Teтово

  • Креатор на темата Креатор на темата JoCkI
  • Време на започнување Време на започнување
Значи џабе факти се изнесуваат се тера едно исто инаку немам некој што работи, туку јас работим тамо. Ја барем некрием како вас што не сакате да признаете дека ви е наложено од партија и до утре негирајте може не дирекно ви кажале ама така е наложено и ќе си терате.

Во врска со клипот што докажуаш? Дека чади? Па нормално дека чади што треба цвечиња да летаат? Ама јас невидов ниту еден поткрепен доказ дека е југохром кривецот за загадувањето во Тетово освен слики каде што се гледа дека чади што е нормално...
Se e jasno
https://www.facebook.com/ndotjatetove?pnref=story Aj barem nie sto se grizime vo petok site tamu da bideme

10406975_10203573532713868_4587515631800021605_n.jpg[DOUBLEPOST=1415199019][/DOUBLEPOST]04.11.2014, 06:54
ЈЕГУНОВЧАНИ НЕ ЗНААТ ДА ДИШАТ ЧИСТ ВОЗДУХ

BF604FA50AFBD5409F1637106B37ADEE.jpg

„Утрински“ во посета на најголемиот загадувач „Југохром“. Загадувањето е децениски проблем. Не паметиме кога сме биле незагадени, ние и не знаеме да дишеме незагаден воздух, велат жителите од селата во околината на комбинатот од Јегуновце

Боjан Шашевски

Не треба да сте очи в очи со оџаците на „Југохром“ за да го видите црно-сивиот чад, а истовремено со нос да ги почувствувате „благодатите“ што ги генерираат печките на производителот на феролегури од Јегуновце. Доволно е само да се повозите до првите села од полошка котлина. Густа магла од прашина го „голта“ цел Полог, а од автопатот над патарините единствено ѕиркаат побелените врвови на Шара. Топографијата на теренот заедно со западниот ветер и неодговорноста на загадувачите со години им го земаат здравјето на над 300.000 луѓе. Во околината на Тетово живее неселение со различна „диоптрија“ за економската, еколошката и социјалната функција на „Југохром фероалојс“.

Комбинатот од викендов повторно, и покрај ветувањата и владините напливи на строгост и одлучност за рокот од 31 октомври, во своето хронолошко си-ви успеа да впише нова неуспешна приказна и нереализирана шанса да почне да применува еко-стандарди по европски крој.

„Загадувањето е децениски проблем. Не паметиме кога сме биле незагадени. Ние и не знаеме да дишеме незагаден воздух. И на локалното население, Владата, и на директорите од ’Југохром’ и вам новинарите јасно им е дека фабриката е причинител за 50 отсто од загадувањето во Полог. Илузија е нејзино затворање. Прво и основно е перење пари. Ако не беше приватна фирма, ако не беа Французи, Руси, ќе имаше ли досега филтри? Ќе помогнеше ли државата повеќе?“, прашува Имер, постар жител од селото Прељубиште, кој половина година живее во Тетово, а летото и есента ги минува со роднините во селото.

Во селата Сиричино, Шемшево, Прељубиште чадот се спојува со небото и се шири кон цел видокруг. Посивеле некогаш црвените ќерамиди. Од перспектива на новинари пратени по обиколка, по приказна, низ цела општина Јегуновце животот си тече мирно, селаните копаат по дворовите, некои чистат ограда, ги напасуваат кравите... Низ кафеаните луѓе наздравуваат со пиво, вино, ракија... Кому како му тргнало посабајлечки. Во Јанчишта седнати се двајца работници со сини униформи на кои пишува „Југохром“. Не ја исклучуваат можноста да бидат отпуштени стотина луѓе од комбинатот откако деновиве беше изгасната најголемата печка за производство на фероцицилиум, која меѓу вработените е позната како „48-ка“ или „елкем“. Немаат конкретен став за еколошката димензија на проблемот. Велат, голем број селани и семејства зависеле од работата на „Југохром“. Затворање на фабриката ќе го „парализира“ регионот. Тоа им е прво и последно.

„Јас земам 230 евра плата. Со таа плата го ранам синот кој има 30 години. Ене го, дома седи, не го женев и не работи ништо. Чека од мене. Не можам да го натерам да поработи. А, што ќе правам ако ја затворат фабриката? Што знам јас друго да правам освен двор, кафеана и фабрика? ’Југохром’ е извор на егзистенција, а на политичарите им е ’кец‘ во ракав за избори. Се менуваат влади, но некои од нас не ни знаат кој е и зошто е на власт. Владата се договара со управителите, а тие, пак, се сместени во Горен Полог, подалеку од чадот од оџаците. Нам ни го оставаат чадот“, рече човек во раните шеесетти, кој не' замоли да го пишеме како „анонимен“. Всушност, повеќето од селаните воопшто не ни сакаат да зборуваат нешто. Практично бегаат кога ќе споменеме „Југохром“, а не, пак, да го кажат родено име.

По Јанчишта се наоѓа Подбреѓе. На средсело се собрани луѓе, на десет метри од нив млад пар горат шишиња како да готват нешто... Мирисот на пластиката фузионира со прашината од оџаците. Во близина го затекнавме чичко Боро со жената. Боро пред десет години се пензионирал од „Југохром“.

Веднаш не' примија и домаќински прашаа дали сме за чашка ракија. Двајцата се децидни околу комбинатот - или да работи како што треба, по екостандарди, или клуч на врата! Преку глава им е од празни ветувања и залажувања. Сметаат дека имало десет години да се стават филтри.

„Доста беше загаден воздух! Некој сака да работи на диво. А, законите за сите важат. Видете ги каква боја се јаболката, нашиот локален деликатес. И дишеме отрови, и јадеме овошки со отрови. Знаете ли дека поголемиот број луѓе од ’Југохром’ работат на свои посади, одделно од ангажманот во фабриката? Точно е дека пред некој ден ја изгаснаа седмата печка која работи со 30 мегавати. Но, тоа не значи дека ќе биде преполовено производството и загадувањето. Тоа се приказни за деца. ’Југохром’ работи со вкупно 100 мегавати. Има девет печки, а моментално функционираат шест. Она што не ви го кажуваат е дека печката ’Крим’ од 24 ќе ја појачаат на 30 мегати, а ’Карбит’ од 16 ќе ја туркаат до 20 мегавати, што значи дека повторно ќе дојдат близу стариот капацитет“, вели пензионерот Боро, потенцирајќи дека освен тетовци, загадениот воздух им пречи и на жителите од селата Ратае, Раотинце, Копанце, Жилче, Јегуновце... (Б.Ш.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=18AA1064B07AAE41B94CFA539BB2D771
 
Последно уредено:
Ве трујат наголемо, и за чиј интерес ? За газдите и за стотина вработени од Јегуновце, а се трујат 200.000 луѓе.

Тетово и онака нема друг интерес , пошто од државниот буџет пари и онака не прима колку што треба , па што ви е гајле дали БДПто на држвата ќе се зголеми или не. (ако се затвори Југохром).

Тетово не е некој индустриски град со оџаци, за жал има и најголема невработеност, но и покрај тоа што има огромни планини и зеленило , останува и најзагаден град во државата.

Досега во Тетово имало загадување во 253 денови од годината, а "дозволени" се само 35 денови.
Во Тетово загадувањето достигнува во некои денови дури до 20 пати над дозволеното.
Наместо до 50µg/m3 , стигнува до 1000µg/m3

За вакви бројки се алармира и Кина, а камо ли еден европски град, без никаква индустрија.

Денес прочитав дека 1,3 милиони евра ќе се дадат за нови споменици од македонската историја.
Не дозволувајте вашите животи да вредат помалку од 1 споменик.

Не дозволувајте да ве лажат , Тетово е најзагаден град , ако го затворат Макстил за да го заштитат Скопје (кој не е број еден најзагаден град) .... тогаш знајте дека ако го оставаат Југохром (или кој и да е тој загадувач) намерно ве трујат.

Во моменти Тетово е дури 2-3 пати позагаден од Скопје.
 
Кафирите работат таму нека го затворат!

Ова со палењето ѓубре, постојано, од страна на локалната власт не е за бунење, топ е.
 
Па не, навистина некој би си помислил дека ако Албанците беа барем малку искрено загрижени за екологијата во градот, одамна ќе се бунеа за повеќе флгрантни одлуки на локалната албанска самоуправа ДПА/ДУИ. Имаше (и сеуште има) палење смет и да не набројувам се друго, што го загадува градот, а за што директно е одговорна локалната самоуправа.
Еве за палењето смет немаше никаква побуна, пошто нели не се кафири во локалната самоуправа. Али затоа Југохром треба да се затвори (кој ги ебе, они се кафири)

се гледа добро колку е развиена еколошката свест на Албанците
и апла се приметува, суштински, за што е бунењето против југохром

Инаку, и јас лично сметам дека Југохром треба да се затвори, само од еколошки причини.
 
What if i told you you can spend a day without mentioning the words ISIS and KAFIR ??

http://fokus.mk/galerija-ekoloski-protesti-vo-tetovo/

Sliki od protestite, gledate nekade nekoe zname ? nekoe istaknuvanje deka se raboti samo za albanci ? Za cista sredina se protestirase a ne za zatvoranje na fabrika. Filtri da se stavat.

morons. morons everywhere ...
 
Сакаш да кажеш дека случајно е тоа што Албанците до сега не се бунеа за сиов овој ужас што го дишете/мирисате заради палењето на сметот на сред град, од страна на локална самоуправа и исто така е случајно тоа што работат само кафири во Југохром за кој сега се буните?

Да беше Југохром турска инвестиција, во која предимно работат Албанци, ќе се буневте вака или ќе се буневте како и за сите други еколошки проблеми, како на пример што се буните за палењето на сметот на сред град или како што се буните за дивото соголување на Шара, или како што се буните за урбаниот хаос во Тетово....

Ја пак ќе повторам: лично сметам дека сите вакви градски тешки индустрии, треба да се затворат (и Југохром, и Железара, и РЕК...). Тоа што го потенцирам е фактот дека ВАС Албанците уопште не ви е до екологијата (види горе примери зашто така мислам), туку до друго.
 
Последно уредено:
Ако го затворат РЕК ќе умреме од студ ако се грееш на струја....

Само ќе поставам две прашања:
1. дали некој видел и проверил колку загадува производството на феросилициум (колку е тоа штето),
2. Дали некој од екологистите има точни податоци до каде и колку загадува Југохром (да не е заклучок од сликата каде што чади).
 
Легитимна е и твојата дилема, дали Југохром придонесува во голема мера или во помала мера во загадувањето на воздухот.
Според некои податоци што ги прочитав, аргументи со кои се „борат“ протестантите, придонесува со 54%, нормално недокажани, се дур нема темелна анализа за загадувањето (а можеби и има).
Но фактот дека владата им даде ултиматум да ги стави филтрите, докажува дека работата е сериозна, а од кои причини го одолговлекува решението, тоа само на нивните представници им е јасно.(а чајџилниците инстанто ги затворија оти се пушело премногу, а тоа „не е здраво“ за околината).
Не се протестира само за Југохром, не треба така да се спинува ситуацијата.
Мене ме радува фактот дека плоштадот за прв пат имаше повеќе од илјадници протестанти, албанци, македонци , и други, кои беа собрани за своите елементарни права, а не за нивните партии.
Ми се допадна и идејата за транспорт со велосипеди, макар немаме ни адекватни стази за ваков транспорт.
Треба да се протестира и пред општината, оти градоначалничката само се слика во еколошки настани, а во првиот посериозен проблем нестана од земјата.
И за запалувањето на отпадокот треба да има дури порадикални мерки, со блокирање на улиците, етц, етц.
Потоа на ред е проблемот со водата, не смее да се чуствуваат комотно тие што ги бараа гласовите на гласачкото тело, а сега се на власт, на локално и централно ниво.
Секогаш сум им се восхител на словенците, кои божем се мирен народ, ама за своите права ја запалија Словенија.
Мора порадикално да се тргне, оти досега пантолоните ни се спуштени, и секоја власт ни дава безплатен секс.
 
Пост на место. Значи кажано е да се стави филтри 2004 а југохром е купен 2009 од сегашниот газда. Како прво зошто е продаден пример без услов стај прво филтри па после работи?

Друго од 2009 до лани секоја зима југохром беше допиран со работа. Секој постар од 5 години знае дека до пред 5-6 години го немавме овој проблем со загаденоста. Проблемот е почнат можеби пред 10 години но сега почнуваме да го гледаме и осеќаме тоа. Значи од 2004 до лани југохром преку зима не работи, а загаденоста се зголемува. Многу сомнително.

Значи верувај и јас сум за радикални протести ама насочени кон права цел, да има ефект, а не само да се покаже со прст без разлика дали е тоа издржано или не. Што ефект ќе има доколку еве се затвори југохром а загаденоста остане? Кој е успехот тогаш на протестот. Не е поентата да излезеш да протестираш а незнаеш за што.

Идејата за велосипедот јас ја практикувам неколку години веќе (скоро цел живот), дури возам по сите правила како што треба да се вози. Еднаш ме направија будала што чекав на семафор а беше црвено. Инаку не е толку проблем тоа што немаме стази за велосипед (иако треба да се има) туку проблемот е во психата кај нас, менталитетот ни е таков. Скоро од секое место во тетово до центар има од 20-30 мнути пешки. Но ние сакаме со кола до пред местото каде одиме да стигнеме, иако пешки си за 5-10 минути до тамо.

Инаку ги спомена словенците, за нив сме светлосни години кога е во прашање чистота. Во загреб кога бев гледам чисто и им велам на едни пријатели многу ви е чисто и ми велат чекај да видиш како е во Љубљана кога ќе одиме, да видиш што е чисто, ова кај нас е прљаво. Стварно имаше разлика, а со нас ако се спореди самиот град ни е депонија.

И уште нешто и да се допре југохром па и да не го палат џубрето ние неможеме да се исчистиме и имаме проблем долгорочен, затоа што градот нема провев нема вентилација поради градењето на секое чоше непласни зграда и уништување на секоја зелена површина. Нема парк изградено од власта во последни 15-20 години. Моментално сме како кафана каде што сите пушат а нема вентилација. Тоа е реалноста за жал и ме плаши тоа што неможе да се промени тоа, барем во догледно време без разлика дали нема да се пали депонијата или ако се затвори југохром...... Жална вистина е тоа....
 
Последно уредено:
Абе екологисти, кај сте да протестирате на 18797298722072 возила што се возат низ Тетово и да барате да се намали нивното користење.
Уште малце и тротоарите ќе земат да ги користат ко коловози.
 
Браво за тетовските власти што придонесоа за достоинствено славење на денот на ослободувањето на градот, со невидени активности у чест на борците кои го дале животот у борбата против фашистите. Истот така браво и за големиот број на граѓани што учествуваа у тие активности.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom