Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахаха море тоа ѓубриште ко од цела МК да го донеле :D
Побуната на албанските жители на Тетово заврши кај рускана инвестиција во Јегуновце. Мутна вода, тони ѓубриште све е тоа халал за нив, нема гајле.
 
Побуната на албанските жители на Тетово заврши кај рускана инвестиција во Јегуновце. Мутна вода, тони ѓубриште све е тоа халал за нив, нема гајле.
Абе битно си ја лапнаја Јегуновце што и беше план ;)
 
Mu ebaja majkata na sportskiot centar...Otkornale koshevite,skapanite golovi,i terenot za odbojka :facepalm: a zosto ?? slusnav karting ke pravele ..
e idioti ni zaedni..
 
Убоо нека има картинг и луна парк ама ако ги руша другите терени за фудбал, кошарка, одбојка само за целиот тој простор да го напраа луна парк ондак стварно не се нормали.

Се надевам нема да ги руша тазе стаените за вежбање справе од Кока кола.
 
БЕЗ РЕШЕНИЕ

Дивата депонија во Тетово затрупана со илјадници тони отпад

На дивата депонија во Тетово се наталожиле илјадници тони отпад, бидејќи десет дена тетовското комунално претпријатие се соочува со проблеми во транспортот на смет до Дрисла, јавува Телма.


mkd-278739.jpg

До Дрисла сега се носи само дел од тетовскиот отпад, бидејќи таму приоритет е депонирањето отпад од поплавените подрачја, а остатокот од отпадот останува на дивата депонија на влезот од градот. Тетовци негодуваа на лошата миризба и чад која доаѓа од правец на депонијата. Поради отежнатото носење на сметот, минатата недела тетовските комуналци се обидоа отпадот да го депонираат во регионалната депонија Русино. Но на влезот од Гостивар камионите полни со смет ги блокираа жители од неколку гостиварски села. Тие со подршка на гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, 4 месеци не дозволуваат да се носи тетовскиот отпад во Русино. Револтирани се што оваа депонија која ја користи општина Тетово не е уредена и до неа не е изграден патот по кој се носи отпадот. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека се уште се водат преговори со жителите, со кои се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик. Договорот е патот до Русино да го асфалтира Општина Тетово, а за возврат са се отстрани блокада за камионите на ЈКП Тетово на влезот од Гостивар.





како не беше оваа депонија некој руски проект, до сеа три пути ќе го решеа
 
Mu ebaja majkata na sportskiot centar...Otkornale koshevite,skapanite golovi,i terenot za odbojka :facepalm: a zosto ?? slusnav karting ke pravele ..
e idioti ni zaedni..
Navodno kje imalo i sportski tereni pozadi kaj tie spravete za vezbanje, ali ja sekako ne vereuem u toa. Sekako vise ne moemo nisto, ni ostanua samo da se nadevamo, projde vremeto koa trebase da se reagira.
 
Фото: Како ќе изгледа СПОРТСКИ ЦЕНТАР ТЕТОВО
По давањето на концесија на спортски центар на фирмата која ја води и автобуската станица, започна проект со кој ќе се менува целосно ликот на Спортски:FB_IMG_1471689372887.jpgFB_IMG_1471689376514.jpgFB_IMG_1471689379486.jpg
 
Добро ќе изгледа вака спортскиот центар ама според ова што гледам на сликеве нема многу отворени спортски терени. Каде е теренот за одбојка, кошарка, мал фудбал, само гледам има терен еден за тенис и другото е све паркче со некој ете нишалки и слични реквизити.

Лошо е што опнале еден огромен паркинг простор. На паркингот не му е место на спортски.
 
Планот е катастрофа, каде бе спортски центар градиш а планот ти личи како на трговски.
А тоа со паркингот навестува дека можеби во иднина ќе ги паркираат автобусите на фирмата која го доби тендерот.
 
ОД ФИРМАТА ЗАКУПЕЦ

Исечени сите дрвја во спортскиот центар во Тетово

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално, објави агенцијата „Мета“.


mkd-280082.jpg

„Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт и за рекреација. Општина Тетово за просторот на спортскиот центар во Тетово има издадено само одобрение за поставување урбана опрема. Што се однесува до сечењето на дрвјата на оваа површина, инвеститорот што ги врши градежните работи не ја добил потребната согласност од страна на Јавното комунално претпријатие Тетово. Инспекторатот на Општина Тетово има отворено соодветна постапка и пријава против субјектот што го извршил ова дело“, велат од Општина Тетово.

Од новиот закупец на спортскиот центар, фирмата „Сат бус Тетово“, велат дека дрвјата, кои биле стари и болни, би преставувале опасност за идните посетители на спортскиот центар, кој за шест месеци треба целосно да биде реконструиран.

„Дрвјата беа трули, при поголем ветер се кршеа и паѓаа на земја и затоа одлучивме да ги исечеме, а заради безбедноста на идните посетители на спортскиот центар“, изјави Агрон Илјази, преставник од фирмата закупец.

Тој додаде дека во спортскиот центар, каде ќе се донесе и нова урбана опрема за спорт и за рекреација, ќе бидат засадени повеќе од 200 дрвја, а 40 отсто од целата парцела ќе биде слободна зелена површина.
 
Ќе идеме у Југохром да протестираме?
 
Што праа булдожери у Жена-парк? И таму ли ќе сеча дрва?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom