Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Поголемите Интернет провајдери во Македонија (ОНЕ, Кејблтел, Неотел, Телекабел, Телесмарт) одамна не купуваат Интернет од (некои не се ни поврзани со) Телеком. Пазарот овде е отворен и секој може да „увезува“ Интенет од надвор (најчесто преку Србија и Бугарија). Поради ова целата твоја теза е погрешна и неточна.

За ONE си грешка. Другите се останатиот 1% што не го спомнав ;)... На оваа тематика работам подолго и сум поврзам многу повеќе од колку што можеш да замислиш без оглед на моиве години.

--- надополнето ---

@FlameOfSpirit

Јас имам АДСЛ од почетокот, кога почна оваа услуга во Македонија. Искрено не памтам кога последен пат паднал, а сум во Струга. Телефонот ти го спомна затоа го надополнав фиксниот. Иначе знам дека купуваат некој од други земји, тоа ги прави уште полоши оддалеченоста на корените или првичните сервери ја зголемуваат латентноста, која исто има улога врз интернетот брзината и слично. Можеме да се инаетиме три дена ако сакаш ако не видам добар аргумент во следен твој пост не враќам веќе.

До тие што ја мешаат телевизијата и интернетот, во моментот кога ја извадив брзината од спид тест имам макс тв со два телевизори и двата беа уклучени, значи максимумот го добив и покрај телевизијата. Телевизијата оди преку оптички кабел нема врска со интернетот.
 
Кога се јавив ми кажаа дека месечно ќе ми доваѓа по 30-40 денари повеќе на сметката(сумњам дека ке биде толку,сигурно ќе биде повеќе)
Сеа тие пари за рутерот се можеби да го исплатам или доплаќам за 30 гига можеби?
И да во мојот град нема салон за да го продолжам договорот па ќе мора во Штип или Скопје...

Тоа уште кога го накачија од 10 на 15 почна да се наплаќа 20 денари плус нема врска тоа со рутерот
 
Ти ставија другите, и ти потврдија уште членови... Незнам што повеќе за да поверуваш. Слика не ти давам од кај мене, само да знаеш некогаш и до 1.1мб ми се искачува кај мене, али мислам дека се увери од другите. Членот подоле ти стави резултат од спидтест на кој има извадено скоро 9мбпс што е многу нормално. А причината што имаш побавен нет, ја имаш во последниот мој цитат.





Значи и кај други е скоро 9 како што кажав во првиот пост.



Еве поради оваа причина не ставам МаксТВ. Сите ми го кажаа истото. А брзината ми е многу поважна него телевизијата која и онака никогаш не ја гледам:)

Нема врска МаксТВ-то, т.е. имам многу врска, ама јас ти кажав дека кога пробувам да извадам максимална брзина, од рутер све вадам. А тоа (МаксТВ-то) има многу врска, еве сега со уклучен ТВ, брзината е 4 кома нешто, да го исклучам ке се качи на 7 и нешто, а како што спомнав погоре, кога вадам све од рутер и кога оставам само еден компјутер, брзината оди 8 или некогаш ако е Бајрам/Божик може и 9, ама за торенти никогаш, буквално никогаш над 720/730 не ми оди. Не мораш де слика, се уверив од другите, не ти побарав број на кредитна картичка па да се лутиш :)

Кога ставив прв пат, првиот ден, дојде човекот и онака све нешто ми глумеше демек: ’’леее па супер ова, линијата до 14/16 мбпс оди/крепи, ке може и ХД канали да гледаш и све’’, а еве сега кога сакав Интер-Баерн да гледам на КАНАЛ5 ХД (онака ајде реков да пробам), човекот на телефон ми рече, исклучи све, и нешто ми ја појача брзината и рече после натпреварот пак ке имаш проблеми, не дека таму го гледав, ама некогаш и мака ти е кога те прават магаре... Златен dreambox 800 HD :)
 
За ONE си грешка. Другите се останатиот 1% што не го спомнав ;)... На оваа тематика работам подолго и сум поврзам многу повеќе од колку што можеш да замислиш без оглед на моиве години.
ONE „купуваат“ интернет од телекомот во Словенија. Немој да ги мешаш изнајмувањето на мрежата од телеком (за АДСЛ корисниците) со користењето на интернационалните линкови. Другите, исто така, не се само 1% од пазарот, иако телекомот го има најголемиот удел овде. Можеби во Струга, телекомот ги држи 99% од интернет корисниците, но тоа не е така на ниво на целата држава.
 
Нешто чудно се случува со АДСЛ - ов,никогаш досега сум ја немал оваа брзина

speedtest.png
 
Нешто чудно се случува со АДСЛ - ов,никогаш досега сум ја немал оваа брзина

Прегледај го приврзокот 40915

Не ја ни имаш, бидејќи максималната брзина на ADSL2+ е 24mbps. Не знам зошто инсистирате да користите speedtest, па уште и го сметате во 100% од случаите за валиден резултат... кога имате рутер и можете да проверите со која брзина тој се синхронизира со централата, поточно од тоа амин.
 
еден вика слабо изгледа, друг вика дека биле зголемени пакетите. мене ме интересира од двајцата. од каде ги вадите информациите?

Слабо изгледа.

Да млад господине, твојот интернет од денес наместо 15 гб е 30 гб.
 
еден вика слабо изгледа, друг вика дека биле зголемени пакетите. мене ме интересира од двајцата. од каде ги вадите информациите?

Тој што пиша слабо, ваљда целта му е да има што поише постови на форумов. А ти и сите други што прашувате за тоа, ако ги разлистате претходните страни ќе видите неколку докази дека тоа е така од денес. Еве го главното:

Информацијата за покачување на вклучениот сообраќај во сите пакети, објавена на оваа страница важи од денес. Информации на официјалните веб страници ќе бидат објавени во следните неколку денови. извор

А поназад и некој член имаше пишано дека се јавил и му кажале дека од денес ќе бидат зголемени лимитите. Само кој да чита..
 
зголемувањево на сообраќајот важи и за ОПТИКА ?
 
Оптика. Btw мојот 2 Мах Оптик пакет не го гледам нигде на сајтот

 
Епа и зголемувањето на пакетите е добра вест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom