Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Sega imam kapače na 8 mb/s....a porano koga nemav..seckaše televizijata. Nemam problemi so internetot...edinstveno što pagja brzinata koga e vklučen nekoj HD kanal.
Testiraa nekolku pati od Telekom...sega e podeseno na kompromis.
No druga rabota e ako možat da ja dignat brzinata na 15-20 mb/s....i normalno plus da si funkcioniraat resiverite
Mnogu blisku sum do telekomot...no vo mojata ulica ima mnogu malku pretplatnici na Telekom...i teško da dojdi optika vo skoro vreme

Тоа значи дека треба да се преработи бакарниот приклучок. Ако си навистина блиску до локалната централа на Македонски Телеком, тогаш значи каблите не се премногу долги, а со тоа и загубата на сигналот е многу мала, а во таков случај сигурно треба да се преработи приклучокот.

Ако живееш во куќа, а кабелот доаѓа од бандера, тогаш сигурно на бандерата приклучокот кородирал од дожд, снег, влага, сув воздух - повеќе фактори, поради што треба да се преработи приклучокот на бандерата, или ако живееш во стан, тогаш сигурно треба да се преработи приклучокот кај тебе дома или на изводната табла на приземјето или во подрумот на зградата.

Ако ти го смениле рутерот, тоа не значи дека го смениле со поквалитетен рутер, особено ако ти ставиле од постарите ZTE рутери, воопшто не ти направиле услуга бидејќи тој модел многу слабо влече сигнал.

http://wwwen.zte.com.cn/pub/en/products/access/cpe/201111/t20111110_262342.html

W020111110359566263336.jpg


Од друга страна, ако ти ставиле од Speedport рутерите, тие одлично влечат сигнал дури и ако кабелот патува преку повеќе бандери.

https://www.dslweb.de/dsl-hardware-129-Speedport-W-503V.htm

speedport-w503v-750.jpg


Ако ти ставиле Speedport рутер или од тие новите рутери за кои објавив линкови и слики на претходната страница во пост #10797, тогаш дефинитивно проблемот не ти е во опремата, туку во кабелот и приклучокот ќе мора да се преработи - или некаде има слаб спој, или некаде приклучокот е кородиран или оштетен - дали на бандера или на изводна табла, не знам.

Исто така, можно е да е оштетен и приклучокот во централата, или да е приклучен на лоша порта - со тек на време и портите се оштетуваат и потребно е` и нивно преработување, но за тоа ептен треба да имаат желба и волја за да ја преработат портата во централата или да ти го префрлат приклучокот на друга порта - а и таа порта да не се погоди да биде неисправна, или уште бетер од сегашната порта.

Вака како што велиш со капаче на IPTV рисиверите за MaxTV, повеќе од јасно е дека проблемот е или во рутерот или во приклучокот. Ако е проблемот во рутерот, ќе се реши со негово менување, а ако е проблемот во приклучокот, може да е или кај тебе дома, или на бандерата/изводната табла, или во централата.
 
Не се познава на сликата што ја постирал Декстер од што стои човекот пред бројката, но ме интересира колкав им е процентот на оптичка покриеност? И многу битно нешто, дали оваа технологија, односоно инфраструктура ќе им биде достапна и на другите оператори, знам Вип (поранешен Оне) нудеа АДСЛ пристап по доста по поволни цени од Телеком, истотака Неотел, ТоталТв од скоро, па ете ме интересира дали е можно и тие да понудат пакети со ВДСЛ заради поголема конкуренција и пониски цени секако.
 
Последно уредено:
Не се познава на сликата што ја постирал Декстер од што стои човекот пред бројката, но ме интересира колкав им е процентот на оптичка покриеност?

Еве слична слика од друг агол, одговорот на твоето прашање е 30% покриеност.

Македонски Телеком воведува поголеми брзини на Интернетот и безбедна мрежа

22292519_10209612949270902_557673432_o-e1507204229992.jpg


Ама затоа па на оваа слика не може да се види хибридната покриеност поради тој швабата Андреас Елснер, судејќи според обликот на левата бројка од цифрата, би требало да биде или 30% покриеност, или 80% покриеност, или 90% покриеност.

Со оглед на фактот дека хибридниот Интернет е комбинација од постоечкиот ADSL или VDSL Интернет со 4G LTE Интернетот, земајќи ја во предвид мапата на 4G LTE покриеност објавена на официјалниот веб сајт на Македонски Телеком, би рекол дека хибридната покриеност е помеѓу 80% и 90%.

https://www.telekom.mk/mapa-na-pokrienost.nspx

Ho0NyCd.png


Хибридниот Интернет е комбинација од постоечкиот ADSL или VDSL Интернет, комбиниран со LTE, односно 4G LTE Интернетот. За хибридниот Интернет потребен е тој поновиот рутер за кој објавив линк и слика подолу во пост #10797 на претходната страница, а за кој спомнав дека го даваат на користење исклучиво на нови корисници.
 
Последно уредено:
Dali pocnale da davaat novi ruteri za koristenje na ADSL (20MB) ili VDSL (50MB)?
 
Dali pocnale da davaat novi ruteri za koristenje na ADSL (20MB) ili VDSL (50MB)?

Одговорот го имаш на претходната страница во пост #10797.

А за хибриден Интернет потребен е поновиот рутер од кој исто така имам објавено слика и линк на претходната страница во пост #10797, а за кој имам спомнато дека го даваат исклучиво на нови корисници.
 
Последно уредено:
Дали некој може да ми кажи колку треба да е брзината на интернетот од М пакетот (со фиксен и телевизија)?
Прашувам зошо пред да се продолжи договорот брзината варираше меѓу 900 и 1000 килобајти во секунда, а сега достигнува максимум до 500 килобајти/сек o_O
 
Дали некој може да ми кажи колку треба да е брзината на интернетот од М пакетот (со фиксен и телевизија)?
Прашувам зошо пред да се продолжи договорот брзината варираше меѓу 900 и 1000 килобајти во секунда, а сега достигнува максимум до 500 килобајти/сек o_O

Треба да е со брзина до 12 мегабита (1.2 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци.

https://www.telekom.mk/content/pdf/ИНТЕРНЕТТВ ПАКЕТИ дополнителни информации.pdf
 
Одговорот го имаш на претходната страница во пост #10797.

А за хибриден Интернет потребен е поновиот рутер од кој исто така имам објавено слика и линк на претходната страница во пост #10797, а за кој имам спомнато дека го даваат исклучиво на нови корисници.

Денес се видов со директорот на АЕК (близок роднина ми е...што да се прави...)и ми рече дека овој проект на Телеком ќе се имплементира на места не подалеку од 800 м од централата на Телеком(кај мене е 100 м воздушно...200 метри по бандери..)
треба да се менува опремата во централите, а каблите остануваат исти
 
Денес се видов со директорот на АЕК (близок роднина ми е...што да се прави...)и ми рече дека овој проект на Телеком ќе се имплементира на места не подалеку од 800 м од централата на Телеком(кај мене е 100 м воздушно...200 метри по бандери..)
треба да се менува опремата во централите, а каблите остануваат исти

Ако мислиш на хибридниот Интернет, јас баш обратно имам слушнато, имам слушнато дека хибридниот Интернет ќе биде наменет претежно за руралните подрачја, каде што корисниците се оддалечени на повеќе од 800 метри од локалните централи.

Можеби имам погрешна информација, но можам да ти потврдам дека од тие поновите рутери кои ги даваат исклучиво на нови корисници, има и кај корисници кои се оддалечени на повеќе од 800 метри од локалната централа.

А ако мислиш на VDSL Интернетот, слободно можам да ти потврдам дека кај сите нови корисници на Македонски Телеком, исто како и кај постоечките корисници кои пријавиле проблем со сигналот, Интернетот или телевизијата, им ги даваат на користење тие нови рутери - од тој првиот од кој имам објавено слика и линк во горниот дел од пост #10797.
 
Не хибриден интернет....туку само требало да се смени системот во централата и на истите бакарни кабли да се пуштаат многу поголеми брзини.
Ми рече дека денес има многу технологии за убрзување на интернетот преку бакар
 
Не хибриден интернет....туку само требало да се смени системот во централата и на истите бакарни кабли да се пуштаат многу поголеми брзини.
Ми рече дека денес има многу технологии за убрзување на интернетот преку бакар

Точно, и токму тоа ми беше поентата со новото возило на стариот автопат = нова опрема поврзана со стари кабли.

За кабелскиот Интернет едно време не веруваа дека ќе достигне брзини над 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, а денес достигнува брзини и до 100 мегабита (10 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, а веќе има надминато и 250 мегабита (25 мегабајти) во секунда, во некои држави достигнува и до 400 мегабита (40 мегабајти) во секунда, и прашање на време е кога кабелскиот Интернет ќе соборува нови рекорди, бидејќи додека пасивната опрема - коаксијалниот кабел - не се прегрева и издржува толкава оптеретеност, опремата на двата краеви од кабелот слободно може да се менува и да нуди уште поквалитетни услуги.

Истото важи и кај DSL Интернетот, сегашниот VDSL Интернет кој Македонски Телеком почнува да го воведува со брзини до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, е според технички спецификации воведени уште во 2001 година, а техничките спецификации за VDSL2-Vplus - воведени во 2015 година, овозможуваат Интернет брзини до 300 мегабита (30 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци. Се додека пасивната опрема - каблите - не се прегреваат и издржуваат толкава оптеретеност, можностите се речиси неограничени, само треба да се инвестира во нова опрема на двата краја од каблите - во централата, и кај корисникот.
 
Рече дека ќе се воведува оваа технологија во секој град до места до 800 метри од централата
 
Рече дека ќе се воведува оваа технологија во секој град до места до 800 метри од централата

Не го негирам тоа што тој го рекол, но знам дека тој новиот рутер - првиот рутер во горниот дел од пост #10797, го даваат на користење како кај нови корисници, така и кај постоечки корисници кои пријавиле било каков проблем со услугите кои ги користат преку фиксна телефонија од Македонски Телеком.

Можеби засега не им се приоритет корисниците кои живеат оддалечени на повеќе од 800 метри од локалната централа, но самиот факт дека и на тие корисници им ги даваат тие нови рутери на користење, говори дека и тие корисници веќе се подготвени за да користат VDSL Интернет, што ја остава отворена вратата за во иднина VDSL Интернетот да биде достапен и за корисниците кои живеат оддалечени и на повеќе од 800 метри од централата.
 
Здраво @Dexter26 те читам на темава и доста се разбираш од проблематикава, па сакам да те прашам нешто, кога ќе кажеш 800 метри, мислиш на таа должина по бакарна линија или воздушно? Друго, што во урбани средини кај што има поголемо растојание од централа, пример 1200-1500 метри и повеќе, ќе го даваат тој ZTE рутерот или тешко? Исто и да е поблиску до централа од 800 метри што ако е оштетен кабелот неколку кратно (немаме подземен катастар, па често од иста страна се кабли и цевки од водовод/канализација, па при некој дефект обавезно страдаат телефонски кабли). Баш би сакал да прочитам тцое мислење за ова.
 
Мене не ми е проблем да земам каков сакам рутер....и овој што го имам ми го заменија така..другарски, пошто првиот од време на време сецкаше што најмногу се чуствуваше слушајќи онлине радио. Откако ми го сменија рутерот..све е ОК.
Ми ја мереа линија..покажувала око 20 мб/с, од кои 8 на интернет, а другите на двата телевизори
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom