Ок, ова само ги потврдува моиве стравови дека МТ има направено со тек на време поради неклавитет на бакарот да се спушта брзината на ДСЛ делот ... првпат го приметив ова кај другар ми каде што навистина има лоша линија и каде што одеше 10мбит/6мбит/4мбит/2мбит/1мбит/512кбит ...
Не мислам дека е така.
Поради неквалитетот на бакарот, од незнам таму кои околности (не ме ни интересира додуша), губи на квалитет DSL-от.
Конкретен пример:
Пред 5 минути го уклучив рутерот и се синхронизирав на полна доделена брзина - 8Mbps, максимална можна брзина (attainable data rate) во моментов е 11000 Kbit пример.
Е сега, после 2 дена, attainable data rate поради незнам таму кои околности (веројатно она погоре, неквалитет на бакарот), паѓа на 7000 Kbit. Во тој момент, DSL-от паѓа и се ресинхронизира на 7 Mbps.
После 2 дена, attainable data rate паѓа на 4000 Kbit.
Пак DSL-от се ресинхронизира, овој пат наравно пак на максимална можна брзина - во случајов 4Mbps.
И така натаму (немам тестирано подолго

)
Е сега, ако го отштекаш рутерот од струја и го ставиш пак, attainable data rate пак ќе стане 11000 Kbit (забележуваш дека се враќаме пак на почеток).
A inace muabetot mu e za netot poslednite nekolku dena...
Прво, никој никогаш нема да ти гарантира пристап. Уствари може ќе ти гарантира, ама 1Мбпс за ~5000 денари месечно. Имаат таква конекција и телеком, мислам изнајмена ја викаа. Брзината на пристап до одреден сајт зависи од толку многу околности што никој не може да ти гарантира брзина.
А за нетот последните неколку дена (многу бранење во една вечер ќе им испадне на телеком ама ај, ми тргна веќе) не се криви они. Интернетот кај сите провајдери колку што знам оди преку телеком србија. Така се каблите поврзани. Македонија -> Србија -> Европа - Даље у бољи живот.
Т-хоум (нашиов) не се криви што линкот на телеком србија неколку дена уназад заебава.
Ама од друга страна, мене и тебе како краен корисник, што не занима од кај они црпат интернет и кој линк не им чинел.