 21 часот, што би требало да направи вистинска „експлозија“ во рејтинзите.

Извор: Primetime.mk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom