ne znam dali ke ima odziv, 3ca sme go gledale, a ne gledam zaso bi se raspravale
vaka, ako sum iскрен првично бев малку индиферентен, не знам што чувствував после филмот или можеби бев поразен од многуте различни емоции и мисли. Обично не оценувам високо кога јас ЛИЧНО нема да се поврзам со некој лик, некоја состојба/ситуација или некое чувство. А филмот како тоа да го форсираше, сочувствувај со лик кој не го гледаш, сочувствувај со неговата состојба, сочувствувај со Ларс и неговиот unapologetic movie about apologizing. Воедно барајќи да го занемариме неговиот тромав скоро неспособен начин поради неговиот дисторзиран поглед на уметноста и преголем нарцисизам. Но мислам дека срцето овојпат му е на вистинско место, бидејќи многу што улагаат у ова знаат веќе шо да очекуваат и не се тука само за шокот и бруталноста и грозотијата што го продаваше Ларс у минатото, и иако филмот првично го обработува токму тоа, толку е во втор план што секоја морбидна сцена не ја гледаш како морбидна сцена туку уште една мисла од низата опроштални на Ларс. Додека ни кажува чао се осеќа како вадење прљав веш после грдо раскинување, како да идело многу одамна и е делумно океј со тоа и ни го презентира овој завршеток, бидувајќи брутално реален и отворен, сепак остава вкус дека е сепак малку батхрт за неговото (не)прифаќање од плебсот со тоа каква уметност ствара. Не морал да отиде мета и да поентира со сцени/уметност од неговите филмови. Беше доста self-explanatory.
Филмот сам по себе многу ми се допадна, ме демотивираше фактот дека е 2 ипол саати но не се осети заморно, меѓутоа бојата на филмот во комбо со камерата која ме потсети на мојот омилен од Ларс - Dancer in the Dark, и одма позади Melancholia, беа прикладни и за времево и за мојата психофизичка состојба. Тука беше и хуморот кој го движеше филмот прилично многу заедно со едитингот, и нормално нема да ја спомнувам нарацијата на која увек паѓам. Друг огромен плус беше дијалогот, драстично подобрен од сите претходни Ларс филмови, одлични дијалози, монолози и нарација. Додека му кажуваме на Џек чао идејќи накај пеколот, го поздравуваме на Ларс до некое подобро утре, а ако не, чао во друштвото на многуте култни режисери.
Без намера се распишав. Ако се развие дискусија ќе сменам наслов, ако не ќе префрлам.