Se e jasnoЗначи џабе факти се изнесуваат се тера едно исто инаку немам некој што работи, туку јас работим тамо. Ја барем некрием како вас што не сакате да признаете дека ви е наложено од партија и до утре негирајте може не дирекно ви кажале ама така е наложено и ќе си терате.
Во врска со клипот што докажуаш? Дека чади? Па нормално дека чади што треба цвечиња да летаат? Ама јас невидов ниту еден поткрепен доказ дека е југохром кривецот за загадувањето во Тетово освен слики каде што се гледа дека чади што е нормално...
https://www.facebook.com/ndotjatetove?pnref=story Aj barem nie sto se grizime vo petok site tamu da bideme

ЈЕГУНОВЧАНИ НЕ ЗНААТ ДА ДИШАТ ЧИСТ ВОЗДУХ

„Утрински“ во посета на најголемиот загадувач „Југохром“. Загадувањето е децениски проблем. Не паметиме кога сме биле незагадени, ние и не знаеме да дишеме незагаден воздух, велат жителите од селата во околината на комбинатот од Јегуновце
Боjан Шашевски
Не треба да сте очи в очи со оџаците на „Југохром“ за да го видите црно-сивиот чад, а истовремено со нос да ги почувствувате „благодатите“ што ги генерираат печките на производителот на феролегури од Јегуновце. Доволно е само да се повозите до првите села од полошка котлина. Густа магла од прашина го „голта“ цел Полог, а од автопатот над патарините единствено ѕиркаат побелените врвови на Шара. Топографијата на теренот заедно со западниот ветер и неодговорноста на загадувачите со години им го земаат здравјето на над 300.000 луѓе. Во околината на Тетово живее неселение со различна „диоптрија“ за економската, еколошката и социјалната функција на „Југохром фероалојс“.
Комбинатот од викендов повторно, и покрај ветувањата и владините напливи на строгост и одлучност за рокот од 31 октомври, во своето хронолошко си-ви успеа да впише нова неуспешна приказна и нереализирана шанса да почне да применува еко-стандарди по европски крој.
„Загадувањето е децениски проблем. Не паметиме кога сме биле незагадени. Ние и не знаеме да дишеме незагаден воздух. И на локалното население, Владата, и на директорите од ’Југохром’ и вам новинарите јасно им е дека фабриката е причинител за 50 отсто од загадувањето во Полог. Илузија е нејзино затворање. Прво и основно е перење пари. Ако не беше приватна фирма, ако не беа Французи, Руси, ќе имаше ли досега филтри? Ќе помогнеше ли државата повеќе?“, прашува Имер, постар жител од селото Прељубиште, кој половина година живее во Тетово, а летото и есента ги минува со роднините во селото.
Во селата Сиричино, Шемшево, Прељубиште чадот се спојува со небото и се шири кон цел видокруг. Посивеле некогаш црвените ќерамиди. Од перспектива на новинари пратени по обиколка, по приказна, низ цела општина Јегуновце животот си тече мирно, селаните копаат по дворовите, некои чистат ограда, ги напасуваат кравите... Низ кафеаните луѓе наздравуваат со пиво, вино, ракија... Кому како му тргнало посабајлечки. Во Јанчишта седнати се двајца работници со сини униформи на кои пишува „Југохром“. Не ја исклучуваат можноста да бидат отпуштени стотина луѓе од комбинатот откако деновиве беше изгасната најголемата печка за производство на фероцицилиум, која меѓу вработените е позната како „48-ка“ или „елкем“. Немаат конкретен став за еколошката димензија на проблемот. Велат, голем број селани и семејства зависеле од работата на „Југохром“. Затворање на фабриката ќе го „парализира“ регионот. Тоа им е прво и последно.
„Јас земам 230 евра плата. Со таа плата го ранам синот кој има 30 години. Ене го, дома седи, не го женев и не работи ништо. Чека од мене. Не можам да го натерам да поработи. А, што ќе правам ако ја затворат фабриката? Што знам јас друго да правам освен двор, кафеана и фабрика? ’Југохром’ е извор на егзистенција, а на политичарите им е ’кец‘ во ракав за избори. Се менуваат влади, но некои од нас не ни знаат кој е и зошто е на власт. Владата се договара со управителите, а тие, пак, се сместени во Горен Полог, подалеку од чадот од оџаците. Нам ни го оставаат чадот“, рече човек во раните шеесетти, кој не' замоли да го пишеме како „анонимен“. Всушност, повеќето од селаните воопшто не ни сакаат да зборуваат нешто. Практично бегаат кога ќе споменеме „Југохром“, а не, пак, да го кажат родено име.
По Јанчишта се наоѓа Подбреѓе. На средсело се собрани луѓе, на десет метри од нив млад пар горат шишиња како да готват нешто... Мирисот на пластиката фузионира со прашината од оџаците. Во близина го затекнавме чичко Боро со жената. Боро пред десет години се пензионирал од „Југохром“.
Веднаш не' примија и домаќински прашаа дали сме за чашка ракија. Двајцата се децидни околу комбинатот - или да работи како што треба, по екостандарди, или клуч на врата! Преку глава им е од празни ветувања и залажувања. Сметаат дека имало десет години да се стават филтри.
„Доста беше загаден воздух! Некој сака да работи на диво. А, законите за сите важат. Видете ги каква боја се јаболката, нашиот локален деликатес. И дишеме отрови, и јадеме овошки со отрови. Знаете ли дека поголемиот број луѓе од ’Југохром’ работат на свои посади, одделно од ангажманот во фабриката? Точно е дека пред некој ден ја изгаснаа седмата печка која работи со 30 мегавати. Но, тоа не значи дека ќе биде преполовено производството и загадувањето. Тоа се приказни за деца. ’Југохром’ работи со вкупно 100 мегавати. Има девет печки, а моментално функционираат шест. Она што не ви го кажуваат е дека печката ’Крим’ од 24 ќе ја појачаат на 30 мегати, а ’Карбит’ од 16 ќе ја туркаат до 20 мегавати, што значи дека повторно ќе дојдат близу стариот капацитет“, вели пензионерот Боро, потенцирајќи дека освен тетовци, загадениот воздух им пречи и на жителите од селата Ратае, Раотинце, Копанце, Жилче, Јегуновце... (Б.Ш.)
http://www.utrinski.mk/?ItemID=18AA1064B07AAE41B94CFA539BB2D771
Последно уредено: