Телекабел се одлични. За тие што не сте приклучени и се мислите, јавете си се одма. Да не звучам како вработен во Телекабел, али од досегашното искуство, најзадоволен сум.
Нема договор. Нема обврзување. Интернетот не е летачка машина, али е сосема океј и врши работа сосема солидно. Што е најважно, стабилен е премногу. Телевизијата е супер, сеа немало незнам кој канал, божем ние седиме по цел ден на ТВ. За 1000 ден. месечно, па што сакате? Секој со своето, мене ми е најважно што го изгледав СП во HD и ги имам сите спортски канали, освен арена.
Телефон, интернет и телевизија за тие пари, без договор е најдоброто што може во Македонија да ти се понуди. Најважното.. подршката. Секогаш се љубезни на телефон и до сега, за овие година-две секогаш кога имало проблем некој, екипа доаѓала уште утре дента и средувала се што е потребно. Без лажење, „ќе биде, ќе доеме.“
Тоа би било тоа.