Како што ја читав mari4eto прочитав дека сама се испирсала на стомак , и незнам на кое друго место беше . Не сваќам зашто сами да се пирсате ?
Не е исто кога ќе се испирсате сами или кога ќе ве испирса професионалец , се разбира многу посигурни ќе бидете доколку професионалецот ве пирсне .
Кога веќе морате сами да се пирсате еве неколку совети за пирсање на усна:
1.Опрема : Иглата за пирсање е важен дел од целиот процес , се разбира дека е пожелно да земе професионална игла . Доколку имате во план да се дупнете со безопасна или игла за шиење -
ЗАБОРАВЕТЕ . Едноставно идете до најблиската аптека и набавете си
Канила 16 или ако имате помал пирс
Канила 18 . Нека не ве буни , со зголемување на бројот на канилите се намалува ширината.
2.Чистење : Доколку по некоја случајност не најдовте Канила 16(18) и решите да се пирсате со игла за шиење/безопасна , обавезно да ја дезинфицирате. Нека опстои во алкохол 3-4 часа или пак да превриете вода заедно со иглата .
3.Накитот: За да бидете сигурни исчистете го и пирсот кој што сте го купиле , иако неговите производители се грижеле за тоа , сепак неможе да бидете премногу претпазливи. Исто така внимавајте и на алергиите , односно немојте да земате пирс кој што би можел да ви предизвика алергија .
4. Пирсање : Повеќето луѓе кој што се пирсале самите себе го направиле тоа во тоалетот. Бидејќи (најверојатно) таму има огледало . Но не го правете тоа во тоалет кај другар или во некој објект (Кафич, Ресторан итн.) . Бидете сигурни дека тоалетот е чист и дека неможете да се инфицирате.
Извадете ја Канилата заедно со пластиката , тргнете го само горното капаче. Во целиот процес користете ракавици за да не се инфицирате. Фатете ја усната и повлечете ја за да видите каде се вените кој не смеете да ги погодите. По можност маркирајте ги местата (најпогодно за маркирање е ЦД-Маркерот) .
Препорачливо е да го продупчувате местото од внатрешна страна , иако е потешко , сепак е помалку болно одколку да го продупчувате епидермисот од надворешна страна . Обидете се да стигнете бар до пола во внатрешноста на усната од првото туркање , сепак не сте професионалец за да можете до крај во едно туркање. За помала болка препорачливо е понатаму да ја туркате усната кон иглата отколку обратно. Кога ќе искочи канилата од другата страна извадете го првиот дел оставете ја само пластиката . Вметнете го пирсот (отворен , без 1 навртка ) и влечете ја полека пластиката нанадвор заедно со него. Кога ќе исокчи пирост ставете ја навртката и - честитам , успеавте да си ставите пирс

. Доколку не користите канила последниот дел е малце проблематичен . Бидејќи ново отворената дупка се стреми да се затвори , мора да го ставите пирсот брзо пред раната да се засуши.
5. Не запирај тука : Откако ќе го ставиш пирсот внимавај на неговата хигиена. Пред да го купиш пирсот или Канилата/иглата , обавезно побарај Бетадин 1% за понатамошна хигиена . Исто така , доколку во целиот процес на пирсање протече повеќе крв од 5-6 капки , посети доктор .
Запаметете : Колку лесно и да изгледа оваа постапка НЕ ЈА ПРАВЕТЕ доколку навистина не можете да ставите пирс на друг начин.