Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ве префрлаа на новите пакети, одма средија и лимит и брзината или прво пи пуштија лимит, па уште чекавте за да ви ја зголемат брзината?
 
Откако се префрлив на Voip неможам да вртам на 080012345.(можам ама безразлика дали вртам во 2 по полноќ или 8 сабале или 12 попладне ми дава тонот за зафатено). Знае некој како да го решам ова ? :)
 
Кај мене прво зголемија брзина а потоа лимит (во меѓувреме го надминав стариот лимит па бев на 256/256)
 
Кај мене конкретно лимит ми покачија мислам одма, а за брзината чекав 8 дена.

Може уште не е подесен VOIP-от како што треба, незнам како беше тој бројот дали 142 200 па таму да провериш дали си префрлен. Инаку можно е уште да не е средено од таму, а втора опција па и да се презафатени операторите на 0800 :)
 
Јас две недели чекам, а на оптика сум. Вчера се јавив, уште од 21ви имаат издадено налог за промена на пакетот и таа викаше демек дека оптика би требало побрзо да е направена промената, ама имало многу луѓе што чекаат па затоа се чекало по околу 10 дена. И денес гледам во мој телеком ставено е сега кај што се проверува нели остварен сообраќај, и за брзината што има,
Тековната брзина на интернет врската е 50000 kbps/ 50000 kbps.

Ама уште ми е иста брзината, ништо не е променето па незнам дали направиле некаква промена или уште нема ништо. Уште 3 гига се останати од 60, да неможам без гајле да си симнам нешто. :D
 
Другар ми (во Топанско) чекаше само 4 дена за да му сменат пакет. Значи и брзина и гига...Некоја привилегија имаат спрема нас :D
 
Од вчера на оптика. Еве брзината со сервер во Скопје.
1978098360.png

Одиме и во Ливерпул.
1978094018.png
 
Кај мене конкретно лимит ми покачија мислам одма, а за брзината чекав 8 дена.

Може уште не е подесен VOIP-от како што треба, незнам како беше тој бројот дали 142 200 па таму да провериш дали си префрлен. Инаку можно е уште да не е средено од таму, а втора опција па и да се презафатени операторите на 0800 :)

Не верувам да не сум префрлен. Пред пола година се префрлив и се функционира одлично освен 080012345, а да се зафатени ќе ми каже немаме слободен оператор а не да ми дава како да е зафатена линијата. Во секој случај ќе се јавам ќе пробам :) Благодарам :)
 
Јас две недели чекам, а на оптика сум. Вчера се јавив, уште од 21ви имаат издадено налог за промена на пакетот и таа викаше демек дека оптика би требало побрзо да е направена промената, ама имало многу луѓе што чекаат па затоа се чекало по околу 10 дена. И денес гледам во мој телеком ставено е сега кај што се проверува нели остварен сообраќај, и за брзината што има,
Тековната брзина на интернет врската е 50000 kbps/ 50000 kbps.

Ама уште ми е иста брзината, ништо не е променето па незнам дали направиле некаква промена или уште нема ништо. Уште 3 гига се останати од 60, да неможам без гајле да си симнам нешто. :D
И јас сум на оптика , и дури вчера после две недели чекање , ме лрефрлија на новите пакети .И кај мене е иста приказната со брзината , од 23-24 Mbps не мрда , а треба околу 50 Mbps да биде :(
 
Точно две недели или .. ? Денес истекува 13тиот ден од кога е поднесено барањето, па да знам дали да почекам уште ден два или да се јавувам.
 
12 дена поточно :cautious: Отприлика толку се чекало , бар така ми кажаа :facepalm:
 
Прво ми кажаа 2-3, па 9, па сега 13 :D ако и утре нема ништо, ќе мора да се јавувам.
Туку, знае некој како (и дали) може да се пристапи до Huawei HG850а оптичкиот терминал што го даваат за оптик пакетите ? Сакам да направам некои измени во воип-от, меѓутоа никако неможам да влезам во менито. На интернет најдов дека default ip е 192.168.100.0 но небива ни така...
 
се плака опција да слушаш радио на тв и фб опцијата :)
 
Преска од грмењево ми цркна модемов што ми го дадоа од т-хоме за новата платворма,сега ќе ми дадат нов или што?
 
Ќе ти дадат бесплатен не се секирај, само мора да го пријавиш, врти на 0800 12345 и кажи му.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom