Друже не се криви овој пат македонците, баравте локалната власт да ја имате и ја имате, сите проблеми лежат таму. Тоа што Велес добил театар, како прво тој театар почна да се гради во 2008 година, а завршен беше дури годинава. 6 години градеа театар, зграда од 2 спрата, за ова ли ти е криво? Освен тоа, Велес е првиот град во Македонија каде што почнал театар да работи воопшто, како и во многу други работи е прв, на пример првата библиотека во Македонија е отворена во Велес, првата гимназија на Балканот, не само во Македонија е отворена во Велес. Театарот заслужено си го доби Велес, а јас би сакал и сите други градови во Македонија да добијат, секако и Тетово. Но тука треба малку и градоначалничката на Тетово да се заангажира, а не само да ги окривувате македонците(централната власт). Истото важи и за водоводот и сите проблеми на градот Тетово треба да ги решава власта во Тетово, а не централната власт. Секако треба да помогне централната, но ништо не се решава ако локалната тетовска власт спие пред проблемите. Не гледајте партии, нации и вери, тие проблеми во Тетово со екологијата, водоводот, културните објекти, немањето паркови и градење на згради насекаде треба да ги реши градоначалничката. Таму граѓаните на Тетово нека се обратат, а потоа градоначалничката нека се обрати до владата. Поздрав