Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
„Со новата технологија ќе можете да симнете филм од 2 гигабајти за 20 секунди, додека го направите вашето еспресо. Направивме уште еден еволуциски чекор во технологијата – брзината што денес ја измеривме е најголема измерена брзина не само во Македонија туку и во регионот и работиме на тоа да стане достапна за сите корисници во наредните 2 години“ изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

е така во 2017-та уште divx филмови ќе симнуваме. 50гб блуреј се гледа сега, на таа брзина таков филм се симнува се гледа. 4К се стримува.
кога ќе ги тргнат тие смешните лимити од 600гб, 1ТБ тогаш може да се размислува за телеком оптика, дотогаш не вреди ни да се погледнуваат новите понуди.
 
Чекај сеа како вака ADSL/VDSL+4G? Не ми штима малце. Нешто како Vip Combo Box ако е, интернет од нивната 4G мрежа и да се зема и ТВ од 4G модемот/рутерот или?

Не сум до толку упатен во техничките аспекти, сигурно @Име И Презиме е подобро упатен од мене.

Знам дека тој поновиот рутер од кој објавив слика и линк подоле во пост #10797, доаѓа со WAN порта, преку која може да се превзема Интернет сигнал и од втор извор - како кабелски модем за кабелски Интернет, или LTE 4G модем за LTE 4G Интернет.

Од една страна самиот рутер доаѓа со вграден DSL модем кој поддржува и ADSL и VDSL Интернет, а од друга страна може да превзема Интернет сигнал и од втор извор преку WAN портата - како на пример преку LTE 4G модем.

Како технички ќе се изведува тоа, не знам, но знам дека технички е изводливо.
 
Тотално неразбирливо. Или едно (4G) или друго (ADSL/VDSL) ќе користиш. Валда онаму кај што нема 4Г сигнал ќе идат АДСЛ, поинаку не гледам што корист од ова. Се ова колку да не трошат пари за проширување на оптичката мрежа во Македонија ете тоа е. 4G не треба да биде замена за фиксен интернет. Ама тоа е тоа, кога не им се даваат пари.
 
Не се пари во прашање, туку подготвеноста на теренот.

За почеток, потребна е дозвола од општината за копање, а потоа потребна е` и логистиката за брзо и навремено раскопување на теренот, пуштање на цревата низ кои ќе поминуваат каблите и враќање на теренот во првобитна состојба. Вообичаено цревата ги пуштаат низ цевки за да бидат подобро заштитени од надворешни влијанија, што значи дека прво ќе треба да се пуштаат цевките, па потоа цревата.

Потоа следува пуштање на каблите низ цревата, а спротивно на мислењата на тие кои не знаат, оптичките кабли, поконкретно оптичките влакна се најтешкиот дел од работата, багерите и цевките делуваат како играчки наспроти сечењето и лепењето на оптичките влакна, кое самото по себеси е доста макотрпна работа. Ги има доста проблематики за решавање додека да пристигне оптичкиот кабел кај крајниот корисник.

А кога сме кај хибридниот Интернет, ја имаш мапата на 4G покриеност на Македонски Телеком и имаш линк до истата на официјалниот веб сајт на Македонски Телеком подолу во пост #10803. Со оглед на фактот дека 4G покриеноста на Македонски Телеком изнесува помеѓу 80% и 90%, а истовремено ADSL покриеноста изнесува 100%, хибридниот Интернет исто така ќе има покриеност помеѓу 80% и 90%, а ќе работи така што ќе користи и ADSL Интернет и 4G Интернет, кои заедно комбинирани ќе достигнуваат брзини до 100 мегабита (10 мегабајти) во секунда брзина на симнување (примање) на податоци. Со други зборови кажано, корисниците на хибридниот Интернет ќе користат и ADSL и 4G Интернет, а не само едното или само другото, затоа се вика хибриден Интернет.

Инаку ова не е замена за оптичкиот Интернет, исто како што и VDSL Интернетот не е замена за оптичкиот Интернет, туку е привремена алтернатива бидејќи во моментов покриеноста на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком изнесува 30%.
 
Последно уредено:

Значи ДО 100 Mbps тоа е максимална. Но имаме ли инфо која е просечната? Тоа у центар на Скопје. Види колкава е брзината по подалечните места. Проблемот е што брзината не е константна, во некој момент може да биде 10-20 Mbps, а во друг момент и до 50 Mbps. Исто така имаш и поголема латенција, односно пинг. Повеќе би сакал постабилен нет со помал пинг па макар и 15-20 Mbps , отколку интернет со брзина која варира. Ова беше очекувано Телеком да го направи бидејќи добија конкуренција во тоа поле од Неотел и Vip Combo Box.
 
Мапата убаво ти објаснува колкава е покриеноста, а латенцијата, односно доцнењето на сигналот зависи претежно од оптовареноста на мрежата - барем во случајот со Македонски Телеком можам тоа да го потврдам, за разлика од Вип и поранешен Оне, кои беа, односно се препознатливи по нивното штедење на опрема.

Со VDSL Интернетот исто така имаш стабилен сигнал, а исто како и хибридниот Интернет, така и VDSL Интернетот е привремена алтернатива за оптичкиот Интернет.
 
Moive mi kažaa deka pročitale na internet deka tie što imaat fiksen telefon( jas mislam deka site imaat.....) ke dobijat pogolema brzina.
Večerva merev...i navistina. Prv pat kaj mene brzinata odi nad 7.5-7.8(dosega).....i prosek sega dostignuva okolu 10( i malku nad 10), što e okolu 25% pogolema brzina nego dosega.
Ne e bog znae što...no sega nekako se tera
 
Мене ми се чини дека со вакво темпо на поставување на оптика од страна Телеком (или фирми со кој тој соработува ) дека останатите 70 % од Македонија кои немаат оптичка мрежа не треба да се надеваат на скоро поставување туку од најмалку за околу 10 години значи некаде до 2028 година да биде покриен и останатиот дел од државата.Мислам дека Телеком немаше да вложува во овој хибриден интернет или ВДСЛ ако имаше можност да завршат со поставувањето на оптиката во останатиот дел на државата во наредните две до три години,така да не мислам дека ова е привремено решение туку едноставо само пролингирање на поставување на оптичката мрежа во останатиот дел на државата за најмалку 10+години.
 
Тотално неразбирливо. Или едно (4G) или друго (ADSL/VDSL) ќе користиш. Валда онаму кај што нема 4Г сигнал ќе идат АДСЛ, поинаку не гледам што корист од ова. Се ова колку да не трошат пари за проширување на оптичката мрежа во Македонија ете тоа е. 4G не треба да биде замена за фиксен интернет. Ама тоа е тоа, кога не им се даваат пари.

Хибридот е со сим картичка поради 4г( може да се носи било каде рутерот кај што има мрежа 4г ), дсл добива за воип .Нема да е замена за оптика бидете сигурни, тоа е алтернативно решение за оние корисници што имаат проблем со слаби линии.Се работи на траси за оптика, денес арачиново е на ред(иако е празник се работи).Ке бидете изненадени за каков временски период ке има оптика секаде. Веке и сопиште се припрема .....
 
Извини @Име И Презиме еве велиш дека почнала да се копа во Арачиново тоа е северниот дел на Р.Македонија,еве јас сум од тиквешијата поточно од Неготино што мислиш за колку време би почнало да се работи на поставување на оптика (знам дека постојат многу процедури,копање на улици, провлекувањето на каблите итн можеби потребно е повеќе време за тие работи) но искрено со ваквото темпо на работа не ми се верува тоа да се направи во наредните 5-10 години(кога можеби и целиот северен дел на државава не е целосно покриен со оптика,поточно со оптика се покриени поголемите градови и тоа не целесно по неколку улици).А покриеноста од цели 30 % на земјава тоа стои уште пред 2-3 години кога почнаа да ја поставуваат опремата а во меѓувреме немаат направено ништо.Тоа е мое мислење не знам може и да не е така ама ако некој познава некој тие луѓе што работат на терен кои ја поставуваат опремата може да ги прашате за тоа каква е нивната проценка за колку време ќе се постави оптиката низ цела Македонија а јас мислам да не се очекува во најскоро време ништо посебно(во наредните 10+ години).
 
Е па слободно смени го твоето лично мислење бидејќи Македонски Телеком планира до крајот на 2020 година да ја покрие цела Македонија со својата оптичка телекомуникациска мрежа, само не знам од каде ти е бројката 30% покриеност од пред 2 до 3 години, кога секоја година пуштаат оптички кабли низ Македонија.

Скопскиот регион - кој е поделен на повеќе реони, е премногу урбанизиран, а со тоа и проширувањето на оптичката телекомуникациска мрежа е потешко, додека за помал реон како Неготино би требало полесно да биде пуштањето на оптичките кабли.

Пред се`, треба од станбената зграда или од улицата да соберете потписи за проширување на оптичката телекомуникациска мрежа, за да знаат од Македонски Телеком каде имаат поголем потенцијал за нови корисници на оптичката телекомуникациска мрежа, а со тоа и да знаат на кого да му дадат приоритет.

Понатаму, откако ќе ги доставите потписите, барем еднаш месечно треба да појдете во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Неготино, кое би требало - како што е вообичаено праксата - да биде сместено во истата главна административна зграда на Македонски Пошти во градот. Во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во конкретниот реон, треба да прашате до каде е работата - дали е поднесено барање за копање, дали има дозвола од општината, дали има конкретен датум кога би почнале да копаат и така натаму.

Бидејќи не го знам тој реон и немам работено таму, можеби грешам, па бидејќи Неготино е мал реон, можеби спаѓа под реон Кавадарци, поради што можеби ќе треба да барате информации во административната зграда на Македонски Пошти во Кавадарци, односно во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Кавадарци. Но можно е да грешам, бидејќи сепак немам работено таму и не го знам реонот.

Лесно ќе откриеш дали во таа зграда е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком за тој конкретен реон - ако е отворено и ако влегуваат и излегуваат возила на Македонски Телеком, тогаш таму е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком и таму треба да ја бараш потребната информација.

Во салонот нема што да бараш, таму се задолжени исклучиво за наплаќање сметки, продавање на телефони и опрема, како и за потпишување на нови договори или обновување на постоечки договори, воопшто не се задолжени за технички прашања.

Понатаму, дури и откако ќе ги раскопаат улиците и ќе ги пуштат цевките, цревата и оптичките кабли низ нив и откако ќе ги вратат улиците во првобитна состојба, ако живееш во станбена зграда ќе мораш да чекаш додека да направат внатрешна оптичка инсталација низ ходниците, а ако живееш во куќа, ќе треба да видиш каде однадвор ја поставиле тубата низ која ќе поминува оптичкиот кабел за твојата куќа - вообичаено е портокалова боја, за да одлучиш однапред од каде точно сакаш да бушат кај тебе за да го внесат кабелот од надвор. Ако имаш тротоар околу куќата, знај дека и низ него ќе мораат да дупчат бидејќи кабелот мора да поминува подземно.

Се на се`, Македонски Телеком ќе пушти оптички кабли и во Неготино, но насекаде приоритет им се густо населените места со поголема концентрација на корисници.

Јас живеам во зграда висока повеќе од 10 ката, па сепак малкумина го користат оптичкиот Интернет од Македонски Телеком, а единствена причина зошто ја поврзаа зградата со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, беше бидејќи и онака оптичките кабли мораа да поминуваат покрај зградата за да се заокружи целиот реон. За волја на вистината, кај нас доаѓаа претставници од Македонски Телеком од врата на врата за да собираат потписи, потписите им ги дадовме, ја направија внатрешната оптичка инсталација, но кога се симнувам по скали гледам дека сандачињата дремат или без корисници, или со многу малку приклучени корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Да знаеја дека ќе имаат ваков слаб интерес за оптички Интернет, сигурно воопшто не ќе ја правеа внатрешната оптичка инсталација, но бидејќи зградата е голема, а оптичките кабли мораат да поминуваат покрај зградата за да се заокружи реонот, а и во иднина може некој да се исели, па да има нови станари кои би биле нови корисници на оптичкиот Интернет, сепак ја направија внатрешната оптичка инсталација.
 
Зборувам за она што знам и гледам дека е така .Кажав имам инф за скопје, но сигурен сум дека се работи низ цела Македонија.Телеком има некој договор со АЕК потпишано до кога ке се имплементира оптиката, не сум сигурен но 2020 е рокот мислам.За поставување на оптика не се копа секаде туку може да оди и воздушно (по бандери) , затоа оди и побрзо некаде.Како и сите досегашни проекти и новини од телеком гледаат да ги завршат во скопје првин, но тоа не значи дека не се работи во другите региони.[DOUBLEPOST=1507732743][/DOUBLEPOST]
Е па слободно смени го твоето лично мислење бидејќи Македонски Телеком планира до крајот на 2020 година да ја покрие цела Македонија со својата оптичка телекомуникациска мрежа, само не знам од каде ти е бројката 30% покриеност од пред 2 до 3 години, кога секоја година пуштаат оптички кабли низ Македонија.

Скопскиот регион - кој е поделен на повеќе реони, е премногу урбанизиран, а со тоа и проширувањето на оптичката телекомуникациска мрежа е потешко, додека за помал реон како Неготино би требало полесно да биде пуштањето на оптичките кабли.

Пред се`, треба од станбената зграда или од улицата да соберете потписи за проширување на оптичката телекомуникациска мрежа, за да знаат од Македонски Телеком каде имаат поголем потенцијал за нови корисници на оптичката телекомуникациска мрежа, а со тоа и да знаат на кого да му дадат приоритет.

Понатаму, откако ќе ги доставите потписите, барем еднаш месечно треба да појдете во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Неготино, кое би требало - како што е вообичаено праксата - да биде сместено во истата главна административна зграда на Македонски Пошти во градот. Во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во конкретниот реон, треба да прашате до каде е работата - дали е поднесено барање за копање, дали има дозвола од општината, дали има конкретен датум кога би почнале да копаат и така натаму.

Бидејќи не го знам тој реон и немам работено таму, можеби грешам, па бидејќи Неготино е мал реон, можеби спаѓа под реон Кавадарци, поради што можеби ќе треба да барате информации во административната зграда на Македонски Пошти во Кавадарци, односно во одделението за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во реон Кавадарци. Но можно е да грешам, бидејќи сепак немам работено таму и не го знам реонот.

Лесно ќе откриеш дали во таа зграда е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком за тој конкретен реон - ако е отворено и ако влегуваат и излегуваат возила на Македонски Телеком, тогаш таму е сместено реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком и таму треба да ја бараш потребната информација.

Во салонот нема што да бараш, таму се задолжени исклучиво за наплаќање сметки, продавање на телефони и опрема, како и за потпишување на нови договори или обновување на постоечки договори, воопшто не се задолжени за технички прашања.

Понатаму, дури и откако ќе ги раскопаат улиците и ќе ги пуштат цевките, цревата и оптичките кабли низ нив и откако ќе ги вратат улиците во првобитна состојба, ако живееш во станбена зграда ќе мораш да чекаш додека да направат внатрешна оптичка инсталација низ ходниците, а ако живееш во куќа, ќе треба да видиш каде однадвор ја поставиле тубата низ која ќе поминува оптичкиот кабел за твојата куќа - вообичаено е портокалова боја, за да одлучиш однапред од каде точно сакаш да бушат кај тебе за да го внесат кабелот од надвор. Ако имаш тротоар околу куќата, знај дека и низ него ќе мораат да дупчат бидејќи кабелот мора да поминува подземно.

Се на се`, Македонски Телеком ќе пушти оптички кабли и во Неготино, но насекаде приоритет им се густо населените места со поголема концентрација на корисници.

Јас живеам во зграда висока повеќе од 10 ката, па сепак малкумина го користат оптичкиот Интернет од Македонски Телеком, а единствена причина зошто ја поврзаа зградата со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, беше бидејќи и онака оптичките кабли мораа да поминуваат покрај зградата за да се заокружи целиот реон. За волја на вистината, кај нас доаѓаа претставници од Македонски Телеком од врата на врата за да собираат потписи, потписите им ги дадовме, ја направија внатрешната оптичка инсталација, но кога се симнувам по скали гледам дека сандачињата дремат или без корисници, или со многу малку приклучени корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Да знаеја дека ќе имаат ваков слаб интерес за оптички Интернет, сигурно воопшто не ќе ја правеа внатрешната оптичка инсталација, но бидејќи зградата е голема, а оптичките кабли мораат да поминуваат покрај зградата за да се заокружи реонот, а и во иднина може некој да се исели, па да има нови станари кои би биле нови корисници на оптичкиот Интернет, сепак ја направија внатрешната оптичка инсталација.

Оптиката оди во црева и неможе да се види колку корисници има физички без да се отвори сандачето и касетата, па да се види колку влакна има слободни.Во едно сандаче најчесто 12 корисника е мах. Сеуште е рано и луѓево не знаат што значи оптика, без зафрканции со слаба линија, итн .
 
Последно уредено од модератор:
Оптиката оди во црева и неможе да се види колку корисници има физички без да се отвори сандачето и касатата, па да се види колку влакна има слободни.Во едно сандаче најчесто 12 корисника е мах. Сеуште е рано и луѓево не знаат што значи оптика, без зафрканции со слаба линија, итн .

Точно, но мојата зграда е стара повеќе од 40 години, поради што нема потреба од отворање на сандачињата за да се види дека малку кабли излегуваат од нив, на мојот кат има само 1 (ЕДЕН) корисник - не сум јас :D , а на секој кат ги има 5 стана, на некои катови воопшто нема корисници, а мислам дека нема ниту еден кат каде што сите станови се поврзани со оптичката телекомуникациска мрежа.

За ваква голема зграда - над 50 станови, интересот е многу мал, но убаво рече и ти самиот, добар дел од нив не знаат што е оптички Интернет, а и добар дел се пензионери, освен фиксен телефон, не им треба ништо друго.
 
ОК @Dexter26 фала за одговорот.Поентата ми беше зошто Телеком да вложуваат пари за овој хибриден интернет или ВДСЛ кога планираат да пуштат оптички интернет за две-три години едноставно ми немаше никаква врскаЈас сум корисник на телеком повеќе од 10 години и сум горе-доле задоволен само да ја зголемат брзината.Живеам во куќа која е далеку од центарот на градот сега јас и да соберам потписи (што не ми се верува нне да не го сакаат оптичкиот интернет но никој нема да се нафати од финансиски аспект ) за копање ,поставување на кабли итн треба да се плати за работници.за кабел и др работи некаде над илјада евра а сам да ги издвојам пари неможам така да останува кога ќе поставуваат кабли во Неготино тогаш да се приклучам .Само не знам дали и тогаш треба да се собираат потписи или пак ќе имаат дозвола од општината за копање, спроведување кабли итн така да после треба само да ископаат до куќата ама ќе видиме како ќе биде поради тоа што не знам како одат тие работи.
 
VDSL Интернетот не е премногу скапа инвестиција во споредба со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Менувањето на постоечката ADSL опрема со нова VDSL опрема е буквално исто како да купуваш нов мобилен телефон или нов телевизор или нов компјутер - само потсети се колку мобилни телефони, компјутери, лаптопи, телевизори или таблет компјутери имаш купено изминативе 10 години. И да, со VDSL Интернетот ќе добиеш поголема Интернет брзина преку истиот бакарен телефонски кабел преку кој сега користиш ADSL Интернет, единствено ќе треба да ти дадат на користење од новите Speedport Entry 2 рутери, освен ако веќе ти дале таков рутер на користење.

71m1vecZReL._SL1500_.jpg

Од друга страна, проширувањето на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е буквално исто како да градиш нова куќа од темел - потсети се и за ова колку нови куќи имаш градено од темел изминативе 10 години, ако одговорот е 0 (НУЛА), тогаш јасно ти е` дека оптичката телекомуникациска мрежа е вистински новитет, додека VDSL Интернетот повеќе е надградба отколку вистински новитет - иако нуди значително побрз и постабилен Интернет во споредба со постоечкиот ADSL Интернет.

Кога сме кај пуштањето на оптичките кабли, ниту од тебе, ниту од соседите, ниту од општината се очекува да платат било што, бидејќи сите трошоци паѓаат на Македонски Телеком, поточно на Ериксон - кој е ангажиран од страна на Македонски Телеком за да ја проширува и одржува неговата оптичка телекомуникациска мрежа, а работата на терен ја изведуваат локални фирми кои се ангажирани од страна на Ериксон за да го раскопаат теренот, да ги пуштат цевките, цревата и каблите, да ги вратат улиците во првобитна состојба, и да ги направат внатрешните оптички инсталации во зградите и кај крајните корисници.

На тебе и твоите соседи единствено ви останува да ги соберете потребните потписи и да ги доставите до салонот на Македонски Телеком, и само за ова ќе треба да одите до салонот, а за сите прашања од техничка природа ќе треба да одите во реонското одделение за технички услуги за корисници на Македонски Телеком во конкретниот реон.

Не е проблем тоа што живееш далеку од центарот на градот, бидејќи веќе си корисник на Македонски Телеком, доколку местото во кое живееш е слабо населено, најверојатно оптичкиот кабел ќе го пуштаат преку истите бандери низ кои поминува и сегашниот бакарен телефонски кабел преку кој си приклучен. Во спротивно, доколку местото е урбанизирано - да има улично осветлување, тротоари, клупи и општо кажано урбана опрема, тогаш најверојатно ќе ја раскопуваат улицата и ќе пуштаат подземен кабел, или ако има тротоар, можеби ќе го раскопуваат тротоарот, што е уште полесно во споредба со раскопување на улицата. Во мојата населба работата на мајсторите им помина како песна, бидејќи цевките, цревата и оптичките кабли ги пуштаа под тротоарот, а тротоарот не е бетонски, туку е покриен со бекатонски цигли, поради што претежно мораа да копаат, наместо да дупчат и да користат тешка механизација, за 2 недели ги пуштија цевките, цревата и оптичките кабли, а тротоарот изгледаше како нов откако завршија со работата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom