еве и тука да ставам
Почитувани,
Ве известуваме дека од 01.01.2014 година, Телекабел во дигиталната платформа воведува два нови пакети.
Име на пакет
Канали содржани во пакетот
Месечен надоместок
Пакет HBO
HBO
HBO Comedy
200 ден.
Пакет Плус
Се уште не е конечна содржината на овој пакет
100 ден.
Следењето на каналите од овие два пакети, како и за сите други дигитални канали на Телекабел оди преку дигитален DVB-C ресивер кој може да биде екстерен или вграден во ТВ приемникот, при што во овој случај потребно е ресиверот да се стави smart картичка која може да ја добиете на користење од нашите наплатни центри без било каков надоместок.
Корисниците кои поседуваат ТВ со вграден DVB-C ресивер и не сакаат да користат надворешен ресивер потребно е да поседуват CA модул со Conax коден систем, кој може да се купи во наплатните центри на Телекабел за цена од 1500 денари еднократно. Корисниците кои поседуваат дигитален ресивер купен од Телекабел нема да имаат потреба да го купуваат CA модулот со напомена дека надворешните ресивери немаат можност за следење на каналите со висока резолуција.
За следење на еден од пакетите за секој ресивер или телевизиски приемник потребно е корисникот да поседува дополнителна smart картичка или дополнителен CA модул со smart картичка.
Активацијата на пакетите се врши во наплатните центри на Телекабел со поднесување на соодветно барање.
Во промотивниот период, доколку корисникот се претплати на HBO пакетот со него го добива пакетот „Пакет Плус“ бесплатно.
Цареви се, од утре почнува да се наплаќа, а не знаат кои канали ќе ги има