- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.949
Абе во швајцарија ако сакаш да си имаш камин ќе си ставиш филтер....
А во Македонија цел индустриски објект може без филтер.
Туку едно ме интересира дали има некој цврст доказ дека чадот од југохром стига во тетово? Дали може некој да ми одговори како тоа југохром работи 60 години а загадувањето почна од пред 6-7 години (период кога југохром не работеше).
Кој рече дека Југохром не загадувал и порано ? Сега е доста веќе, жителите на Тетово имаат најмал интерес за Југохром. (Освен што Вмро вработува партиски членови)
Јас имам гледано во југохром мапа на покриеност на делови кои ги опфача југохром и тоа мерни точки зададени од државни институции и многу убаво се гледа дека чадот стига до ратае и шемшово.
Зависи кон каде се носи чадот, можеби преку зима се носи токму кон Тетово.
Плус тоа одете во југохром и видете како мириса чадот тамо и тука. Огромна разлика тука смрди на изгорено. Плус прочитајте колку е штетно производството на феросилициум а колку палење на пластика најлон итн....
Детективски нос имаш, од мирис знаеш од кај потекнува загадувањето.
И за крај пола капацитет од југохром моментално не работи и има договор за филтри и ќе се става прво на тој дел исклучениот а потоа и на останатиот паралелно. Имаат рок од 6 месеци да ги монтираат и процесот е поцнат.
Само еве веќе 2 месеци пола капацитет не работи а загадувањето е поголемо... Тоа некако не ми е јасно....
Фала ти за ова важно објаснување и признавање.
Сега веќе сум сигурен дека Југохром е главниот загадувач на Тетово.
Декември 2013: 441 µg/m3 дневен просек
Декември 2014: 218 µg/m3 дневен просек
Точно за пола е намалено загадувањето со ПМ10 честички. Можеш и самиот да провериш и да рачунаш во сајтот на Министерството за животна средина.
Друг факт: Имаш во медиумите вести, каде се гледа дека Југохром се фали дека во 2013та за прв пат ги вклучиле сите печки, и дека имаат најмногу вработени ангажирани, а производството го зголемиле за 20%.
Така и се случува, на сајтот на Мин за животна средина се гледа како токму во 2013 година се зголемува загадувањето, во споредба со 2012.
Еве ти
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16051Охрабрен сум од добрите резултати на „Јухогром“ во почетокот на годинава и сметам дека комбинатот во последните неколку месеци работи добро. Вклучени се сите печки, илјада луѓе се на работа што е најмногу во последните 10-ина години.
Нагласи дека само „Југохром“ за најмалку 20 проценти го има зголемено производството во првите два месеци од годинава има реализирано извоз од 53 милиони долари.
Уште ли ќе настојувате да префрлате вина на тетовчани а не на Југохром ? Јасна е работата, и не сте ни вие криви, цело село работи таму, и мора да се трпи тоа загадување.
Но Тетовчани немаат интерес да трпат загадување од светски размери.
Загадувањето во 2013та беше поголемо него во 2014.
Ако се земат објективни институции кои ќе извршат правилно мерење а не наместено глава оставам дека загадувањето не е од југохром, само политика је курва....
Јас дури се сомневам дека Тетово е уште позагаден град од тоа што покажуваат мерењата, пошто Владата е поврзана со Југохром, во никој случај не би покажале повисоки вредности на загадување.
Вечерва една работа запечативме: Југохром е виновникот.