Teткински фрази! :)

Кога некое детенце ќе каже цела реченица, одма паѓа воодушевување: „Леле, денешниве деца со диплома се раѓаат!“
 
уба та на тетка mwa mwa

не седи на то циментото ќе ти кашљат газот

:pos::pos::pos::pos::pos:
 
Абе го знам тој, мирен, добар човек, беше со на моја втора братучетка, на другарка нејзина, шо има комшика со плава коса, е над неа шо живее Стево од комуналното, епа неговото дете, епа со него заедно беа у Америка! (и после вакво редење на генеалогијата нормално е ништо да не се поврзе).

Аааааааааа, нејзиниот син за амбасадор учел, ќе работе у банка!

Еееее, шо снаа имам од оној мојот, абе будала ниеден и у коза ќе се заљуби!
 
Лелееее колку си порасната, едвај те познав! Лепотица!
Дома шо прат,арни се?
Убата та на тетка! Пуфка теткина!
Але шо било то диети? Да не слушнам поќе такви муабети!
Неќам посно да јадиш, ќе се поболиш! Земи макни си од ова, види шубо е,мњах,мњах.
Паше проба од овие? НЕ??!! Дај пајнчето да ти клам.Се да пробаш. Земи си,земи си поќе,уште земи си,не се срами! Земааааааај!!
Се да изедиш!


Имам една тетка постара, шо секогаш кога ќе се собериме се мајтапи на своја сметка за починатиот си сопруг :pos:
Вика: Ми умре соколот мене. :pos:
 
Туршијата оваа година ич не ми се погоди, а со тој рецепт постојано ја правам
-Ја ќе ти дадам од мојот рецепт, чекај еве пробај
(со кисела фаца) леле шо убава туршијава, подлутнува
 
уба та на тетка mwa mwa

не седи на то циментото ќе ти кашљат газот

:pos::pos::pos::pos::pos:

Варијанта на баба ми, родум од Битолско* -

Не сеј на циментото бабе, ќе ти збора газот грчки**.



***Селото и е близу до грчка граница :pipi:
 
личен тој каков се сторил...
леле готов/а е (за женење/мажење, за умирање.... you guess)
 
тру стори: баба ми се јавува кај тетка ми дома, тетин ми крева телефон и слуша ода таму: Лелееееееее се отепа бебето! и овој цел избезумен(братучед ми мал беше тогаш), шо? како? пред срцев удар! и после пола саат сфаќа дека баба ми всушност зборела за вечерната епизода од некој серијал, каде што бебето се отепа!
 
ах леле буце то на тетка....
или
види го леле цело е пркнато(излезено) на татко му...(бебето)
хихихи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom