Е па слободно смени го твоето лично мислење бидејќи Македонски Телеком планира до крајот на 2020 година да ја покрие цела Македонија со својата оптичка телекомуникациска мрежа, само не знам од каде ти е бројката 30% покриеност од пред 2 до 3 години, кога секоја година пуштаат оптички кабли низ Македонија.
Скопскиот регион - кој е поделен на повеќе реони, е премногу урбанизиран, а со тоа и проширувањето на оптичката телекомуникациска мрежа е потешко, додека за помал реон како Неготино би требало полесно да биде пуштањето на оптичките кабли.
Пред се`, треба од станбената зграда или од улицата да соберете потписи за проширување на оптичката телекомуникациска мрежа, за да знаат од Македонски Телеком каде имаат поголем потенцијал за нови корисници на оптичката телекомуникациска мрежа, а со тоа и да знаат на кого да му дадат приоритет.
Понатаму, откако ќе ги доставите потписите, барем еднаш месечно треба да појдете во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Неготино, кое би требало - како што е вообичаено праксата - да биде сместено во истата главна административна зграда на Македонски Пошти во градот. Во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во конкретниот реон, треба да прашате до каде е работата - дали е поднесено барање за копање, дали има дозвола од општината, дали има конкретен датум кога би почнале да копаат и така натаму.
Бидејќи не го знам тој реон и немам работено таму, можеби грешам, па бидејќи Неготино е мал реон, можеби спаѓа под реон Кавадарци, поради што можеби ќе треба да барате информации во административната зграда на Македонски Пошти во Кавадарци, односно во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Кавадарци. Но можно е да грешам, бидејќи сепак немам работено таму и не го знам реонот.
Лесно ќе откриеш дали во таа зграда е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком за тој конкретен реон - ако е отворено и ако влегуваат и излегуваат возила на Македонски Телеком, тогаш таму е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком и таму треба да ја бараш потребната информација.
Во салонот нема што да бараш, таму се задолжени исклучиво за наплаќање сметки, продавање на телефони и опрема, како и за потпишување на нови договори или обновување на постоечки договори, воопшто не се задолжени за технички прашања.
Понатаму, дури и откако ќе ги раскопаат улиците и ќе ги пуштат цевките, цревата и оптичките кабли низ нив и откако ќе ги вратат улиците во првобитна состојба, ако живееш во станбена зграда ќе мораш да чекаш додека да направат внатрешна оптичка инсталација низ ходниците, а ако живееш во куќа, ќе треба да видиш каде однадвор ја поставиле тубата низ која ќе поминува оптичкиот кабел за твојата куќа - вообичаено е портокалова боја, за да одлучиш однапред од каде точно сакаш да бушат кај тебе за да го внесат кабелот од надвор. Ако имаш тротоар околу куќата, знај дека и низ него ќе мораат да дупчат бидејќи кабелот мора да поминува подземно.
Се на се`, Македонски Телеком ќе пушти оптички кабли и во Неготино, но насекаде приоритет им се густо населените места со поголема концентрација на корисници.
Јас живеам во зграда висока повеќе од 10 ката, па сепак малкумина го користат оптичкиот Интернет од Македонски Телеком, а единствена причина зошто ја поврзаа зградата со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, беше бидејќи и онака оптичките кабли мораа да поминуваат покрај зградата за да се заокружи целиот реон. За волја на вистината, кај нас доаѓаа претставници од Македонски Телеком од врата на врата за да собираат потписи, потписите им ги дадовме, ја направија внатрешната оптичка инсталација, но кога се симнувам по скали гледам дека сандачињата дремат или без корисници, или со многу малку приклучени корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Да знаеја дека ќе имаат ваков слаб интерес за оптички Интернет, сигурно воопшто не ќе ја правеа внатрешната оптичка инсталација, но бидејќи зградата е голема, а оптичките кабли мораат да поминуваат покрај зградата за да се заокружи реонот, а и во иднина може некој да се исели, па да има нови станари кои би биле нови корисници на оптичкиот Интернет, сепак ја направија внатрешната оптичка инсталација.