- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.949
И ќе се обиде сега некој да не убеди дека ова е магла .
А се гледа дека магла нема.
Толку почнаа да ги преувеличат работите, што се почесто повторуваат дека во Тетово има 150.000 автомобили.
Вистината е дека во 2013 во Тетово имаше 13.084 автомобили.
Колку за споредба , Скопје има 128.788 автомобили , Битола има 19.582 .... Куманово 17.260. Во Скопје има уште 1000 автобуси , а во Тетово 111.
Скопје има 10 пати повеќе автомобили него Тетово, има многу индустриски објекти (топлификации и што уште не) , има исто така многу што се греат на дрва.
И Скопје со причина е загаден град, ете и после затворањето на Макстил, пак не е чисто, ама и не е толку загадено како што беше со Макстил.
Зошто не го затворија привремено Југохром ? Ете, само 2 недели ? Па ако се потврдеше дека Југохром пушта кислород а не загадување , тогаш да отворевме некоја болница за бели дробови близу Југохром.
Јадрото загадување што го создава Југохром е со површина поголема од целиот град Тетово.
Односно со површина на централното подрачје на Скопје.
Југохром, јадрото над фабриката, која потоа се шири низ Полог , димензии

Градот Тетово димензии, од градски стадион до штул , и од влез во Тетово од правец на Скопје , се до крај кон Шара.

Скопје димензии исти како облакот над Југохром , од железничка станица па речиси до сити мол , и од америчка амбасада па на Водно.

Јадрото над Југохром е поголемо од самиот Град Тетово со се Мала Речица.