Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
а каде гледате тоа на колку е синхронизиран рутерот? јас имам бел Томсон. во DSL connection, bandwith (up/down) [kbps] стои 765 / 10.222. тоа е тоа?
 
Колку за информација симптомиве што сте ги напишале ги нема на ТК, така да претпоставката "кај сите провајдери е така" не е издржана.

За кои симптоми збориш, за ова со бакарот?
Знаеме дека тие симптоми ги нема телекабел. Телекабел нема телефонска мрежа.
 
Пуштиле повеќе интернет овие од Т Хоум....автоматски сега добиваме 15 гига или треба да го продолижиме договорот?
 
За кои симптоми збориш, за ова со бакарот?
Знаеме дека тие симптоми ги нема телекабел. Телекабел нема телефонска мрежа.
Aj сеа, без потценување. :)
Мислев на страна-две поназад, кај што се спомнуваа проблеми со отворање страници, клипчиња и спомнување на телеком Србија итн.
 
Не е толку лошо кај мене барем последнава недела, дури и јутубот не шлајфува толку често. :)

А ова што ви зголемиле сообраќај, само на пакетот од 10 на 15 гига, или има промени и во други пакети?
 
Не мислам дека е така.
Поради неквалитетот на бакарот, од незнам таму кои околности (не ме ни интересира додуша), губи на квалитет DSL-от.
Конкретен пример:
Пред 5 минути го уклучив рутерот и се синхронизирав на полна доделена брзина - 8Mbps, максимална можна брзина (attainable data rate) во моментов е 11000 Kbit пример.
Е сега, после 2 дена, attainable data rate поради незнам таму кои околности (веројатно она погоре, неквалитет на бакарот), паѓа на 7000 Kbit. Во тој момент, DSL-от паѓа и се ресинхронизира на 7 Mbps.
После 2 дена, attainable data rate паѓа на 4000 Kbit.
Пак DSL-от се ресинхронизира, овој пат наравно пак на максимална можна брзина - во случајов 4Mbps.
И така натаму (немам тестирано подолго :icon_lol:)
Е сега, ако го отштекаш рутерот од струја и го ставиш пак, attainable data rate пак ќе стане 11000 Kbit (забележуваш дека се враќаме пак на почеток).

Јас кажав зошто е инсталиран системот ..т.е дека поентата е да се намалат поплаките со проблеми со синхронизација ... ама очигледно МТ најде начин како со ова елегатно да си ја растеретува мрежата

Ова одштекувањето и вадењето на кабелче е уствари времето (2 минути мислам дека го имаат ставено) за да види дека нема уред и повторно да овозможи максимална брзина (бидејки нели се претспотавува дека работеле на париците) ...

Во секој случај место за жалење нема - во договорите има напишано дека МТ ќе ја овозможи максималната можна брзина ... па во ДО 10мегабита тоа е се од 0-10 нели ...

Значи, решение - ресетисај од струја секои 4 дена :pipi:
 
Ја користам приликава да ги поздравам Т-Хоум (и Т-Мобиле) на чекорот сите цени да ги објавуваат само и исклучиво со ДДВ. Секоја чест дечки. Тоа со цена со/без ДДВ беше најголемата далавера евер, и мило ми е што голема фирма како нив веќе ја прекинаа оваа пракса.
 
А шо е форава со детална сметка на адсл сообраќај ?

Редовна детална сметка на ADSL месечен сообраќај
Месечна детална сметка на ADSL сообраќај 64 ден./месечно
во печатена форма дополнителни 2,36 ден./страница
преку e-mail дополнителни 11,8 ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom